ПО РЕАКЦИЈАТА НА ВАШИНГТОН ЗА ПИСМОТО НА РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДО ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ Путин до Америка: Не е убаво да се читаат туѓи писма, навикнавме да прислушувате, но ова веќе е непристојно
  Објавено на
share

Објавено во Воис оф раша а преводот преземен од мкд.мк но со мој коментар дека мангава , калапов, веќе безобразно ги работи. Вакво терање политика досега е просто леџендари. Путин со доза на шарм и хумор ги плеска америве како мали деца. Право да ви кажам веќе незгодно ми паѓа за луѓево, греота ме фаќа. или што би рекле соседиве - "Поједеме туџи срам" и "Алал кита мајсторе!"

 „Не е убаво да се читаат туѓи писма“, рекол Путин, пренесува Воис оф Раша. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на состанокот рекол дека официјалниот портпарол на Стејт департментот во првата реакција на Вашингтон за писмото на Путин рекол дека Русија не треба да ги политизира своите договори за гасот со Украина и дека треба да се придржува до пазарните цени.

Путин тогаш рекол дека реакцијата е малку чудна.

„Чудна е само затоа што е непристојно да се читаат писмата упатени до други луѓе. Писмата беа напишани до европските потрошувачи на рускиот гас. Сите веќе се навикнаа на фактот дека нашите американски пријатели се впуштаат во прислушување, но ова ѕиркање е сосема непристојно“, рекол Путин.

Но, да зборуваме сериозно, додал тој, формулата на цените на гасот е утврдена со официјален договор што руски Газпром и Нафтогаз Украина го потпишаа уште во 2009 година.

 

Рускиот претседател побарал од Европа да помогне да се спречи економскиот „хаос“ во Украина

Рускиот претседател денеска ја повикал Европа да помогне да се спречи економијата на Украина да „одлизга во комплетен хаос“.

 

„Кој е моменталниот проблем број еден? Тоа е дека Русија не може сама да го носи овој товар. Од оваа причина ние им предложивме на нашите европски партнери и пријатели сите ние да се сретнеме во најскоро можно време и да ги утврдиме нашите начини на помош за украинската економија“, рекол Путин на состанокот на рускиот Совет за безбедност.

Тој рекол дека секој што o7; е пријател на Украина и што го сака украинскиот народ треба да помогне да се спречи земјата да банкротира поради нејзините долгови.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани