Филе: Време е ЕУ поцврсто да го прегрне Западниот Балкан
  Објавено на
share

Е СЕГА НАЕБАВМЕ ... БУКВАЛНО

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска во Дубровник се заложи за продолжување на процесот на проширување на Унијата и порача дека дошло време ЕУ „поцврсто да го прегрне Западниот Балкан“. 

file

- Процесот на проширување (на ЕУ) е најуспешниот трансформациски механизам. Време е поцврсто да го прегрнеме Западниот Балкан, рече Филе во обраќањето на панелот „ЕУ интеграција на Западниот Балкан: Сличности и разлики“ во рамки на дветтиот „Кроација форум 2014“ во Дубровник. 

Филе нагласи дека процесот на проширување не претставува „авто-пилот, туку со него мора да се управува“, нагласувајќи дека на ова прашање треба да се гледа како на „дел од решението, а не како на дел од проблемот.

Еврокомесарот призна дека во ЕУ се почесто гласно се говори за „замор од процесот на проширување“, за што, според него, една од причините е и тоа што Унијата веќе неколку години се соочува со економската и финансиската криза. 

- Поради тоа процесот на проширување политички падна во втор план, нагласи Филе.

Словачкиот министер за надворешни работи Мирслав Лајчак пак порача дека проширувањето на ЕУ е политички процес кој нема да биде завршен без интегрирање на Западниот Балкан.

- Се работи за волја за спроведвање на реформи и изградба на модерно општетво. ЕУ е атрактивна и релевантна, но членството дава место на масата, а не на менито со јадења, порача Лајчак, нагласувајќи дека  процесот на проширување на ЕУ за сите земји мора да важат исти правила.

Лајчак потенцира дека клуч за напредокот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е меѓусоседската соработка, иако призна дека во Унијата посоти замор од проширувањето и дека вниманието се повеќе е свртено кон Источна Европа и Блискиот Исток.

На овогодишниот „Кроација форум“ учествуваат над 15 шефови на дипломатии од земјите од западен Балкан, ЕУ и членките на „источното партнерство“, претставници на Унијата, САД, Русија, Кина, Јапонија и Нов Зеланд, како и поголем број аналитичарии и јавни личности.

МИА

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани