ПРО-ПЕНТАГОНСКИ МАКЕДОНЦИ
  Објавено на
share

(Дебатата секогаш и секаде е добра раота. Здрава за општеството. Во неа е убавината на демократијата.)

ПРО-ПЕНТАГОНСКИ МАКЕДОНЦИ

Како што се наближува времето на дефинитвната светска, а со тоа и балканска и македонска разврска на геополитичките настани, така стануваат се почести појавувањата на јавна сцена на изјави, текстови, констатации од личности третирани како блиски до власта, или дел од самата власт, што треба да се изанализираат. Изјави и констатации за кои треба да се дебатира. Тоа се јавни личности од македонската политичка и медиумска сцена, па никако не би сакал да остане впечатокот дека со нивните про-пентагонски ставови во Македонија сите се согласуваат.
Тоа се таканаречени про-американски ставови. Но, да се разбереме. Не се тоа ставови проамерикански во однос на американскиот народ, туку се про-американски во однос на американската политичка и пред се бизнис врхушка. Тоа не се изјави што би ги поддржале демонстарните од Фергсон, туку се текстови и настапи што ја поддржуваат милитантната политика на Пентагон.

Однапред, пред да продолжите да читате понатаму, не дозволувам да ме нарекувате хејтер на американцте, бидејки тоа не сум, и никогаш не сум бил. Јас сум едноставно критичен кон корпорациите и нивните вашингтонски слуги што сакаат преку туѓа крв да дојдат до сопствен профит.

Па така, летово ни се случи да добиеме Министер за одбрана, кој е еден од групата што не се качија во авиончето на Трајковски на последниот лет за Мостар. Министер што не се проба на изборите пред народот. Додека сите останати од Тодоров, преку Јанкуловска до Поповски ги водеа изборните листи, Јолевски си беше лежерно завален во амбасадорската кожна вашингтонска фотеља. Министерот за одбрана Јолевски при својот прв настап во САД му понуди на милитантниот американски сенатор Меккејн Македонската армија секаде и во секоја битка да ја следи американската. А, во својот прв настап на европско тло, во Бугарија, дури беше до таа мерка безобразен да во ниту еден момент не го изговори името на својата држава Република Македонија. Правејки “бриселски“ јазични слаломи со името нарекувајки ја “мојата“ држава.

Во понеделникот, пред три дена, Латас излезе со колумна во која меѓу другото, вели: “Сегашниот амбасадор Пол Волерс наскоро заминува како еден од најуспешните амбасадори, особено американски, во Македонија. Со многу пријателски контакти зад себе, хуманитарна работа и политичко влијание кон смирување на тензии. Не создаде ниту еден инцидент, или став кој излегува од рамките на дипломатијата. Мирен и стручен човек кој знае зошто е тука“.
Не сакам да навлегувам во тоа кој се поривите на Латас, ниту пак дали знае Волерс што се се има случувано во дворот на неговата амбасада во текот на годиниве. Тоа им го оставам на нивната свест и нивното пријателство. Она што имам да го кажам е дека овие напишани карактеристики за Волерс, едноставно, не се точни. Во времето на Волерс се случи масакрот кај Смилковско есеро. Во времето на Волерс убијците од Смилковско избегаа во Бонд Стил. Во времето на Волерс убијците не можат да се испорачаат во Македонија од страна на американската деспотија Косово. Во времето на Волерс сме нарекувани и споредувани како народ и луѓе со волови, змии, свињи, стаорци… Волерс на Македонците ниту еднаш не се одважи да им се обрати директно, туку тоа го правеше на крајно понижувачки начин од предавалните на универзитетот во Мала речица. Пол Волерс е тој кој ни рече да сме си граделе подруг, поинаков, идентитет. Да не сме гледале во историјата, да сме ги заборавеле нашите претци. Пол Волерс е тој што, надвор од секаква дипломатска култура, се мешаше во нашето судство велејки дека будно ќе го следел судскиот процес “Монструм“.

Вчера, вторник, и Цветин Чилиманов излезе со текст, кој го прочитав на веб страната Јади Бурек, со наслов “Возразни и деца (одговор на колумната на Мирка)“. После тој текст, а и после серијата од настапи на Јолевски, ми стана апсолутно јасно зошто нежно и без премногу бука беа повлечени Јолевски од амбасадор и преговарач за името, а Чилиманов од дописник од “штатите“.
Текстот на Чилиманов во поголемиот дел сака да го импресионира читателот се неговото совекупно геостратешко знаење и познавање на светот. Сунити, шиити, американци, руси… Ако е тоа одговор до Мирка, тој дел од неговиот текст нема апсолутно никаква врск со петочната колумна на Велиновска.
Она што мене ме натера да го ставам Чилиманов во овој текст, и да го качам на Дудинка, се неточните (лажните) тврдења и заклучоци за поедини, или серија од настани. Дали Чилиманов тоа го прави од незнаење или пак од потреба да прелаже некого (во Македонија такви муштерии веќе нема), е негова работа. Моја е да ја изложам пред јавноста невистината.
Па така, Чилиманов уште на почетокот од текстот го оправдува кршењето на меѓународниот поредок и право (да се потсетиме на Хашката пресуда), констатирајки дека “буквално до минатото лето самите (САД) поддржуваа и активно ги поттикнуваа сојузничките земји да испраќаат оружје до разните герилски групи во Сирија, со цел да им помогнат да го победат режимот на Асад“. Значи, Чилиманов се стави во одбрана на насилно рушење на режими, држави и општествени уредувања. Ниту СБ на ООН ниту цел ООН на Чилиманов не му значат апсолутно ништо. На тоја начин тој дава “гоу ахед“ на инвазија на секого од страна на САД. Исто така Чилиманов констатира, она што е познато, дека милитантните групи, што значи и Ал Каеда и ИСИЛ и слични се создадени до американците и секако од Израел. Цветин ја “критикува“ администрацијата на САД што “најбезобразен и кукавички начин ги изневери и ги предаде“ милитантните групи. Овие што обезглавуваат.
Понатаму, бранејки го настапот на Иванов од критиката на Велиновска, Чилиманов ќе напише: “Дали, Мирке, мислиш дека на политичар на кого око не му трепнува што до лани со сета сила поддржуваше една страна во конфликт, а сега ја бомбардира истата таа страна, нешто ќе му значеше што добил укор од една Македонија“? Цветине, батко Миленко да ти каже, не е важно што тоа ќе му значеше на Обама, важно е што настапот на Иванов ќе му значеше на Македонскиот народ. Обама не го гласа Иванов. Јас, ти, Мирка и милион-и-пол други го гласаме. Па според оваа логика, ако на супер мокниот и превртлив Обама ништо не му значело што ќе кажеше Иванов, тогаш немаше ништо посебно да му значи и доколу Иванов кажеше дека ние страна не фаќаме, и дека кај нас немама “вакуум“. Од часовите по физика е јасно дека секој вакум се полни со нешто. Јас не би сакал нашиот вакум, ако го има, да се пополни со американска солдатеска.
Е сега, да се осврнам и на моето омилено место во текстот на Чилиманов. Делот на глорификација, преку лаги (или незнаење), на американските белосветски демократски успеси.
“САД имаат извонреден успех со создавање на демократски држави буквално од нула (Јужна Кореја, Тајван), или од длабока тоталитарна негатива (Јапонија, Германија)“ – ќе напише Чилиманов! Навистина, уште еднаш, се премислувам дали се работи за тотално незнење или обмислена намера да се лаже. Јужна Кореја е дел од држава. Дел од поделена држава, помеѓу другото и заради американската, предходно француската, воена интервенција во тие нивни поранешни колонии. 38-та паралела, која како со лењир го цепи полуостровот, е со декади најмилитаризираната зона на светот. Јапонското море и Источно Кинеското море се постојана сцена на нестабилност со присуство на најсмртоносните воени бродови на најголемите светски сили.
Тајван, дамбетер. То е непризнаена држава. Не е членка на ООН. Поранешната Формоза беше претворена во папет држава на американците предводена од кинескиот националист и воен злосторник Чанг Кај Шек. “Демократов“ (според Чилиманов) Чанг бил на чело на својата партија 50 години. Од 1925-та до 1975-та. Се “повлекол“ оти умрел. Мореузот помеѓу Формоза и Кина е најневралгичното море на светот.
Тоа ли е “извонредниот успех“? Околу вадењето од “длабоката тоталитарна негатива“ да напоменам, доколку некој не знае, Јапонија и Германија сеуште се под американска окупација. Имено на нивна територија американците имаат повеќе десетици воени бази, а градењето и формирањето на војската е под рестриктивна контрола на САД. САД ги прислушкува највисоките државници на двете земји, а тие не смеат да приговорат. Меркел е последниот пример. Тоа се ограбени земји на кои им е земено златото од нивните резерви и не им се дозволува да го видат дали уште постои или е испотрошено по разни војни. Така ли се извадени од “негативата“, крадејки им ги златните резерви?
Од целата историја на САД, само овие 4 примери, што се всушност анти-примери ли успеа Чилиманов да ги открие?
Ако не може Чилиманов во својот подоста долг текст да ги напише, или заборави да не потсети и на другите “успеси“ на американците, еве му мал придонес кон знаењето од историјата:
1. Американците го нападнаа Виетнам преку комплетно измислен, значи непостоечки, инцидент во заливот Тонкин. Торпедирање на американскиот воен брод никогаш не постоело.
2. Предходно, за нападот на Перл Харбур како иницијална каписла на влез на САД во Втората светска војна, Рузвелт знаел со недели порано. Не преземал ништо, оставил да изгинат американските морнари за да може да ја мобилизира нацијата.
3. Слично е и со Септември 11. Комично нарачен настанот како “Два авиона – три згради“. Изгинаа над 3.000 луѓе за американците да влезат во Ирак.
4. Оружјето за масовно уништување во Ирак што никој никогаш не го најде. Уште е свеж настапот со безочни лаги на Колин Пауел во ООН.
5. САД, како најмоќна светска, меѓу другото и воена, сила “успеа“ да биде поразена од виетнамците, афганистанците, сиријците…
Финално, Чилиманов ќе напише: “Но, факт е дека денешно Косово е далеку постабилно и произведува далеку помалку дестабилизација во Македонија отколку што тоа го правеше Косово од 1980ите или 90ите години. Многу ми е подобро што се граничам со Република Косово отколку со САО Косово“.
Перцепцијата на Чилиманов е негова работа, вистината е сосема спротивна. Не е воопшто подобро што се граничиме со вештачката творба Косово, оти од таму влегоа милитантни групи што резбаа работници и киднапираа и убиваа луѓе, од таму доаѓаа американски хеликоптери со контејнери оружје за албанските терористи, од таму доаѓаа платениците белосветски што г’зглаечки беа вадени на патосите од автобусите од Арачиново. Во Косово избегаа монструмите од “Монструм“. На Косово нема закон, ред, поредок, данок, индустрија, вработување, производ… Каква дестибилизација носеше САО Косово за Македонија? Чилиманов не може да го памети Косово од 80-тите оти тогаш уште бил во дубаче, а во раните 90-ти сеуште бил малолетен. Не може да знае за Косово од времето кога таму топонимите беа Ѓенерал Јанковиќ и Урошевац, на пример.

Завршните зборови на Чилимаов се и најпоразителни: “Македонија треба да застане на страната на САД, од прагма или од принцип“.
Македонија нема зошто да застанува на било чија страна. Најмалку на американска. Нема ниту прагма ниту принципи во тоа да се ставиме на страната на оние што се борат против терористите и терористичките групи што сами ги создале, тренирале и наоружале. Каде се тука принципите и прагмата? Принципите на македонците, како што фино поентира Велиновска во Јади Бурек, биле дека “Светот го разбираме како поле на културен натпревар меѓу народите“. Од кога тоа, и зошто, ние сега почнавме да ги менуваме нашите принципи. Заради прагма ли? Па ако беше до прагма Мирка Гинова немаше да биде стралана, Гоце Делчев убиен а Чакаларов обезглавен.

Цветине, Латасе… Пополека. Што би рекол Ѕинго: “Кочи Латасе, испопадасмо у кривину“.

Македонија е демократска земја. Правото на изразување, мислење, дебата, пишување го има секој. Доколку во една држава сите се согласат околу сите работи, тогаш тоа е едноумие. Затоа дебатата е здрава и потребна работа. Во Македонија во овој момент постојат многу струи. Како и во секој држава, впрочем. Во Македонија постојат и многу странски фондови, пари и агенции. Како и во секоја друга држава, впрочем. Историјата е таа која ќе го вреднува трудот, капацитетот, достигнувањата, потезите што секој од нас денеска ги прави.
Јас од моја страна, во рамките на моите можности, нема да дозволам неодговрени да пројдат текстови, ставови и спинови што се невистинити. И што се на штета на Македонија и Македонскиот народ.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани