Жерновски наместо да гради бара да му се даде земјиште
  Објавено на
share

Добро паметам во програмата на Тодоровиќ, бившиот градоначалник на Центар, беше и изгрдаба на градинка во Капиштец. Нејсе, народот си одлучи и го избраа велеможниот Жерновски да им ја средува општината. Еве, минаха години но освен негови изјави што сме правеле на самитот на НАТО или дали Шиповиќ имал висок притисок, конкретно нешто и не видовме освен пар фасади. Па добро е, пар фасади за пар години, а сигурно планира да остане на власт цел рајх, па сигурно ќе заверти цел круг со фасадите. За друго? Не, за се друго Коце ако не непарви во овој град нема кој друг.

Не можам да се сетам дали Жири имаше во програмата изградба на градинка во Капиштец, може имал, може не, само памтам дека вети дека никогаш ништо нема да дозволи да се гради во Центар, на општо задовоство на слебениците на неградењето. и доследен е на зборот, машала, стварном, камен на камен не стави ниту дозволи, ни градинка,ни старечки дм ... нишчо ... Но градинка е нешто што не е прашање на програми, референдуми, воља и желба на опозициски следбеници или владини вљубеници. Таа МОРА да се изгради без оглед на некадарноста на сегашниот началник да гради и неговата акутна и хронична омраза кон градбите, но затоа голема симаптија кон боите на виножитотот. Градинката е суштествена потреба и општо добро, енде!

Кога не сака Мухамед кон брегот ...

Владата и Кoце увидуваајќи без оглед на се дека градинка под управа на дотичнот респектисан градоначалник нема граѓаните да добијат ваков објект, а ќе се вади на нив дека го опструирале, излегоа со соопштение со кое буквално му даваат потполна слобода, ослободување од обврски од било каков вид, за да може да ја изгради ... еве го саопченијето

 

Преку ослободување на обврската за плаќање на „комуналии“

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПОМОГНЕ ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА ВО КАПИШТЕЦ


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска /11.09.2014 година, четврток/ одржаа прес-конференција на која говореа за постапката за изградба на нова градинка во населбата Капиштец, Општина Центар.

Како што информираше министерот Јанакиески, Владата на Република Македонија на последната седница донела одлука за давање на право на трајно користење земјиште кое е во сопственост на Република Македонија на Општина Центар со цел изградба на детска градинка.

- Станува збор за локација во населбата Капиштец, предвидена со Детален урбанистички план за населба Капиштец", донесен од 21.12.2012 година од Советот на Општина Центар. Согласно ова, градежната парцела бр 7.4 е предвидена за изградба на објект В2 - Здравство и социјална заштита (детска градинка). Површината на парцелата изнесува 5.320 квадратни метри. На оваа локација во моментов се наоѓа детската градинка ЈДУГ Кочо Рацин", којашто е во сопственост на општина Центар и на местото на матичниот објект е предвидена изградба на новата детска градинка, изјави Јанакиески.

Градоначалникот Трајановски на прес-конференцијата кажа дека Градот Скопје ја поздравува оваа иницијатива, која е по барање на жителите на Капиштец.

- Градот Скопје изградбата на овој објект ќе ја помогне со ослободување на обврската на Општина Центар од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за оваа детска градинка. Со ова Градот Скопје ќе ја помогне изградбата на овој објект кој е од јавен интерес и е од исклучителна важност за Градот Скопје, општина Центар и населба Капиштец, кажа Трајановски.

Министерот Јанакиески и градоначалникот Трајановски дадоа целосна поддршка за овој проект и упатија апел до Општина Центар да ја започнат што поскоро  изградбата на овој важен инфраструктурен објект.

 

И така, ок, фин потег, можеле и порано, нејсе, но сега пашата на Центар нема да може ама да писне со некое оправдание за да почне со градба и тоа веднаш, утре. Арно ама, не ја потценувајте вербалната еквилибристика на некадарните и лакомите кои сакаат не да работат, туку да грабаат па на нивни благонадежни експремиери им продаваат јефтино земјиште за да може да се оплодуваат праведно стекнатите нардони пари ... нејсе ...

Жерновски после ова не излезе да каже, "почнувам со градба, граѓаните веднаш ќе увидат дека се грижам со нив, во Капиштец пред крајот на мојот мандат ќе никне нова градинка" ....  ЗАСЕГА не такво нешто немаше , он, драги мои искача мртов ладен и си побара целото државно неизградено земјиште да му го дадат на користење, на гоелмо навлажнување на опозоциските мегафони. И би му го дал, само прво да го видам дали има способност да направи макар една градинка. Изгледа он за жал попрво се грижи за интересите на бизнисте на своите коалициони партнери, не гледам што друго. Од градинка засега само "ручки од тупани", дури ни лажен збор нема ... а не сум изненаден, ионака е ставен таму со наредба - "нарани кучета - не дирај дугмета" или како уште викаат - лаком гз .... 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани