Тони Михајловски до Милчо Манчевски
  Објавено на
share

Кога Никој никого не дочитува и не разбира. За што се работи. Имено, Милчо Манчевски дал интервју за Капитал и изложил една критика која е нешто општо и релативно неодредено.
Интервјуто наводно е за Капитал и таму го кажал следново:

– “Мислам дека оваа култура и традиција имаат свое богатство кое е дел од светската културна баштина и тоа треба да се афирмира. Има тука една друга работа. Мислам дека вистинското богатство на оваа култура суштиниски се разликува од она што вулгарниот малограѓански вкус го смета за наша културна баштина. Очигледно е дека вулгарниот малограѓанин се обидува да измисли историја, култура и традиција кои ниту постојат ниту постоеле а се срами од својата вистинска богата традиција затоа што истата е рурална и различна од западните урнеци. Ова е тема за психолози и психијатри а не за филозофи и уметници. Од каде оваа себе омраза? Кај нас често пати критериумот за вреднување е колку некое дело личи на некој странски кич.”

Сега во приказнатга се уфрлаат морлоците и клоновите на Саше Политико, оној лудакот Рубично со неговиот клозет-портал каде турил наслов

"Режисерот Милчо Манчевски ги запука ВМРО-ДПМНЕ и Грујо : На власт се малограѓани, со Скопје 2014-та покажавме невидена себе омраза, нешто што треба да го истражуваат психолози и психијатри!"

Што ја потврдува тезата на Оливера дека малиот не бил сам во Бардовци и дека тешки биле медикаметните за лечење. Нејсе. Инспириран, Тони Шанац  сосема легитимно му шутира на Милчота пенал од 2 метри и го разбива, миленикот на Киро Глигоров

Toni Sanac Mihajlovski shared a link.
Yesterday near Skopje · Edited
Го изјави тоа баш оној што во сите свои филмови ја оцрнува сопствената земја и својот народ.
Во првиот не претстави како две племиња кои се тепаат по планини(многу пред тоа да се случи навистина?),монасите ни бегаат од манастирите за жени,се возиме со автобуси од други филмови и времиња а ние македонците сите сме брадосани и се шетаме со пушки по селата. Пуши го за тоа.
Во вториот ни објасни дека нас каубоји не спасиле од отоманското ропство.Дека сме неспособни сами да се избориме за својата слобода и дека сме недостојни за сопствената земја.Пуши го и за тоа.
Во третиот,кој рака на срце беше со сива нијанса за разлика од неговите вообичаени црнила, ни продаде уште една темна слика за македонското семејство,поприлично неразбирлива ама доволно скапа и глупава.Пуши.
Четвртиот е феномен за себе.Во тој филм ни ги е*а мајките.Не оцрни во коренот на постоењето. Тоа е филм кој е документарец две третини,но онаа една третина која е игран,чини колку три филма.Тука мислам дека сите го испушивме.
И сега кога конечно тој го испуши и кога му ги укинаа буџетите, кога не може(неофицијално) да зема по милион евра од филм,додека главните глумци му земаат ронки од богатата трпеза,зема да плука. Во Куманово викаат ”В'шка к'д ќе се напие крв почиња да пљука”
За овие долги години кога само тој снимаше кај нас,кога им ги земаше буџетите на другите режисери(”Панкот не е мртов” за малку немаше да се снима од таа причина) јас не слушнав тој да снимил некој филм надвор.Некаде.Било каде.Ако сте чуле кажете.Да беше толку добар колку што ние го напувавме ќе видевме некое негово дело снимено со пари од други даночни обврзници


Ова пак го пренесува Миленко каде недочитувајќи и недоразбирајќи почнуваат да маваат по Тони и по Милчо ... нејсе ... но Миленко не се потруди да дообјасни оваа интересна пишанка.

Така што оваа весела игранка имам намера и јас да ја продолжам затоа што квазиинтелектуалната програџанска демек култура која мисли дека ја запазува и е нејзин апологет е секогаш предговор за барање нов грант од власта, барем јас така мислам.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани