Ако се разбуди од кома, Шумахер ќе оди на суд?
  Објавено на
share

 

Ако се разбуди од кома, Шумахер ќе оди на суд?

 

 

schumacher so balaclava 600 usa 2012

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер предизвикал сообраќајна незгода на 17 ноември минатата година, при што на кружен тек со изнајмено возило Ауди А4 удрил мотоциклист.

Идентитетот на повредениот е заштитен и неговото име се пишува како Франциско М. А. и според информациите до немилиот настан дошло поради слабото осветлување на автопатот А-8062, но и поради непочитувањето на предноста на оној што веќе се движел на кружниот тек околу 18.50 часот кај Бормухос (Севилја). Според шпанските медиуми, повредениот имал рок од шест месеци да подигне обвинение бидејќи била констатирана повреда со скршеница на дланката и тој морал тоа да го стори за да биде обесштетен. Од друга страна се верува дека осигурувањето на рентакар компанијата ќе ги исплати трошоците околу санирање на повредата, дефектот на моторот и опремата, но не е јасно дали Шумахер ќе биде гонет како возач што го предизвикал инцидентот и каква казна би можела да му се изрече. Михаел Шумахер е во кома од 29 декември (четириесетина дена по сообраќајката) откако имаше незгоден пад врз камена карпа за време на скијањето во францускиот центар Мерибел.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани