Почна бербата на јаболка
  Објавено на
share

 

Сите сме фасцинирани од родот кој не беше столчен :)

 

 

Со традиционалното осветување на родот и откинувањето на првото јаболко денеска во Ресен почна Преспанскиот јаболкобер. 


Градоначалникот на општина Ресен, Ѓого Стрезовски изјави дека годинава поради невремето шта ја зафати Преспа родот ќе биде преполовен и ќе изнесува 40 илајди тони.  Со помош на Владата ќе бидат обештетени дел од оние овоштари чии насади се уништени. 

Сепак, она што радува е фактот дека преспанските јаболкари ги прифаќаат новите сорти на јаболко што се барани во Европа, а од година во година се зголемуваат површините на јаболко. Во наредните години се очекува да се произведуват околу 200 илјади тони со што Преспа би станала водечки центар во проозводство на јаболко во регионот. 

Во рамки на Преспанскиот јаболкобер денеска беше пуштен во употреба погонот за преработка на јаболко и производство на сокови на фирмата Капис ЛТД ДООЕЛ, што се наоѓа во село Љубојно. Покрај тоа ставена е во употреба и агрометеоролошка станица во село Покрвени како дел од прекуграничниот проект од ИПА програмата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани