ДЕН НА ЖАЛОСТ - БОГ ДА ГИ ПРОСТИ

share

 ДЕН НА ЖАЛОСТ - БОГ ДА ГИ ПРОСТИ 

 
Почитувани, денеска е ден на жалост во Република Македонија по повод смртта на четирите пилоти кои трагично загинаа. Од почит кон нив и нивните семејства и народот на Македонија кому тие му служеа, емисијата денес ќе биде реализирана на поинаков начин. Нема да има јавувања, а содржините во неа ќе соодвествуваат со денот на тагата  која денес коелктивна ја споделуваме. Поради тоа во емисијата ќе се емитува музика, но за разлика од другите медиуми кои без многу сенс ќе пуштаат било што, јас со сета серизоност се потрудив да одберам три дела кои на најдобар начин ќе соодвествуваат со денот но се длабоко продуховени и со врвна уметничка естетика.
 
Ќе се емитуваат следниве дела 
 
 - Бетовоенова 5 симфонија во изведба на Виенскиот филхармониски оркестар и во хд резолуција
 
- Pink Floyd - Echoes, илустрирана со сцени од Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик хд
 
- Моцарт - Реквием - изведена во црква во местото Arsys Bourgogne и е една од најдобрите изведби на ова дело воопшто
 
Ова не е само напразно пополнување телевизиско време, ова е врвна уметност од општа култура која секој цивилизиран човек мора барем еднаш во животот да ја доживее.
Слоевитоста на овие три дела пред се има духовна тежна, и говорат за надежта, очајот, религијата и спасението. 
 


КОМЕНТАРИ

Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани