Во воз на релација Ѓевгелија - Скопје, кај Велес, пронајдени 150 бегалци ос Сирија. Ете како челнка на ЕУ (Грција) ги решава проблемите со имигрантите. Греота се луѓето и треба да им се помогне, но ЕУ е таа која треба да помогнбе прва а не илегално преку воз да ни ги префрла во Македонија. Срамота! После и станови ќе им дадеме. Секако, опозициските портали и медиуми објавуват за ова но ни да писнат за она што Грција нечовечки и нелегално го прави! Оправдано се сомневам дека биле натоварени во Грција затоа пто беа пронајдени во товарен воз во вагони за јаглен. Колку знам јаглен не се товари во Ѓевгелија.
- Бегаме од граѓанската војна во Сирија. Сакаме да одиме на Запад, во Сирија не се живее. Оставивме цели фамилии, но мораме да бегаме. Не сакаме да гинеме. Ниту сакаме да се вратиме назад или во Грција, исплашено рекле дел од нив за утрински.
Нивната облека целата беше црна од јагленот и вагоните каде се криеле. Имаше и три жени, но и деца по 15-16 години. Меѓу нив има и студени, фамилијарни луѓе кои со тага ја покажуваа семејната фотографија со нивните деца и сопруги.
Но имаше и луѓе со лузни од рани, кои биле повредени при бомбардирањата. Објаснуваа дека повеќето се од Дамаск, но ги имаше и од Алепо како и од други сириски градови.
Групата според нив брои околу 150 лица,а беа чувани од велешките полицајци, кои ја чекаа граничната полиција да ги преземат бегалците. Досега вака бројна група на емигранти не е фатена во Македонија. Патниците на железничката станица, на бегалците им понудија дел од храната, оти тие беа гладни, не биле јадени со денови.(П.П.)