Колумна на Неделковски која Вечер одби да ја објави
  Објавено на
share

 

 

“Вечер“ ме извести дека најновата колумна нема да оди оти имало во неа многу навреди, а бидејки имам многу редовни читатели што колумната со нетрпение ја очекуваат, таа “утрешна“ колумна ја објавувам сега и овде. (dudinka)

 

ПРЕСУДА ЗА КЕЖО

1. Јадранка Николиќ, подоцна позната како Костова, даде интервју за портал без импресум, адреса и идентитет, ама со слика на Че. Не знам дали годините и престанокот на мено-паузата се во прашање, но чудно е кога Јадранка зборува за газди на медиуми како заборави на подарок автомобил од Емил Стојменов?! Имено, таа го третираше како подарок и инсистираше да го задржи. Емил пак сметаше дека е автомобилот за вршење на работни задачи, а по нејзиното замнивање од телевизијата треба да го врати. Подарок ли беше Јадранке? Го задржа ли подарокот? Јадранка, исто така, кога говори за партиите поврзани со новинари, заборави да го каже својот пример на долгогодишна соработка со Стефче Јакимоски, без разлика дали тој беше во ЛДП, СДСМ или Гром. Како шеташе зиг-заг тој, така и таа по него цик-цак, како “цик-цак вата“.
2. Дека Кире Наумов појма нема од економија, е од поодамна јасно. Затоа и не ме чуди што абер нема и од други научни дисциплини. Како од историја или вексилологија (не е херладика, ниту семиотика), на пример. Па така, знамето со симболот од Кутлеш е историска вредност и стварност долга два-и-пол милениума, најмалку. Карта со територијални претензии врз суверени држави (Србија, Црна Гора, Грција и Македонија) е идиотштина. Американско спонзорирана идиотштина за предизвикување балканска кланица.
3. На соросоидните портали пред викендот изникнаа идентични наслови “Новинарите побараа слобода за Кежо“! Не ми пречи барањето, не ми пречи слободата, ми пречи множината?! Новинарите??? Кои новинари? Оние платени од Владе Милчин и Сорос? Оние што се клиенти на павелшатева (екс-бихачка)? Оние лажови, манипулатори, спинери и странски платеници? Тие ли?
Но, во Македонија, за среќа, има и други новинари. Оние на кои колумните им се читани и влијателни. Оние на кои емисиите им се гледани и прераскажувани. Оние кои со крената глава се шетаат помеѓу својот народ, а не се бркани од кафеани и месарници како изроди (примерот со лепотанот Героски е најпластичен). Е тие новинари бараат врз судството да нема притисок, понајмалку од странски мастиљари (чиновници). Тие бараат судот да реши по словото на законот кое треба да важи за секого подеднакво, па и за оној што се декларира како новинар. Тие новинари бараат судот да осуди или ослободи, но само според законот. А не според желбата на Џорџ Сорос, Владе Милчин или најразлични кретени што доаѓаат од странство да ни солат памет. Новинарите од Македонија бараат министерот во извршната власт да не потпаднува под притисок на соросоидите и да не презема незаконити дејствија во форма на мешање во судската власт.
4. Личниот советник на Зоран Заев, некогашниот новинар Митко Јованов, посветил колумна на режимот на Миша Шакашвили. Бил диктатор, апсел, недомократски режим имал… И се така. Новинари биле затварани, тепани, осудувани… Реди така Митко, ама главната нота од владеењето на Миша ја забораба да ја каже?! Миша е амерички џак, амерички имплант и пиун. Ставен на чело на држава, токму како сега и режимот во Киев, да ја дестабилизира границата со Русија. Заборава, не знае или не сака Митко да ја напише витината за Миша! Миша е американска маша, која после употребата е фрлена на отпад. Токму како и Садам, Кличко, Милошевиќ… Токму така како што ќе се случи и со најразмазениот балкански етникум. Сите американски подопашници завршуваат исто. СДСМ тоа многу добро го има осетено на своја кожа.
5. По Голема Србија, Санстефанска Бугарија, Голема Албанија, Голема Грција која ја има окупирано Беломорска Македонија, еве осамна и карта на Голема Црна Гора. Таа па фаќа се до провинцијата Фриули во Италија. За да не останеме покусо, се ангажирав и нашата вистина, односно големина, да излезе на површина. На повеќе места ја постирав картата и вистината за Големо Драчево. Каква бе голема Албанија, Србија??!! Големо Драчево, убер алес.
6. Мене ме интересира дали и како ќе реагираат уредничката Крамарска и газдите Камчев и Керим во врска со абдал‘лкот на нивната колумнистичка перјаница Ерол Риза-офф? Во врска со лагата, спинот и измислицата, во врска со говорот на омразата во колумната посветена на “Хихирику“ емисијата на Македонското Радио? Колумната со тврдењето дека “режимот“ ја укинал емисијата “Хихирку“ беше објавена во петокот. Во недела напладне, додека ја пишувам колумната, го слушам најновото кукурикање на Карадак и компанија. Ерол Риазов лаже во колумната “Го забранија и Хихирику“. Ги прашувам Орце и Срџан, ќе има ли казана за спинеров? За поттикнувачот на омраза, немири и зло? Ќе има ли казна за непрофесионално пишување? Ќе го казнат ли лажгото?
7. Проеврив! Во “Сервисот за проверка на факти од медиумите“ нема факти. Има само соросови кадри на кои УСАИД нашла начин како да им плати хонорар. Да, да… Хонорар за нивниот постојан ангажман на растурање на нашата татковина. Ако се проверат авторите што пишуваат и фактите за кои пишуваат, едно се гледа: Она што тие неетички, неновинарски, непрофесионално го прават во своите медиуми, за тоа ги критикуваат другите медиуми и новинари. Примерно, дебељуцата Мирослава констатира дека: “се жигосува личноста и се дискредитира она на кое таа како единка на општеството укажува, само затоа што таа единка „се осмелила“ и претходно да го прави истото (да учествува на протести), конзистентно изразувајќи незадоволство од политиките кои ја засегаат, а не o7; се допаѓаат“. Мирослава и нејзиниот уредник убавец Героски ова го прават 24/7. Колку луѓе во само една година има жигосано медиумот каде што таа работи? Но американците сакаат да имаат платеници и дронови на далечинско. Нашле начин и како да ги плаќаат.
8. Република ги испонаброја сите про-СДСМ гласила во државава, како доказ дека не се точни тврдењата на СДСМ дека нема слобода на медиумите. Во набројувањето имаат една голема грешка. Ја иззумиле телевизијата А3 што на 5-ти септември 2012-та, според главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов, “започна“ со работа. Нели новинарска јака екипа, Нора Шакири со емисија, тоа-оноа. Еве, веќе две години “зрачат“!!! Кабранов на “стартот“ изјави дека само го интересирале работата и квалитетот. Ете по две години работа “гледаме“ и многу квалитет. Како можеше Република така да ги изуми квалитетниве и работлививе? Или А3 не беше отворена а Кабранов “заборави“ да каже, односно да излаже зошто?
9. Путин во градот на љубовта и модата Милано, на два пати по 4 часа ја извисел Анѓела Меркел. Таа го чекала и чекала… А тој, наместо да се сретне во 4 очи со фрау Меркел, си гледал парада во Белград и си правел бунга-бунга муабети со Берлускони. Искрено, човекот постојано ја гледа Алина Кабаева до себе. Мора да е голема траума потоа во 4 очи да е со Меркелка.
10. Да расчистиме! Уште поточно, да констатираме. Мојот годинешен редовен гостин Миша Ѓурковиќ на 2-ри октомври го организираше доаѓањето, предавањето и промоцијата на книгата на Леонид Савин во Белград. Савин е прв соработник на Дугин. Дугин е најзначајниот советник на Путин. Савин го очекувам оваа сезона во мојата емисија. Миша во саботата го организираше и предавањето на младиот италијански филозоф Диего Фунзо на тема “Капитализам без граница, 1968-1989 ЕУ“. И со Фунза договарам термин за да дојде во Скопје. Другиот мој гостин, Џон Лагланд на крајот на септември одржа предавање на светската конференција за геостратегија на Родос. Мојот гостин Алфредо Рахме идниот месец ќе држи предавање на Московската академија за геополитика што е водена од ѓенерал Иваншов. Иваншов е рускиот ѓенерал што прв пристигна со трупите на приштинскиот аеродром 1999-та. Јас пак, на почетокот на идната година во Америка (некаде на потегот од Огнената земја до Енкориџ) на Конгресот за геостратегија ќе одржам предавање на тема “Новиот Балкан на 21-от век, како последица на случувањата на Крим“.
И така… Има разлика?!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани