Македонија оди кон диктатура?
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 

 Тоа што некој ЕУ медиум објавува дека Македонија влегува во диктатура не е ништо друго освен притисок кон земјата, ниту има допир со реалноста освен со чемерот на опозициските политичари и новинари кои не можат да се вратат на власт.


Се подготвува терен за решение на името со негова промена. Затоа оваа власт треба да падне. Таа не е по меракот на САД, Сорос, ЕУ, Нато кои не можат да го решат проблемот освен со помалиот отпор а тоа е да не принудат да се самоизбришеме. На овие сега на власт видоа дека не можат да им ја свиткаат кичмата, а ниту самите сакаат, но затоа нивните опозициски пулени тука се вистински гимнастиарки на трапез. Еластични во 'рбетниот столб како дождовен црв и со таков достоинствен багаж ќе следи преговор за конечно решение за името. 

Ма каков референдум, нека не ве лажат опозиционерите, нема ни да се стигне до референдум, ќе генерираат криза со своите осоколени 300 000 кои сега доволно жедни за освета и нови партиски привилегии око нема да им трепне да влезат во конфликт ако поверуваат дека ќе им успее. Еден од нивните новинари бара бојкот на институциите, другиот бара формирање на фашистичка организација по урнекот на Златна Зора, мртви ладни опозициските новинариповикуваат за фашизам за конечна пресметка со неистомиселниците. Да се турне Македонија во сценарио како во Украина, како во Либија, Египет ... 

После се прашувате зошто се потребни преку 62 пратеника?

Целта е една и сосема јасна, менување на името и бришење на македонската нација која опозицијата со своите преку 300 000 гласови без проблем ќе го направи, око нема да им трешне ако поголемиот дел од народот мисли поинаку. Куршуми имаат доволно за секој од нас. премногу се закрвени затоа што предолго не се на власт, за да го втурнат народот и во конфликт. Ако лани не им успеа не значи дека нема повторно да се обидат и конечно да им успее. Целта е сосема јасна, да се добијат привилегиите за одредена елита со влез во еу и нато а кои за возврат треба да одработат промена на името и идентитетот.Они се подготвени, затоа постојано одат и мољакаат кај странскиот фактор на кој му ветуваат дека сега, конечно и тоа ќе го направат. Затоа странците ги сакаат затоа што сами нудат фелацио и коитус и тоа безплатно.

Кажете ми, верувате ли искрено во заложбата за зачувување на идентитетот, името, црквата, културата наша од Еден Саше Политико, Геро, Кабранов, Пендаровски, Шекеринска, Петковски, Георгиевски, Андов, Заев, Црвенковски ... итн итн ? 
Верувате ли дека тие навистина имаат емпатија за народот, за земјата, за државата? 
За нас? За наше добро? Искрено прашајте се - дајте си искрен одговор.
Така и ќе видите дали има разлика.
Ете зошто гласам за Иванов, за да имаме на чело на државата човек кој никогаш нема да се согласи за промена на името и идентитетот. Ете зошто верувам дека треба преку 62 пратеника, за да не се дозволи да бидеме уценувани кога, многу наскоро, ќе мора да се решаваат многу клучни прашања. Имено, веќе за септември, наводно, се подготвува пакет за брз прием на Макеонија во НАТО. Добро е за нас најавата е да влеземе под привремената референца, а потоа да се допреговара. Но тоа нема да го намаи притисокот кон нас, напротив, сега ќе се иде со друга психологија. По приемот од НАТО, така дефлорирани да можеат полесно да пенетрираат и со промена на име идентитетит. Фрчко сеуште го подмачкува францускиот клуч. Они искрено се надеваат оти странците ги уверуваат. На пат им стоите само вие, народот. Е па направете разлика, се што ќе биде од нас ќе биде, од народот.
 
Затоа сега ќе се начитате разни блуеници за нас како земја и држава, не само од домашните платеници туку и од медиуми од ЕУ, а се тоа е една добра заобиколна стратегија,
 
Дали ќе бидеме овци или волци, од нас зависи, а има разлка меѓу волк и овца. 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани