Вистина за целулитот и како да се ослободите од него
  Објавено на
share

 

Жените поптолно грешат, за жал, жените ужасно грешат во тоа како гледаат на тоа што е целулитот и што бараат за да се ослободат од него. Козметичката индустрија веќе увиде дека жените просто "залудено" не слушаат никакви здрави и нормални совети и ги користи да им продаваат  разни средства, креми, апчиња, прашоци, машини, облеки, третмани кои наводно ќе ги ослободи од целулитот. Познавате една жена која е задоволна од резултатите освен онаа која лаже? Во животот нема да сретнете ниедна жена на која некакви креми и помгнале да се ослободи од целулитот.

Прво во погрешната перцепција е што е целулитот. Најчесто се смета дека тоа е сало под кожата кое како да изгубило форма ја прави кожата збрчкана, како кора од портокал и која делува ужасно грдо, особено во пократки парчиња облека и во костими за капење. За да се ослободат, жените даваат иљадници евра без видливи резултати, што за средства што за тремани.

Добро, како тогаш се третира целулитот? Како треба да се третира?

Прво, факт е дека помеѓу обичното сало, наслаги од масти и целулитот нема ама воопшто никаква разлика, сало е сало во било кој дел на телото, некаде повеќе некаде помалку. Еве зошто е најобична кражба на наивни и очајни жени кои ги купуваат лажните продукти особено оние сунѓери со специјални креми и лосиони кои наводно ќе ги ослободат од целулит или за масажа и триење со кои жените се доведуваат до самоповредување а никаков ефект.

Ова е целулит - 

Се работи во суштина за мускулна атрофија, состојба која се јавува кога слој од мускулот станува слаб и недефиниран и се наоѓа под кожата. Значи не е никакво маст, сало, наслага, туку атрофиран дел од мускул кој прави кожата да изгледа грдо и неубаво и третманите за целулит немаат ама баш ништо со оваа состојба. 

Најважно што треба да знаете е дека ослободувањето од целулит нема ама баш никаква врска со слабеењето бидеејки и самите знаете дека и најслабите девојки може да имаат целулит. Значи, не е ниту до слабеење ниту до масти. Се работи за мускулни влакна, атрфирани слоеви на мускул. 

Добрата вест во целата приказна е дека постои реверзибилен процес кај мускулната атрофија и можете да се ослободите од целулитот засекогаш без оглед на староста, можете да се ослободите на сосема природен начин без никакви скапи препарати.

Еве неколку докажани и научно поткрепени правила

-Престанете да користите средства за слободување од целулит, креми, лосиони итн. проблемот со целулитот не е на вашата кожа, туку се наоѓа под неа и затоа кремите и лосионите не можат воопшто да помогнат, но тоа и самите го знаете иако малкумина од жените го признаваат тоа.

-Спа третманите не даваат резултати. Истражувањата покажуваат дека третирањето на целулитот со вакви третмани немаат ефект па дури може да дојде до самоповредување ако сами и нестручно ги користите, сеедно, третманот на целулитот со висока температура нема ама никаков ефект, покажаа испитувањата на ФДА.

-Целулитот не е генетски и не може да се наследи и вие можете да се ослободите од него, без оглед на сите оние препораки, реклами и текстови за промоции на наводно супер третмани кои ќе ве ослободат од него засекогаш.

-И самите сте забележале дека секој може да има целулит без оглед на неговата возраст, од најмлада до најстара особа, нема ама никакви правила. Бидеејки целулитот е проблем со мускулите, се што треба да направите е да третирате одредена регија на телото и со третирање-вежбање на мускулите на таа регија, а не на кожата и нејзините масти, можете да се ослободите од него. Причината е многу прозаична - премногу седење, премалку движење, премалку спорт, рекреација  доведуваат до целулит, а не годините, исхраната, генетиката. Самите ја создаваме оваа состојба.

-Од целулитот можете да се ослободите само со интензивно вежбање на мускулите на тој дел од телото, нивната промена од атрофија во здав витален извежбан мускул ќе биде видлив и на повржината на кожата. Затоа кај жените кои се занимаваат со спорт, рекреација и други видови на физичка активност и малку седење и неподвижност целулитот скоро и да го нема. Едноставно, целиот штос е во физичката вежба.

Какви вежби??!? Вежби токму кои соодвествуваат со токму тој дел од телото кои ги придвиѓуваат тие мускули кои се наоѓаат под целулитот. За ултра-брз ефект МОРА да користите и здрава исхрана, НЕ ДИЕТА во смила на гладувањер - никако, туку здрави намирници. Комбинацијата на свежа храна, зеленчук и овошје, во комбинавија со СЕКОЈДНЕВНИ ВЕЖБИ И РЕКРЕАЦИЈА се едниствениот начин да се ослободите од целулитот. Но мора да најдете КАКВИ вежби.
Ако дигате тегови тоа нема да ви помогне. Консултирајте се со личен тренер, спортист и др да ви покаже вежби , интензивни вежби, за тој дел од телото како тие мускули да се навежбаат, ослободувањето од целулитот ќе биде само една од последиците, покрај многу поздравата состојба на ваѓето тело. Имаме тела создадени за движење, но во современиот начин на живеење не спаѓа само неподвижноста, туку личната апатија и мрзата. Нема лесни резултати, мора да се потрудите. Затоа најдете соодветни вежби за мускулите од тој дел од телото со кои ќе ги развиете, не се одноставни, распрашајте се кај фитнес тренерите, спортисти, резлутатите се стопроцентни, здрави и засекогаш.

Хранете се здраво и колку што можете повеќе со свежа сирова храна, сокови , пасирано, цедено и ќе изгледате подобро и ќе бидете стократно поздрави. Жени ја менувале целата своја состојба само за неколку месеци па дури и недели со радикално свртување на сопствениот начин на живот. 

Ако се сметате дека времето минало за вас и сте паднати со духот, обидете се преку салоните со индукција на мсукулите да се симулира контракција на мускулните влакна и тоа може да ви помогне, но не и да го реши, ќе мора да се исправите на нозе, да изфрлите ѓубрето од исхрана и ќе блеснете

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани