Нимиц нема подготвено нов предлог за името опозициските медиуми шпекулираат
  Објавено на
share

 

Нема нов предлог за името. Ова е официјалниот став кој портпаролот на медијаторот Метју Нимиц Хак Фархан го соопштил во изјава за Република. 

Ставот на Нимиц доаѓа по се погласните шпекулации кои стартуваа  во  грчките медиуми а во земјава поддршка им дадоа медиумите на опозицијата финансирани од СОРОС.
Весникот Слободен Печат на насловната страна објави дека името ќе биде Република Горна Македонија, а Македонците ќе се прекрстат во граѓани на Горна Македонија. Веста експресно ја раширија другите медиумски испостави на СОРОС. Вести со наслови дека Слободен печат го открива предлогот за името осамнаа на речи си сите веб сајтови контролирани од СДСМ.
За експертите разбирливи се текстовите објавени во медиумите во Грција бидјќи ја штитат државната позиција, за разлика од оние во македонските медиуми кои редовно нанесуваат сериозни штети на македонските преговарачки позиции. 

 


 

Целта на ваквите текстови според доброупатени извори е да се предизвика реакција во македонската дипломатија и да се натера да ги демантира овие дезинформации. Тоа експерсно би го искористила официјална Атина за да ја прикаже Македонија како неконструктивна страна во спорот. Лагите на медиумите на СДСМ имаа за цел и внатрешна дестабилизација поттикнувајќи го албанското малцинство да врши притисок за прифаќање на решение кое е на штета на националните интереси. 


Во намерата да се наштети на власта и да се прикаже дека Македонија готви терен за промена на името со што опозицијат би извлекла политички профит медиумите на СДСМ и СОРОС случајно или намерно по кој знае кој пат одгираа во корист на Грција




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани