Талибанецот од Карпош
  Објавено на
share



1. Пријателот на Ивица Боцевски со име Петрит Сарачини бара да се запишуваат оние што не мислат како него. Да се води список требало. За да се знаело за после"!!!??? 
Петрит е еден од оние упорни Соросови активисти и странски платеници што со аргументите од типот уште малку готов е" веќе осум години влегува од разочарување во разочарување... Еве сега, по примерот на фашизоидната идеа на Марјан Стаменковски од Крива Паланка, кој предложи новинарите да се бележеле со жолти таблички, пријателов на Боце предлага списоци. Евиденција да си има човекот. Како за Евреите де, на половината на минатиот век. Па, не е многу фашизам, а?

2. Ја, па, ќе правам список на предавници и терористи. Под број еден ми е оној наркоман што како вокал на бенд во Маракана" ја пееше познатата песна на Хари Белафонте, Банана боут сонг" со изменет текст. Текстот што талибанецот од Карпош го пееше вели: Ај ем литл талибан, каминг фром кантри оф Авганистан. Ај лав мај папа, ај лав мај мама. Бат моуст оф ол ај лав Осама". Е, такви и тој се на мојот список.

3. Чиј е предлогот да сме бележени како стока? Ова стока" како израз баш асоцира на Стево Пендаровски и неговата поделба на Македонците на луѓе, оние што гласаат за него и на СТОКА, оние што не гласаат за неговото Величество, кој ќе бил претседател на сите граѓани. Но, не и на стоката! Затоа ли, во координација со него ли, Рената Десковска инсистирала да бидеме бележени како говеда???

4. Во вториот круг, на инсистирање на умовите од СДСМ, ќе не бележат на левата рака. Ако има прегласување, еве им го и средниов прст.

5. Покрај прашањето на Соња Крамарска дали во 2004-та бил прислушуван лидерот на опозицијата, ја би поставил уште некое питањце. На пример, кој ја криел снимката 10 години? И зошто? Дали Заев е поголем фраер од Црвенковски, Хари Костов, Бучковски или Љубчо од Благоевград, па само он ја има ексклузивата за ваква пресметка со Груевски. Ваква снимка не му вршеше ли работа на Црвенковски лани? 2004-та кој беше шеф на полицијата? Кој беше шеф на ДБК таа година? Дали имаше закон во 2004-та за дозволено прислушување? Зошто за снимката не се огласи Ден Дончев? И така...

6. Своевремено постоеше интегрална аудиоснимка направена од Цветин Чилиманов за време на уреднички состанок на Време" и Шпиц" што го водеше газдата Велија Рамковски. Таму Велија кажуваше како не плаќа данок, како уценува новинари, како влијае врз ова-она... Тогаш, кога ја објавив снимката булументата величина на чело со Бранко Героски бараше податоци кој ми ја дал снимката, бараше да преземе акција Јавното обвинителство, тврдеше дека полицијата прислушувала, тврдеше дека снимката нелегално ја емитувам. И еве, сега пак има снимка. Овој пат измонтирана. Не го слушнав Героски да го користи истиот речник и истите аргумент" како пред некоја година. Двојни стандарди??? Ма, неееее!

7. Тачи ќе добиел претседател на Собрание! Не, не, не... Ахмети ќе добиел претседател на Собрание... Хмммм... Сега чекам Амди Бајрам да се огласи.

8. Тамара Чаушидис зборува за борбата медиумска која требало да се води како оние јапонски војници во џунглите на Пацификот кои опстојувале и по неколку десетлетија изолирани. Ним им се восхитува! Не знам дали е информирана, ама Јапонија беше дел од Оската на злото заедно со Хитлерова Германија и Мусолиниева Италија. Злосторствата во Кина, Манџурија, Кореја, Сингапур се уште се паметат. Бомбардирање без објава на војна, како Перл Харбур или масакрот во Нанкинг, каде што се убиени 300.000 цивили е реперот за тие изолирани војници, ама и за Чаушидис. 
Би сакал ова да е последно од Тамара во Македонија, бидејки си заминува се исселува во друга балканска држава. На нејзино место, на чело на Синдикатот без членство, доаѓа Зоран Димитровски Жоро. Многу јако, нели?

9. Ивор Мицковски констатира дека Македонија има режим! И дека ВМРО има гласачка машина! Он, уствари, не разбира што значат овие зборови. Ваквите зборови значат навреда на половина милион луѓе. Тие половина милион, според Ивор, сакаат да живеат под режим и не сакаат да се индивидуи, ами шрафови, шајбни, мутери... Многу глупости на мала квадратура од семејниот дом на таткото и синот Мицковски.

10. На Фејсбук фан страната на Стево Пендаровски еден негов обожавател посакува да умрат сите што гласале за Иванов. Постот имаше стотици лајкови. Помор на 450.000 луѓе во ист момент е помор рамен на ударот од кометата што ги истребила диносаурусите. Или рамен на 15 ерупции како онаа на Кракатау во 1883-та. Си мислам, овие од СДСМ стварно си мислат дека се натприродна сила! Господ ли се, што ли се?




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани