Штовани,
пред некој ден ја најдов мојата ќерка, најмала од трите мои деца, како седнала на балкон и нешто плетка со рачињата. Има 9 години и веќе е на пат да стане девојка но за мене е малчкото и изгледа така ќе биде цел живот. Нејсе. ме подсетија тие движења на нешто одмна што не сум го видел, но како мислата се појави со уште поголема брзина ја снема. дојдов до неа , седната на мало столче на балконот но убавото есенско сонце и со рачињата ...везеше. Везеше?!?! Тоа што не ни сакав да помислам ме фрапираше. Нејзините мали прстиња многу вешто плетеа некои чудни плетенки од ... не од конци како вообичаено што се везе, туку од гумени ластичиња!?!?!
Како и секој просечен средновечен маж од ова поднебје со претерана емотивност си реков - ќерка на тато ... за веднаш да додадам дека генот на македонските везилки повторно никнува кога најмалку се надева и каде најмалку го очекуваш. Со пар мали алатки, купени во некоја продавница за играчки и пластична крупна игла која по облик наликува на оние старите метални за везење брзо создаваше некакви ... уште не знаев што прави ... Ми рече дека тоа се белегзии, за на рака, од гумички, мали шарени гумички кои ги купила на пазар. Бре!
Остај друго, веднаш и побарав да ми направи една за мене, подаркерска ... за десетина минути ми направи црно-бела. Фасцинантно беше за мене. Ми рече дека се договорила со бато, средношколецот, да ги нуди по другарки во училиште по некоја си цена. До крајот на денот направи десетина и е спремна да прави уште многу многу и сите рачно. :)
Како и да е и ветив дека ќе и помогнам во реклама, ПР, и продажба. Па еве ме, не се смејте и тргајте со нарачки за вашите мали ќерки, внуки затоа што овие се сега хит на основките. :) Секако, мојата Сара не е единствена која го прави ова, истово го прват и други девојчиња. Кој ќе купи ќе му кажеме големо БЛАГОДАРАМ и ќе го чини 50 денари. Кој ќе дојде лично по нарачката ќе субвенционирам 30 денари така што ќе ве чини уште помалку.
ps ... неверојатно, но по мојата синоќешна објава во емисијата за овие белезгии добив нарачка од Aмерика од една наша дама која живее таму. Секако, веќе спакував да пратам. бизнис, тоа ти е :) Следно е одиме на Amazon.com и Alibaba.com