Докторите ЗА и ПРОТИВ незадолжителната вакцинација во Хрватска
  Објавено на
share


Интернет списанието Камелеон објавува избор од изјави на хрватски доктори (од кои некои биле, или се и политичари),  и научници кои со својата работа се тесно поврзани со областа на вакцинирањето, а кои ги имаат дадено за вакцинирањето, и особено за (не)задолжителноста за вакцинирање во Хрватска, во одредени средства за јавно информирање.  Низ овој скромен избор настојувавме да претставиме само некои размислувања на здравствените работници од различни струки – педијатар, семеен доктор, хирург, епидемиолог, имунолог, хомеопат ...  Изборот се потрудивме и да го подредиме по временски редослед како што се давани изјавите, со што се сведочи дека и пред минатогодишната голема побуна на родителите против вакцинирањето имало здравствени работници кои јавно упатувале на сомневања во врска со таа медицинска постапка и на потребата вакцинирањето во Хрватска да стане препорачано, односно да се укине задолжителната вакцинација на децата. 

* Им препорачуваме на читателите целосно да ги прочитаат статиите од кои се превземени овие извадоци, како и да пронајдат други статии на интернет во кои личностите споменати тука исто така зборуваат за прашања поврзани со здравствените, правните и други насоки на вакцинацијата.  Секогаш, имено, треба да се настојува да се согледа целината, па така не можеме и не смееме да донесуваме заклучоци за нечиј однос спрема вакцинацијата само на основа на одредена изјава(и), туку единствено со целосен увид во размислувањата и ставовите на одредени луѓе.  Тоа е потребно да се направи и заради тоа што не се сите објавени наводи верно пренесување на нечии зборови (мислења).  Значи, оваа статија нека Ви биде поттик и насока за понатамошни истражувања. 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/metka_regan_youtube.com_400.jpg

Метка Реган , Др. мед.,  педијатар специјалист од Загреб , во статијата "Кога ги видов сите последици, заклучив дека ризикот е помал ако децата воопшто не се вакцинираат" ("Kad sam vidjela sve posljedice, zaključila sam da je rizik manji ako se djecu uopće ne cijepi") објавен на 4. март 2010. година во Јутарњи лист:

"Таму каде што семејството е одговорно и поддржува, каде што постои емоционална топлина, целокупниот имунитет на детето е поинаков.  Можете да имате совршена вакцинираност, а лош имунитет на детето.  Здравјето е комплексна работа...

 

 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/marijan_montani_jutarnji.hr_400.jpg

Маријан Монтани, Др. мед. и хомеопат со диплома од London College of Classical Homeopathy International, во статијата "Кога ги видов сите последици, заклучив дека ризикот е помал ако децата воопшто не се вакцинираат" објавен на 4 март 2010 година во Јутарњи лист:

"Во многу држави вакцинирањето не е задолжително. Добро би било нашиот стар закон да се ревидира.  Промени на здравјето може да бидат видливи непосредно по вакцинирањето, а понекогаш можат со години да се кумулираат и да доведат до болести.  

 

 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/verica_jacmenica_jazbec_medjimurje.hr_300.jpg

Верица Јачменица Јазбец, Др. мед., педијатар специјалист од Чаковец, во пензија, во статијата Голема сипаница ("Vodene kozice") објавена на порталот roditelji.hr:

"Ниедна вакцина 100% не го штити детето и има одредени нуспојави.  На фармацевтската индустрија o7; е во интерес да продаде што е можно  повеќе дози на вакцини.  Докторот кој стои помеѓу агресивниот фармацевтски маркетинг и стравот од болест на родителите, мора да биде одговорна и мудра личност. Пред да се одлучи за вакцинација против голема сипаница тој детално, зедно со родителите, ќе ги измери корисноста или штетата што можат да настанат.

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/darko_richter_hkv.hr_300.jpg

Прим. Дарко Рихтер, Др. мед., Клиника за педијатрија при Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, во статијата Вистини и заблуди за вакцинирањето("Istine i zablude o cijepljenju"), објавена кон крајот на 2011 година, во делот Задолжителна вакцинација меѓу другото истакнува:

"Антивакциналистите ги мачи фактот дека вакцинацијата во Хрватска е задолжителна, а во Швајцарија, на пример, не е. Но, во сите земји во светот, тоа е или задолжително или незадолжително. Tertium non datur  (трето нема). Никаде не е прогласено за опасно или сомнително, а уште помалку за забрането. Секаде вакцинирањето се советува, подесува или пропишува според локалната епидемиолошка ситуација. Но, всушност дрско е на докторите да им се поставува прашање за задолжителноста на вакцините. Тие, како струка, секогаш ќе се залагаат за вакцинирање, а дали таа интервенција ќе се имплементира како задолжителна, и во кој опсег, тоа зависи единствено од законодавецот. Според тоа, би требало да се прашаат политичарите, а најмногу т.н. стручни служби кои правно ги формулираат барањата на политичарите, зошто Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на правата на пациентите се напишани со толку накрсни противречности во прашањата за избор и обрвски за давање и примање на здравствени услуги. Тоа не е прашање за доктор или било кој обичен граѓанин. Негово е да го спроведува законот, и доколку смета дека е потребно, да поднесе уставна тужба. Јас тоа би им го препорачал на антивакционистите.

Затоа што јас не знам што е превенција, ако тоа во прв ред не е вакцинирањето. Меѓутоа, во споменатата книга (од Др. Дражен Горјански  "Обнова на здравството" во издание на  Заклада Слагалица) се зборува во прилог за враќање на здравствениот состав како во времето на Андрија Штампар ... Значи, ... Андрија Штампар ... со антивакциналистите не би потрошил ни секунда. Едноставно би ги игнорирал, затоа што тој самиот ги вовел првите вакцинирања  без да има дилема дали треба да бидат задолжителни или не...”.

 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/zeljko_poljak_zsu-kc.hr_300-2.jpg

Прим. Проф. Др. сц. Жељко Пољак, алерголог и клинички имунолог од Загреб, во пензија, во "Liječničke novine", број 105 од декември 2011 година, во статијата Вакцинирање? Да, но ...("Cijepljenje? Da, ali...")  помеѓу другото истакнува:

"Предлагам, како заклучок, укинување на задолжителната вакцинација по примерот на демократските земји, со истовремена здравствена едукација и точно информирање за можните последици од вакцинирањето. Верувате ли дека тоа би го покренале или барем поддржале оние кои професионално се занимаваат со вакцинирање и производство на вакцини? Јас не верувам.”. 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/lidija_gajski_atma.hr_400-2.jpg

Лидија Гајски, Др. мед., интернистка во  Домот за здравје Центар во Загреб и автор на книгата Лекови или приказна за измамата ("Lijekovi ili priča o obmani"), во статијата  Неоправдано и неодговорно труење на децата ("Neopravdano i neodgovorno trovanje djece") објавено на порталот  Atma.hr,на 12 октомври 2012 година:

"Што се однесува до законската обврска за вакцинација во Хрватска, би требало добро да се разгледа и по можност да се укине, како што е тоа случај во повеќе други држави (скандинавските земји, Германија, Австрија, Швајцарија...) каде што вакцинирањето се препорачува, но не е задолжително. Додека не се ревидира и редуцира календарот за вакцинација, низ стручна и јавна расправа , одлуката за вакцинирање би требало да му се препушти на слободен избор на родителите. Затоа што тука не се работи за јасна и недвојбена добробит за населението и високиот јавноздравствен интерес, туку за предмет, т.е. постапка преполна со нејаснотии и контроверзи, во која научните наоди се преслаби за да би имале приоритет над одлуката на пациентите, односно родителите.

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/lucija_tomljenovic_biologija.com.hr_300.jpg

Др. сц. Луција Томљенович, биохемичарка на  Медицинскиот факултет при Универзитетот Британска Колумбија во Ванкувер, Канада, во статијата Тврдењата за ефикасноста на вакцините се многу претерани!("Tvrdnje o učinkovitosti cjepiva vrlo su pretjerane!") објавена на 5 април 2013 година на порталот Biologija.com.hr:

"Немам деца. Но да ги имам, не би ги вакцинирала. Вакцините се непотребни затоа што повеќето инфективни болести се искоренети по пат на подобра санитација и прехрана многу пред да се воведат вакцините во широка употреба. Од друга страна, прекумерното вакцинирање е една од главните причини што автоимунолошките болести и невролошките пореметувања се во алармантен пораст. Огромна литература сведочи за тоа, но за жал мал број на луѓе наоѓаат време за да ја проучат. Најголемата одбрана од болести се наоѓа во здравата храна, хигиената и спиење 7-8 саати дневно, но од таквиот пристап фармацевтската индустрија не може да заработува. Навистина, меѓу денешните медицински постапки, вакцинирањето е едно од оние со најмалку солидна научна основа. 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/andrija_hebrang_ezadar.hr_400.jpg

Др. сц. Андрија Хебранг, Министер за здравство и социјална грижа на Р. Хрватска од  1993 до 1998 година, во изјавата објавена во статијата  Земјите од ЕУ ја забранија вакцината против грип, а Владата за пари ја тестираше врз деца!” ("Zemlje EU zabranile cjepivo protiv gripe, a Vlada ga je za novac testirala na djeci!") на порталот digitalne-knjige.com:

"Денес има толку многу вакцини кои не се доволно испитании од кои не се знаат можните последици и потребно е да си многу внимателен.  Заработките од вакцините се енормни, заради што потенцијалната опасност од несакани штетни последици е уште поголема!

 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/bernard_kaic_magazin.net.hr_400.jpg

Др.сц. Бернард Каиќ, Др. мед., водител на Службата за епидемиологија на Хрватскиот завод за јавно здравство, во статијата “Ноа е роден здрав, а по вакцината престана да се смее, игра и зборува("Noa je rođen zdrav, a nakon cjepiva prestao se smijati, igrati i govoriti") објавен на 28 октомври 2013 во Glas Istre:

*ХЗЈЗ размислува за укинување на задолжителната вакцинација

Изгледа дека вроди со плод се погласната капмања на родителите кои бараат вакцинирањето во Хрватска да не биде задолжително, како што тоа не е во 15 земји членки на ЕУ. Во Хрватскиот завод за јавно здравство размислуваат за укинување на казнената одредба во случај на одбивање на вакцинирање, но сеуште ги разгледуваат корисноста и штетата од таквата промена во законодавството.  

Не веруваме дека со укинувањето на казнената одредба за одбивање на вакцинацијата би дошло до значаен пад во вакцинираноста на децата, затоа што и сега оној кој не сака да си го вакцинира детето тоа нема да го направи. Но, ако се укине казнената одредба или задолжителноста за вакцинирање, потребно е да се обезбеди родителите да добијат вистинити и научно докажани информации за корисноста и ризикот за секое вакцинирање поединечно, како би се спречила забуна кај луѓето по пат на дезинформации кои понекогаш доаѓаат од некомпетентни здравствени работници, истакнува Бернард Каиќ. Со тоа во ХЗЈЗ би сакале да се спречи таквата пракса со воведување на прилично драстични мерки казна за личностите кои изнесуваат непотврдени, демантирани и целосно неточни информации на таа тема.  

 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/rajko_ostojic_vijesti.hrt.hr_400.jpg

Министер за здравство на Р. Хрватска Рајко Остојиќ, на порталот dalmacijanews.com, 8. Јануари 2014 (инаку, во целата статија на вакцинирањето му е посветена само оваа една реченица) две седмици откако вети покренување на јавна расправа за преиспирување на задолжителноста на вакцинирањето во Р. Хрватска:

"Министерот ја отфрли можноста за законско овозможување на родителите сами да одлучуваат дали ќе го вакцинираат своето дете "Вакцините спасиле стотина илјади човечки животи и законот во тој поглед нема да се менува".

 

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/srecko_sladoljev_atma.hr_300.jpg

Др. сц. Сречко Сладолјев од Имунолошкиот завод во Загреб, во статијата Еве зошто Уставниот суд ќе биде одговорен за смрт и инвалидност на повеќе илјади деца!” ("Evo zašto će Ustavni sud biti odgovoran za smrt i invalidnost više tisuća djece!"), објавена на  3 април 2014 година на порталот Hrvatski dom, давајќи осврт на одлуката на Уставниот суд со која е потврдена задолжителноста на вакцинирањето на децата во Хрватска:

"Ги произведов на десетици (вакцини), конципирав шеми за вакцинација, ги прилагодував вакциналните дози, бирав вакцинални засилувачи, ги правев во научни, развојни и комерцијални цели (податоци во редакцијата). Не знам колку луѓе кај нас навистина се занимавале со вакцините (да се занимаваш со вакцини, не значи да ставаш некому инјекција во дебелото месо), но знам дека ги нема многу. Мене Уставниот суд не ме праша за мислење. Кого го праша? Баш ме интересира – но без иронија истакнува Сладолјев, па додава дека Уставниот суд со оваа одлука, најблаго речено, ја благослови контроверзната медицинска постапка за која со причина постои сомневање дека е одговорна за големиот пораст на аутизам и тешки автоимуни заболувања во новата ера на здравствениот пејсаж.

Според моето цврсто уверување, вакцините не се тие кои во најголем дел допринеле за повлекување на заразните болести туку заслугите за тоа повеќе може да се препишат на општата хигиена, санитација на водите, подобрата исхрана и – масовната употреба за фрижидери!  Вештачкото стекнување на имунитет е одлична работа, но масовната примена на вакцини со директен внес во телото преку игла - сигурно е лоша. Тоа е како да пуштате стадо нилски коњи на шопинг во стаклара – заклучува Др. Сречко Сладолјев.".

Description: http://udruga-kameleon.hr/IMG/jpg/niko_viskovic_dulist.hr_400.jpg

Нико Висковиќ, Др. мед., семеен доктор од Дубровник, во статијата Вакцинирање на децата – обврска или избор?” ("Cijepljenje djece - obaveza ili izbor?"), објавена во Dubrovački vjesnik 5 април 2014 (на порталот Dubrovački vjesnik, а  ден порано во "Cijepljenje djece - prisila ili izbor?" објавен е само воведниот дел од статијата):

"Мојата ќерка во детството само еднаш беше вакцинирана, а внуката и внукот воопшто не дозволив да се вакцинираат. Како доктор ни за момент не се двоумев дали правилно постапувам. Доволно е да се погледне составот на денешните вакцини во кои се става се и сешто, од жива и алуминиум, формалдехид и парчиња од здробена плацента. Ако нема нуспојави како што тврдат, зошто ни производителите ни државата не сакаат да превземат одговорност за можните штетни последици по детето?

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани