Плус Инфо - Миленко и Чилиманов го прогласи за „американски платеник“, откако овој ја „растури“ Мирка
  Објавено на
share

И опозициските медиуми со навивање ја следат дебатата помеѓу Мирка и Цветин како и вклучувањето и на Миленко во неа во врска со нејзината политика во која таа го осудува претседателот за промаериканска политика. Сепак, овбаа дебата е далеку на повисоко ниво одошто нивната за која објавив исто пред некој ден ...

еве што објавуваат

http://www.plusinfo.mk/vest/152732/Milenko-i-Chilimanov-go-proglasi-za-amerikanski-platenik-otkako-ovoj-ja-rasturi-Mirka

Миленко и Чилиманов го прогласи за „американски платеник“, откако овој ја „растури“ Мирка

  • Објавено: пред 2 часа
  • Прочитано: 5516
  • Печати

Нешто не е во ред со друштвото од Аминта Трети. Откако во својата последна колумна во „Нова Македонија“ Мирка Велиновска остро ја нападна „проамериканската“ политика на претседателот Ѓорге Иванов, но и на премиерот Никола Груевски, со колумна кај Јанко Илковски („Јади бурек“) се огласи Цветин Чилиманов. Како што е познато, Чилиманов беше во кабинетот на Иванов, потоа стана дописник на МИА од Вашингтон, па се врати во Македонија, за сега да биде дел од екипата во ток-шоуто на Миленко Неделковски.

 

Но, наместо да се придружи кон критиката на гуруто Мирка, Чилиманов остро ја критикува, згора, ако му се верува на Миленко, од „проамерикански позиции“.  Коментирарјќи го обраќањето на Ѓорге Иванов на Ист Ривер, Чилиманов пишува: „... Мала земја како Македонија, која се уште ја гради својата позиција на Балканот, а да не зборуваме во светот, мора да гази внимателно. Во моментот на обраќањето на претседателот Иванов Обама веќе ја напушти седницата. Неговите главни донатори се милијардерите од Њујорк (да не именуваме имиња) и секоја минута додека е во Големото Јаболко која не ја минува со нив го чини човекот пари. Со седницата во моментот заседаваше секретарот Кери. Дали, Мирке, мислиш дека на политичар на кого око не му трепнува што до лани со сета сила поддржуваше една страна во конфликт, а сега ја бомбардира истата таа страна, нешто ќе му значеше што добил укор од една Македонија?“

 

Чилиманов тврди дека Иванов имал „сосема искрен и коректен став по прашањето на Сирија, во својот, за македонски претседател прв и историски, настап во Советот за безбедност“. Доскорешниот дописник на МИА е зајадлив: „Но, еве – пишува тој - ако Иванов не е претседател по мерка на Мирка, тогаш Обама дефинитивно би требало да биде. Првиот американски претседател кој отворено вели дека ќе ја реализира песната на нејзината младост ’Америка и Енглеска биќе земља пролетерска’. Ги казнува богатите, ги наградува сиромашните, ги повлече американските војници од Ирак, стави рок за повлекување од Авганистан, оди преку Обединетите нации... Сериозно, што повеќе би требало да стори за да добие позитивни оценки од убеден и принципиелен левичар како Мирка?“. 

 

Чилиманов потсетува дека Мирка во секоја војна гледа американско потпалување и верува дека САД ја растурија Југославија и заклучува: „Затоа, јас немам дилема дека во Обединетите нации, или во Советот за безбедност, Македонија треба да застане на страната на САД, од прагма или од принцип“.

 

Синоќа Велиновска гостуваше во емисијата „Јади Бурек“. Миленко Неделковски, пак, во пост на Фејсбук жестоко се нафрли врз Чилиманов и го нарекува „американски човек, платеник“ и „самоубиец од заседа“. И додава: „Сега е појасно зошто (Чилиманов) веќе не е дописниик на МИА од САД“.

 

Комесарите од Аминта Трети (скопска улица со кафулиња во кои најчесто „заседаваат“) очигледно се во голема нервоза, која сега ја искалуваат расправајќи за „геостратешки“ прашања, обидувајќи се да влијаат врз позиционирањето на Македонија кон Исток (Русија) наместо кон Запад. А тоа се потешко им оди, откако не само луѓето од власта, туку и најголемите пропагандисти на Груевски, од свои причини, ги бранат Американците. 

 

Така, коментираат злобниците, друштвото на Аминта Трети полека но сигурно станува езотерично и фолклорно на некој начин, како своевидна атракција за туристи од проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот Андреј Жерновски би можел дури и да го брендира.

 


Подготвил: Б.Г.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани