НОВ ЛУНА ПАРК ВО СКОПЈЕ! Конечно!

share

 За 6.5 милиони евра Скопје ќе добие нов забавен парк

После преку 40 години распаѓање, градот ќе гради нов Луна Парк.

Време беше!

Стариот и дотраен „Луна парк“ заминува во историјата. По цели 44 години, главниот град ќе добие нов модерен забавен парк. Тој ќе се изгради на површина од 25 илјади метри квадратни на постојната локација во Градскиот парк, но нема да навлезе дополнит

 

 Стариот и дотраен „Луна парк“ заминува во историјата. По цели 44 години, главниот град ќе добие нов модерен забавен парк. Тој ќе се изгради на површина од 25 илјади метри квадратни на постојната локација во Градскиот парк, но нема да навлезе дополнително во зеленилото на неговата територија. Изградбата на новиот забавен парк ќе се одвива во повеќе фази и ќе трае неколку години. Во првата фаза ќе се гради инфраструктурата која ќе чини 1.6 милиони евра. Во склоп на паркот ќе има и административен објект, театар, ресторани и други угостителски објекти. Во рок од 6 месеци треба да се постават 7 реквизити: 1 адреналински, 2 полуадреналински, еден воз на шини и 3 детски реквизити, кои ќе чинат 2.1 милион евра. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и слични забавно - рекреативни содржини.

 
Предвидено  е целиот проект за изградба на забавниот парк да чини вкупно 6 и пол милиони евра. Парите конечно се обезбедени од буџетот на Град Скопје, по неколкуте неуспешни обиди за склучување на јавно - приватно партнерство. Инаку Луна паркот не е воопшто обновен или снабден со реквизити од неговата изградба во 1973 година. Додека траат градежните работи, Луна Паркот нема да работи, а градоначалникот на Скопје рече дека дискотеките лоцирани во Градскиот парк ќе работат уште оваа летна сезона, а потоа ќе мораат да преместат на нова локација.

 

 



КОМЕНТАРИ

Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани