ЗАКОН ЗА ЗАНАЕТЧИСКАТА ДЕЈНОСТ
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредуваат условите, начинот на вршењето на занаетчиската дејност, организирање на коморскиот систем како и условите и начинот за стекнување на квалификации за вршење на занаетчиска дејност.
Член 2
Одредени изрази употребени во овој закон, го имаат следното значење:
Вршител на занаетчиска дејност е секоj трговец поединец или трговско друштво кој врши занаетчиска дејност и е запишан во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност.
Занаетчиска дозвола е јавна исправа која ја издава Занаетчиската комора на Република Македонија ако барателот ги исполнува условите од овој закон.
Носител на занаетчиска дејност е физичко лице кој ги исполнува условите за вршење на дејност од овој закон.
Регистар на вршители на занаетчиска дејност е јавна книга во која се впишуваат вршителите на занаетчиската дејност.
Член 3
Занаетчиска дејност, во смисла на овој закон, е занаетчиско производство, занаетчиски услуги, уметничко занаетчиство и домашно ракотворење.
Занаетчиско производство е изработка и производство на производи претежно по нарачки, во мали серии, кое нема карактеристики на индустриско производство.
Занаетчиски услуги се поправки и одржување на производите, уредите и објектите, како и вршење на услуги.
Уметничко занаетчиство е изработка и обработка на уметнички предмети од разни материјали и нивно обликување, при што доаѓа до израз вештината на производителот.
Домашно ракотворење е изработка на одделни производи што занаетчијата ги изработува во својот дом сам или со помош на членовите на неговото семејство.
Член 4
Во постапката при вршење на инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор и Законот за Државен пазарен инспекторат, доколку со овој закон поинаку не е определено.
ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ
1. Услови
Член 5
Занаетчиска дејност можат да вршат трговец поединец и трговско друштво врз основа на упис во трговскиот регистар и занаетчиска дозвола (во натамошниот текст: вршител на занаетчиска дејност) под услови и на начин утврдени со овој закон и Законот за трговски друштва.
Член 6
Право на вршење на занаетчиска дејност за која е потребна соодветна стручна оспособеност, дејност на домашно ракотворење и уметничко занаетчиство се стекнува врз основа на уписот во трговскиот регистар и занаетчиска дозвола.
Занаетчиската дозвола е доказ за исполнување на условите за вршење на дејноста од став 1 на овој член.
Право на вршење занаетчиска дејност за која не е потребна соодветна стручна оспособеност или стручно образование, се стекнува со упис во трговскиот регистар.
Органот што го води трговскиот регистар е должен да ја извести Занаетчиската комора на Република Македонија за уписот во рок од 5 дена од денот на уписот во трговски регистар.
Занаетчиската комора на Република Македонија врши упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност по службена должност на физичко односно правно лице кој врши занаетчиска дејност за која не е потребна стручна оспособеност по предходно добиено известување од страна на органот што го води трговскиот регистар.
Член 7
Странско физичко или правно лице може да врши занаетчиска дејност согласно овој закон само во услови на реципроцитет и врз основа на согласност која ја издава органот на државната управа кој ги врши работите од областа на занаетчиството.
Член 8
Вршителот на занаетчиска дејност во седиштето каде што ја врши занаетчиската дејност, мора да има простории за работа, во зависност од видот и начинот на вршење на дејноста.
Вршителот на занаетчиска дејност не може да ја врши дејноста надвор од просториите за работа за оние занаетчиски дејности кои задолжително се вршат во простории.
Вршителот на занаетчиска дејност може занаетчиската дејност или одделни работи од таа дејност да ги вршат надвор од просториите, како и надвор од своето седиште во зависност од видот и начинот на вршењето на занаетчиската дејност или ако така е договорено со нарачателот на услугата.
Занаетчиските дејности кои треба задолжително да се вршат во простории ќе ги определи министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Член 9
Вршителот на занаетчиска дејност е должен да обезбеди, просториите во кои ја врши дејноста да ги исполнуваат пропишаните минимално технички услови.
Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството ги пропишува минималните технички услови од ставот 1 на овој член.
Член 10
Вршителот на занаетчиска дејност е должен исполнувањето на условите од членот 8 на овој закон да го пријави на Државниот пазарен инспекторат, на денот на отпочнување со вршење на дејноста, на образец чија форма и содржина ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Член 11
Деловите на населените места во кои можат да се вршат одделни занаетчиски дејности се определуваат со урбанистичкиот план.
Советот на општината, односно Советот на градот Скопје го определува работното време на занаетчиските дејности во зависност од месните обичаи и потреби.
• Услови за стекнување на занаетчиска дозвола
Член 12
Вршителот на занаетчиската дејност се стекнува со занаетчиска дозвола доколку носителот на занаетчиската дејност ги исполнува следните услови:
-средно стручно образование од соодветна насока (трогодишно и четворогодишно образование),
-соодветна квалификација,
-стручна оспособеност (едногодишно и двогодишно образование),
- мајсторски испит,
- соодветно работно искуство со минимум основно образование ако три години последователно вршело дејност од листата на занаетчиски дејности како сопственик или лице вработено кај вршителот на занаетчиската дејност во соодветна дејност.
Занаетчиска дозвола може да стекне и вршителот на занаетчиска дејност доколку носителот на занаетчиска дејност:
Вршителот на занаетчиската дејност кои се занимава со домашно ракотворење или со уметничко занаетчиство не треба да ги исполнува условите од ставот 1 од овој член.
Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството ќе ги определи занаетчиските дејности за чие вршење не е потребно соодветно стручно образование или соодветна стручна оспособеност.
Дејностите кои можат да ги вршат вршителите на занаетчиската дејност, дејности за кои не е потребно средно стручно оспособување како и дејностите од членот 3 ставови 4 и 5 на овој закон ќе ги определи министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Член 13
Ако лицето носител на занаетчиска дејност привремено или трајно го напушти вршителот на занаетчиската дејност, истото е должно во рок од 3 месеци од денот на напуштањето да обезбеди друго лице кое е носител на занаетчиска дејност.
За време на отсуство на носителот на занаетчиската дејност вршителот на занаетчиската дејност треба да престане со вршење на занаетчиска дејност.
Вршителот на занаетчиска дејност може да има повеќе носители на занаетчиска дејност.
Занаетчиската комора на Република Македонија ќе му ја одземе занаетчиската дозвола на секој вршител на занаетчиска дејност ако во рокот утврден во став 1 на овој член, не обезбеди друг носител на занаетчиска дејност, и ќе го избрише од регистарот на вршители на занаетчиска дејност.
Член 14
Иноватор - носител на правото на патент се смета за стручно оспособено лице, во смисла на овој закон, и може да ги врши оние занаетчиски дејности кои се однесуваат на изработката на патентираниот пронајдок.
ЗАНАЕТЧИСКА ДОЗВОЛА
Член 15
Занаетчиската дозвола е јавна исправа што ја издава Занаетчиската комора на Република Македонија, на вршителот на занаетчиската дејност, доколку барателот ги исполнува условите од членот 12 на овој закон.
Занаетчиската комора на Република Македонија е должна да ја издаде занаетчиската дозвола во рок од 5 дена од денот на поднесувањето на барањето за издавање на занаетчиска дозвола.
Во занаетчиската дозвола се впишува занаетчиската дејност односно занаетчиските дејности, носителот на занаетчиската дејност, вршителот на занаетчиската дејност и податоците утврдени со закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Занаетчиската дозвола може да важи за едно или повеќе занаетчиски дејности.
Врз основа на издадената занаетчиска дозвола, Занаетчиската комора на Република Македонија го впишува вршителот на занаетчиската дејност во Регистарот на вршители на занатечиска дејност.
Против издавањето на занаетчиската дозвола, односно решението за одбивање на издавање на занаетчиска дозвола може да се поднесе тужба за управен спор до надлежен суд во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Занаетчиската дозвола не смее да се пренесе на друг вршител на занаетчиска дејност.
Член 16
За вршење на занаетчиска дејност, вршителот на занаетчиска дејност поднесува писмено барање до Занатечиската комора на Република Македонија за упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност и издавање на занаетчиска дозвола, во местото каде се наоѓаат просториите каде се врши занаетчиската дејност.
Барањето од став 1 на овој член се поднесува во два идентични обрасци, со еден прилог на докази.
Со барањето од ставот 1 на овој член, вршителот на занаетчиската дејност ги приложува и доказите од членот 13 на овој закон.
Занаетчиската комора на Македонија во рок од 5 дена од денот на поднесувањето на барањето издава занаетчиска дозвола и врши упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност.
Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Член 17
Доколку вршителот на занаетчиската дејност кон барањето за упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност приложи невалидни докази, Занаетчиската комора на Република Македонија ќе донесе решение со кое се одбива уписот во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност.
Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Член 18
Доколку комората надлежна за упис во регистарот на вршители на занаетчиска дејност, во местото каде што се наоѓаат просториите каде што се врши занаетчиската дејност, не изврши упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност, односно не донесе решение за одбивање на барањето за упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност, во рокот од членот 16 став 2 на овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на директорот на комората надлежна за упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност, во местото каде што се наоѓаат просториите каде што се врши занаетчиската дејност, за донесување на решение по поднесеното барање.
Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Кон барањето за донесување на решението за упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност од ставот 1 на овој член, подносителот на барањето доставува и копија од пријавата од членот 19 став 9 на овој закон.
Директорот на комората од ставот 1 на овој член е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот 1 на овој член до неговата писарница да донесе решение со кое барањето за упис во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност е уважено или одбиено. Доколку директорот на комората нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на комората.
Доколку директорот на комората од ставот 1 на овој член не донесе решение во рокот од ставот 4 на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
Инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот 5 на овој член да изврши надзор во комората дали е спроведена постапката согласно со овој закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за преземените мерки.
Инспекторот по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на комората во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето, и да го извести инспекторот за донесениот акт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по поднесеното барање.
Доколку директорот на комората не одлучи во рокот од ставот 7 на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кои директорот на комората ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го известува подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку директорот на комората не одлучи и во дополнителниот рок од ставот 8 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го извести подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 6 на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува до писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот, да го разгледа приговорот од ставот 10 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите 6 и 7 на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставот 9 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот, и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кои инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 11 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го извести подносителот на барањето за преземените мерки.
Во случајот од ставот 12 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
Во случаите од ставот 13 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три дена ќе го известува подносителот на барањето.
Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот 11 од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
Доколку директорот на комората не одлучи во рокот од ставот 9 на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
Постапката пред Управниот суд е итна.
Подзаконскиот акт од ставот 2 на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон.
Член 19
За секоја промена на дејноста, седиштето или статусот на субјектот запишан во трговскиот регистар кое врши занаетчиска дејност, Занаетчиската комора на Република Македонија врши промена во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност и во занаетчиската дозвола по претходно барање од вршителот на занаетчиската дејност.
Член 20
Занаетчиската дозвола престанува да важи:
- по сила на закон (смрт, пензија, одземање и др.);
- истекот на рокот;
- по барање на вршителот на занаетчиска дејност.
Вршителот на занаетчиската дејност имател на занаетчиската дозвола е должен во рок од 8 дена од престанокот со вршење на дејноста да поднесува барање за одјавување од регистарот на вршители на занаетчиска дејност и да ја врати занаетчиската дозвола.
За бришење од регистарот на вршители на занаетчиска дејност, Занаетчиската комора на Република Македонија донесува решение во рок од 5 дена од денот на приемот на барањето за престанок од ставот 2 на овој член.
Формата и содржината на барањето од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Против Решението од ставот 3 на овој член, може да се поднесе тужба за управен спор до надлежен суд во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Член 21
Занаетчиската дозвола содржи:
• Назив на субјектот, скратена ознака на субјектот, доколку го има, седиште и адреса на просториите;
• Единствен матичен број на субјектот;
• Име, татково име и презиме на носителот на занаетчиската дејност;
• Матичен број на носителот на занаетчиската дејност;
• Дејностите што ќе се вршат, како и шифрите на дејностите согласно Националната класификација на дејности и Правилникот за определување на дејносите кои можат да ги вршат занаетчиите.
Формата и содржината на занаетчиската дозвола ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Член 22
Вршителот на занаетчиска дејност може да врши само занаетчиските дејности што се наведени во занаетчиската дозвола.
Занаетчиската дозвола важи 3 години од денот на издавањето. По истекот на важноста на занаетчиската дозвола истата треба да се обнови.
РЕГИСТАР НА ВРШИТЕЛИ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ
Член 23
Занаетчиска комора на Република Македонија во форма на јавна книга води Регистар на вршители на занаетчиска дејност, во кој се впишуваат вршителите на занаетчиските дејност.
Регистарот на вршители на занаетчиска дејност е јавна книга.
Формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на вршители на занаетчиска дејност го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството.
ПРАКТИЧНА ОБУКА
Член 24
Организирањето на практичната обука на занаетчиската дејност е право и должност на Занаетчиската комора на Република Македонија .
Право да прими ученик на практична обука има само вршителот на занаетчиска дејност кој е запишан во регистарот на верифицирани работодавачи за практична обука на ученици. Занаетчиската комора на Република Македонија врши верификација на исполнетоста на условите што треба да ги исполни работодавачот-вршителот на заанетчиска дејност во однос на стандардите за просторни услов, опрема и стручен кадар. Занаетчиската комора на Република Македонија води Регистар на верифицирани работодавачи (вршители на занаетчиска дејност) за практична обука на ученици. Стандардите за просторни услови, за опрема и стандард за стручен кадар за спроведување на практична обука ги донесува Занаетчиската комора на Република Македонија по предходно добиено позитивно мислење од Министерството надлежно за образование.
Занаетчиската комора на Република Македонија доставува до Министерството надлежно од областа на образованието годишен извештај за верифицираните работодавачи за изведување на практична обука.
Работодавачот-вршител на занаетчиска дејнсот определува стручен кадар (ментор) кој ќе ја организира и реализира практичната обука на учениците. Менторот треба да ги исполни следните услови:
• Да има завршено најмалку средно образование или положено мајсторски испит односно соодветно ниво на образование во согласност со дејноста,
• Да има најмалку три години работно искуство во дејнсота,
• Да е работодавач или вработен кај работодавачот и
• Да има завршено обука за ментори за ученици на практична обука.
Занаетчиската комора на Република Македонија во соработка со Регионалните занаетчиски комори и Установите за стручно образование ја спроевдуваат обуката за ментори и издаваат потврда за успешно завршен обука.
Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици го донесува Министерот надлежен од областа на образованието.
Организирањето на практична обука на ученици се уредува со договор за практична обука на ученици, склучен помеѓу установата за стручно образование и обука, работодавачот вршител на занаетчиска дејност и ученикот односно родителот/старателот. Договорот се пошпишува пред почетокот на реализација на практична обука кај работодавачот.
Занаетчиската комора на Република Македонија води Регистар на склучени договори за практична обука на ученици кај работодавачи (вршители на занаетчиска дејност).
Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистар на склучени договори за ученици на практична обука кај работодавачи го донесува Министерот надлежен од обалста на образованието.
Член 25
Занаетчиската комора на Република Македонија во соработка со Министерството за образование и наука врши контрола кај работодавачите за исполнетоста на условите за реализација на практична обука.
V. МАЈСТОРСКА ТИТУЛА, МАЈСТОРСКИ ИСПИТ
Член 26
Мајсторството е посебен тип на постсредно образование кое се стекнува со полагање на мајсторски испит.
Право на полагање на мајсторки испит има секој кандидатот кој има завршено:
• Средно стручно образование и најмалку три години работно искуство во занимањето/подрачјето за кое се полага мајсторксиот испит
• Општо и несоодветно средно образование и најмалку пет години работно искуство во занимањето/подрачјето за кое се полага мајсториски испит,
• Најмалку више стручно образование и минимум една година работно искуство во занимањето/подрачјето за кое се полага мајсторски испит
• Основно образование стекнато најдоцна во 1990 година и минимум 15 години самостојен занаетчиски дуќан
За полагање за мајсторски испит кандидатите се пријавуваат само врз основа на распишан оглас за полагање на мајсторски испит, од страна на ЗКРМ најмалку еднаш годишно. Кандидатот мора да го положи мајсоторскиот испит во рок од пет години од денот на пријавување. Во спротивно постапката за полагање на мајсторски испит престанува. И иститот кандидат може повторно да се пријави за полагање на мајсторки испит.
Мајсторскиот испит се состои од четири дела:
• Стручна теорија
• Стручна пракса
• Правно/економски дел
• Педагошко/андрагошки дел
Мајсторкиот испит се полага соглансо испитните програми што ги изготвува Центарот за стручно образование и обука , а ги донесува ЗКРМ. Мајсторкиот испит го спроведува комисија формирана од Занаетчиската комора на Република Македонија за секоја занаетчиска дејност или пооделна област. Член на комисијата не може да биде лице кое му било или е работодавач на кандидатот.
За полагање на мајсторки испит, кандидатот плаќа трошоци чија висина ја определува Занаетчиската комора на Република Македонија.
На Лицата кои го положиле мајсторскиот испит ЗКРМ им издава Диплома за положен мајсторски испит.
Начинот на органзиација,структура и реализација на мајсторски испит се уредува со посебен Правилник кој го изготвува ЦСОО и ЗКРМ а го донесува Министерот за образование.
Член 27
На лицата кои се стекнале со титулата мајстор им се издава диплома за положен мајсторски испит за соодветен занает и овие лица се запишуваат во регистар на мајсотри кој го води Занаетчиската комора на Република Македонија.
Формата, содржината и начинот на водење на регистарот во кој се запишува дипломата за положен мајсторски испит ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на образованието.
VI. ЦЕНТРИ ЗА ОБУКА
Член 28
Коморите можат да организираат центри за обука, преквалификација, доквалификација на занаетчиите и на други лица согласно верифицирани наставни програми и доколку се лиценцирани како установи за образование за возрасни.
Центрите од ставот 1 на овој член можат да отпочнат со работа по претходно добиена согласност од министерството надлежно за работите од областа на образованието.
Програмите за обука, преквалификација и доквалификација, ги изработува Центарот за стручно образование и обука а ги верифицира Центарот за образование на возрасни.
Верификација на Центрите за обука ја дава министерот надлежен за работите од областа на образованиото.
Член 29
За успешно завршената обука, преквалификација или доквалификација центрите за обука издаваат сертификат.
Формата и содржината на уверението од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на образованието.
Член 30
Центрите за обука се финансираат од:
- надоместок за обука што ја плаќа учесниците,
- средства на коморите,
- донации и
- други извори.
Висината на надоместокот од ставот 1 алинеја 1 на овој член го одредуваат центрите за обука.
ЗДРУЖУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗАНАЕТЧИСКАТА ДЕЈНОСТ
• ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 31
Заради унапредување на занаетчиството, подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги, како и заради усогласување и застапување на заедничките интереси, вршителите на занаетчиската дејност се здружуваат во Занаетчиска комора на Република Македонија, а според местото на нивното седиште се здружуваат во регионална занаетчиска комора.
Членувањето на вршителот на занаетчиска дејност во регионалната занаетчиска комора е во зависност од неговото седиште.
Вршителот на занаетчиската дејност станува член на Занаетчиската комора на Република Македонија и регионалната занаетчиска комора со денот на запишувањето во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност кој го води Занаетчиска комора на Република Македонија.
Членови на комората можат да бидат и други физички и правни лица, кои со своите активности придонесуваат за унапредување на претприемништвото и развојот на занаетчиството.
Во планскиот регион каде што не е основана регионална занаетчиска комора, уписот и бришењето од Регистарот на вршители на занаетчиска дејност, го врши Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 32
Занаетчиската комора на Република Македонија е правно лице со јавни овластувања и е самостојна, стручно-деловна организација која дејствува на територијата на Република Македонија.
За развој на занаетчиството, Занаетчиска комора на Република Македонија ја следи и разгледува проблематиката на работата на областа занаетчиство, се грижи за неговиот усогласен развој, дава предлози до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на занаетчиството, за измени на економските политики во ресорот занаетчиство, врши јавни овластувања согласно закон како и врши други работи кои се однесуваат на занаетчиството утврдени со закон.
Член 33
Надлежности на Занаетчиската комора на Република Македонија се:
1. Унапредување на занаетчиството;
2. Застапување на интересите на вршителите на занаетчиска дејност;
3. Организирање на облици на стручно образование, преквалификација и доквалификација на занаетчиите и на други лица;
4. Давање мислења и предлози при донесувањето на прописи од областа на занаетчиството;
5. Формирање на комисии за полагање на мајсторки испит;
6. Формирање на суд на честа на Занаетчиската комора на Република Македонија;
7. Издавање и одземање на занаетчиска дозвола;
8. Водење на регистар вршители на занаетчиска дејност, регистар на мајтори, регистар на верификувани работодавачи за практична обука на ученици, регистар на договори за практична обука на ученици;
9. Дава помош при основање на занаетчиските субјекти;
10. Врши други работи утврдени со закон, како и со статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 34
Со Статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија се уредува особено :
-правата, обврските и одговорностите на членовите;
-постапката за донесување на статутот и другите општи акти;
-органите и телата на Занаетчиската комора на Република Македонија, нивниот делокруг на работа, состав, број на членови, начин на избор и разрешување, односно траење на мандатот;
-начинот на одлучување во органите и телата на Занаетчиската комора на Република Македонија;
-облици на организирање на комората, организација и обврски на стручната служба и директорот на стручната служба;
-застапувањето и претставувањето на Занаетчиската комора на Република Македонија ;
-областите и облиците на соработка со останатите комори во земјата и странство и со органите на централната и локалната власт, односно со други организации, сојузи и заедници;
-јавност, траспарентност и информации за работата на Занаетчиската комора на Република Македонија;
-изворите и начинот на остварување, собирање, поделба и трошење на средствата потребни за работа на Занаетчиската комора на Република Македонија и регионалните занаетчиски комори.
Член 35
Со Занаетчиската комора на Република Македонија управуваат нејзините членови преку избрани претставници во органите на комората. Органи на Занаетчиската комора на Република Македонија се: собрание, управен одбор, надзорен одбор, стручна служба и претстедател.
Секој вршител на занаетчиска дејност е член и на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Членови на Занаетчиската комора на Република Македонија се и регионалните занаетчиски комори.
Во рамки на ЗКРМ можат да се формират и сојузи на една или повеќе сродни занаетчиски дејности заради застапување на специфични интереси и решавање на проблеми во рамки на сојузот.
Работата на ЗКРМ се уредува со статут. Со статут на комората се регулираат прашањата кои се однесуваат на работата, организацијата како и правата и должностите на членовите на комората. Статутот го носи собранието на комората.
Министерството надлежно за работите од областа на занаетчиството дава согласност на одредбите од статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија кои се однесуваат на вршењето на јавните овластувања
Статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија се објавува во Службен весник на Република Македонија.
Член 36
Во Занаетчиската комора на Република Македонија можат да се членуваат различни стопански субјекти, физички лица, здруженија, фондации, струкови организации и сојузи кои со својата работа и делување го поттикнуваат напредокот на занаетчиството.
Член 37
Собранието на Занаетчиската комора на Република Македонија е највисок орган на управување, а го сочинуваат претставници на членовите на Занаетчиската комора на Република Македонија. Бројот на места во Собранието на Занаетчиската комора на Република Македонија се утврдува со неговиот Статут. Изборот на претставници во Собранието го прават регионалните занаетчиски комори водејќи сметка за територијална и струкова застапеност на членовите. Регионалните занаетчиски комори имаат по два претставници во Собранието. Струковите организации и сојузи имаат по еден претставник во Собранието.
Собранието на Занаетчиската комора на Република Македонија:
-донесува статут;
-именува и разрешува претседател на Занаетчиската комора на Република Македонија;
-денесува финансиски план за распределба на финансиските средства;
-именува и разрешува управен и надзорен одбор;
-одлучува за распишување избори и спроведува избор за органите и телата на Занаетчиската комора на Република Македонија;
-донесува општи акти за извршување на своите надлежност;
-донесува одлука за основицата и стапките, односно начините и рокови за плаќање на чланарина и други давачки на комората;
-во случај на спор, одлучува за територијата на која делува регионална занаетчиска комора;
-донесува Правилник за функционаирањето на Судот на честа и за постапката која што се води пред него.
Член 38
Управниот одбор на Занаетчиската комора на Република Македонија е формиран Претседател на Занаетчиска комора на Република Македонија и претседателите на регионалните занаетчиски комори и ги врши следните функции:
-ги спроведува одлуките и заклучоците на собранието
-утврдува предлог статут и други акти од надлежност на собранието
-предлага одлуки, завзема ставови и дава мислења за прашања од надлежност на собранието и
- врши други работи утврдени со статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 39
Надзорниот одбор го следи спроведувањето на Статутот и другите општи акти на Занаетчиската комора на Република Македонија, го следи финансиското работење и располагање со средствата на комората, и врши други работи утврдени со статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 40
Претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија ја претставува и застапува Занаетчиската комора на Република Македонија и е одговорен за законитоста на нејзиното работење.
Претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија го именува и разрешува собранието на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија не може истовремено додека ја врши функцијата, да биде истовремено претседател на регионална занаетчиска комора.
Член 41
Во рамките на Занаетчиската комора на Република Македонија се основа и работи суд на честа.
Судот на честа одлучува за кршење на добрите деловни обичаи при вршење на занаетчиска дејност, како и за повреда на статутот и другите акти на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 42
Занаетчиската комора на Република Македонија има стручна служба.
Стручната служба ја раководи директор кој го именува управниот одбор на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Општите акти за организација и работа на стручната служба ги носи управниот одбор на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 43
Бројот на членови на собрание, управниот и надзорниот одбор, нивниот избор и мандат и други прашања поврзани со нивната работа се уредува со статутот на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на занаетчиството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на образованието предлагаат по еден член во управниот одбор на Занаетчиската комора на Република Македонија без право на глас.
РЕГИОНАЛНИ ЗАНАЕТЧИСКИ КОМОРИ
Член 44
Регионалната занаетчиска комора ја следат и рагледува проблематиката на занаетчиството, се грижи за негов усогласен развој, ги застапуваат интересите на своите членови пред органите на локалната власт, вршат јавни овластувања пренесени од Занаетчиската комора на Република Македонија.
Регионална занаетчиска комора е правно лице и претставува самостојна стручно-деловна организација која делува на определено подрачје-плански регион, определен согласно закон. Со регионалната занаетчиска комора управуваат нејзините членови преку свои избрани односно именувани претставници во органите и телата на регионалната занаетчиска комора.
На подрачјето на еден плански регион се формира само една регионална занаетчиска комора.
Органи на регионалната занаетчиска комора се: собрание, управен одбор, надзорен одбор и претседател.
Во статутот на регионалната занаетчиска комора се утврдуваат задачите, целите, внатрешната организација и сите други прашања од значење за работата на регионалната занаетчиска комора.
Статутот на регионалната занаетчиска комора се донесува по претходно добиена согласност од страна управниот одбор на Занаетчиската комора на Република Македонија.
Член 45
Регионаланите занаетчиски комори се основаат заради:
1) развој и унапредување на занаетчиството на регионално ниво;
2) подобрување на квалитетот на произведените стоки и услуги;
3) заштита, спроведување и унапредување на деловните обичаи;
4) спречување на нелојална конкуренција и
5) промоција на занаетчиството во земјата, како и заштита и унапредување на дефицитарните занаетчиски дејности и старите занаети..
Член 46
Вршителот на занаетчиска дејност станува член на регионалната занаетчиска комора со денот на упис во регистарот на вршители на занаетчиска дејност. Членувањето на вршителот на занаетчиска дејнсот во регионалната занаетчиска комора зависи од неговото седиште.
Член 47
Регионаланите занаетчиски комори го водат Регистарот на вршители на занаетчиската дејност во име на Занаетчиската комора на Република Македонија доколку за тоа имаат добиено одобрение.
Начинот на пренесување на јавните овластувања на регионалните комори се пропишува во подзаконски акт кои го носи Министерот надлежен за работите од областа на занаетчиството.
Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на занаетчиството ги пропишува условите и критериумите кои треба да ги исполнуваат занаетчиските комори за вршење на јавните овластувања.
Доколку при извршениот надзор од страна на министерството надлежно за работите од областа на занаетчиството се констатира дека регионалната занаетчиска комора не се придржува кон условите и критериумите за вршење на јавните овластувања, министерот надлежен за работите од областа на занаетчиството ќе донесе акт за одземање на јавните овластувања.
VIII. ФИНАНСИРАЊЕ НА КОМОРИТЕ
Член 48
Занаетчиските комори обезбедуваат средства за извршување на своите надлежности од:
- задолжителната чланарина на вршителите на занаетчиска дејност
- надоместоци од вршењето на јавните овластувања
- надоместоци од услуги
- средства на коморите
- проекти
- донаци
- други извори.
Средствата стекнати од чланарина од вршителите на занаетчиската дејност се распределуваат така што најмалку 30% се наменети за Занаетчиската комора на Република Македонија, а 70% за регионалните занаетчиски комори според финансискиот план што го донесува Занаетчиската комора на Република Македонија.
Надзор и следење на наменското користење на средствата добиени од чланарина на Занаетчиската комора на Република Македонија и Регионалните занаетчиски комори врши надзорниот одбор на Занаетчиската комора на Република Македонија односно надзорниот одбор на регионалната занаетчиска комора.
Занаетчиската комора на Република Македонија донесува акт со кој ќе ги ослободи од плаќање на членарина на вршителите на занаетчиска дејност кои се занимаваат со дејностите кои се во изумирање.
Висината и начинот на плаќање чланарина го одредува Собранието на Занаетчиската комора на Република Македонија со одлука што се објавува во Службен весник на Република Македонија.
Надоместокот од јавните овластувања доколку јавното овластување е пренесено на регионалната комора се дели 30% за Занаетчиска комора на Република Македонија и 70% на регионалната занаетчиска комора која го извршува јавното овластување.
Надоместокот за извршените услуги од јавните овластувања, го одредува Собранието на Занаетчиската комора на Република Македонија по претходна согласност на Владата на Република Македонија.
Член 49
Занаетчиската комора на Република Македонија со финансиските средства ги финансира:
-остварувањето на заедничките општествени, економски и социјални интереси на вршителите на занаетчиска дејност,
-застапување на интересите на своите членови - развој и унапредување на занаетчиството и дејностите слични на занаетчиство во рамки на слободно дејствување на пазарни законитости,
-воведување единствен информатички систем за меѓусебно поврзување со регионалните занаетчиски комори и надлежните државни органи,
-реализирање на соработка со исти или слични организации и институции во земјата и странство, заради развој и промоција на националното занаетчиство, преку учество на саеми, изложби и слични манифестации,
-реализација на надлежностите кои произлегуваат од вршењето на јавните овластувања,
-други потреби согласно статутот и одлуките на Собранието, односно управниот одбор,
-задачите и обврските од застапување на интересите на своите членови во постапките на усогласување на постоечката или носење нова легислатива на национално ниво или на ниво на Европската Унија,
-задачите за информирање и општо стручно советување на членството,
- организирање на обуки, квалификации, преквалификации, доквалификации со цел подобрување на квалитетот на занаетчсиките производи и услуги,
- организирање на мајсторски испити,
-поединечни активности на советување и стручна помош на членовите на нивно барање кои како општи упатства не бараат ангажирање на одделни експерти од пооделна област, ниту пак бараат адаптација на посебни материјали, согласно начелата на советодавни организации.
Член 50
1.)Регионалната занаетчиска комора стекнува средства за извршување на своите задачи и работи од:
-задолжителна чланарина на членовите
-надоместоци од вршење на јавни овластувања
- надоместоци од услуги
- проекти
- донации
-други извори
Регионалната занаетчиска комора со обезбените средства од став 1 на овој член го финансира извршувањето на работите утврдени во член 44 и 45 на овој закон.
IX. ЕВИДЕНЦИИ
Член 51
Занетчиската комора на Република Македонија ги води следните евиденции :
• Регистар на вршители на занаетчиска дејност;
• Регистар на мајстори;
• Регистар на верифицирани работодавачи за ученици на практична обука;
• Регистар на договори за практична обука на ученици;
Лични податоци во евиденциите
Член 52
Во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност се внесуваат следните податоци: име, татково име и презиме, единствен матичен број, адреса на живеење односно престојувалиште на вршителот на занетчиска дејност, контакт телефон, вид на образование, број и дата на решението за извршеното впишување во регистарот, фирма на вршителот на занаетчиска дејност и скратен назив, назив и седиште на вршителот на занаетчиска дејност, контакт телефон, електронска пошта, шифра на дејноста и опис, вид на занаетчиска дејност (занаетчиско производство, занаетчиски услуги, уметничко занаетчиство или домашно ракотворење), број на вработени, престанок на дејноста, по кој основ, број и дата на решението, забелешка и потпис на лицето што го извршило впишувањето во регистарот.
Во евиденцијата на положени мајсторски испити се содржани следните податоци: име и презиме, единствен матичен број, адреса на живеење односно престојувалиште на мајсторот, контакт телефон, шифра на дејност и опис, стручна подготовка или стручна оспособеност (назив на училиштето, број и дата на свидетелството или диплома за завршено образование), број и дата на сертификатот за положен мајсторски испит, назив и седиште на вршителот на занаетчиска дејност.
Во регистарот на работилници за практична обука на ученици се содржани следните податоци: назив и седиште на вршителот на занаетчиска дејност, контакт телефон, електронска пошта, број и датум на мислење за исполнување услови на работилницата.
Во регистарот на договори за практична обука на ученици се содржани следните податоци: назив и седиште на училиштето/установата , назив и седиште на вршителот на занаетчиска дејност односно вршителот на дејност слична на занетчиство, име и презиме на ученикот, име и презиме на неговиот законски застапник односно старател, број и датум на договорот.
Во евиденцијата на ученици за практична обука се содржани следните податоци: име и презиме на ученикот, име и презиме на неговиот законски застапник односно старател, контакт телефон, адреса на живеење односно престојувалиште, назив и седиште на училиштето/установата .
Личните податоци од евиденцијата од ставот 1 на овој член се чуваат трајно.
Личните податоци од евиденцијата од ставот 2 на овој член се чуваат десет години од денот на издавање на занаетчиска дозвола.
Личните податоци од евиденцијата од ставот 3 на овој член се чуваат десет години од денот на положување на мајсторскиот испит.
Личните податоци од евиденцијата од ставот 4 на овој член се чуваат три години од денот на склучување на договорот за практична обука.
Личните податоци од евиденцијата од ставот 5 на овој член се чуваат три години од денот на склучување на договорот за практична обука.
Личните податоците од евиденцијата од ставот 6 на овој член се чуваат чуваат пет години од денот на внесување во евиденција.
X. НАДЗОР
Член 53
Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз негова основа врши министерството надлежно за работите од областа на занаетчиството.
Надзор над законитоста и наменското користење на средствата од јавните овластувања и чланарината кои ги стекнуваат Занаетчиската комора на Република Македонија и Регионалните занаетчиски комори врши министерството надлежно за работите од областа на занаетчиството.
Работите на инспекцискиот надзор ги врши Државниот пазарен инспекторат, преку државните пазарни инспектори, во согласност со овој и друг закон.
Надзор над реализацијата на програмите од областа на образованието врши Државниот просветен инспекторат, согласно со овој и со друг закон.
Член 54
Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор се утврди дека е сторена неправилност од членот 58 на овој закон, државниот пазарен инспектор е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од 8 дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на занаетчиството.
Едукацијата ја организира и спроведува Државниот пазарен инспекторатот, односно органот којшто го извршил инспекцискиот надзор во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти.
Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена.
Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
Доколку државниот пазарен инспектор при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор.
Доколку државниот пазарен инспектор при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочна комисија.
Државниот пазарен инспекторат, односно органот којшто го извршил инспекцискиот надзор и којшто ја организирал и спровел едукацијата, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на занаетчиството.
Член 55
Ако државниот пазарен инспектор, при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека вршителот на занаетчиската дејност:
1) врши занаетчиска дејност без занаетчиска дозвола (член 5) и
2) врши занаетчиска дејност што не е означена во занаетчиската дозвола (член 15 став 3),
ќе донесе решение за привремена забрана на вршење на дејноста во траење од 30 дена, како и привремено ќе ги одземе предметите - стоките со кои е извршен прекршокот и ќе издаде потврда за привремено одземените предмети - стоки.
Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Комисијата за жалби формирана согласно со Законот за Државен пазарен инспекторат.
Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување.
XI. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ
Член 56
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самото место за прекршок на правното лице, ако:
1) ја врши својата дејност надвор од просториите за работа (член 8 став 2);
2) не ја пријави исполнетоста на минималните технички услови (член 10);
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самото место и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самото место на физичкото лице (трговец поединец) за дејствијата од ставот 1 на овој член.
Државниот пазарен инспектор за прекршоците од ставот 1 на овој член е должен на сторителот на прекршокот да му врачи покана за плаќање на глоба во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.
Ако сторителот доброволно не ја плати глобата од овој член, државниот пазарен инспектор поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочна комисија.
Член 57
Глоба во износ од 1.500 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на вршителот на занаетчиската дејност, ако:
1) врши занаетчиска дејност без занаетчиска дозвола (член 12);
2) просториите не ги исполнуваат условите определени во членот 9 став 1 на овој закон;
3) врши занаетчиска дејност и покрај остуството на носителот на занаетчиската дејност (член 13 став 2),
4) врши занаетчиска дејност што не е означена во занаетчиската дозвола (член 15 став 3),
5) не се одјавува од регистарот на вршители на занаетчиска дејност (член 13 став 2),
6) ако обучува ученици без исполнување на условите од овој закон.
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на вршителот на занаетчиска дејност (трговец поединец) за дејствијата од ставот 1 на овој член.
За прекршокот утврден во овој член државниот пазарен инспектор е должен да му предложи на сторителот на прекршокот постапка за порамнување пред да поднесе барање за прекршочна постапка до надлежниот прекршочен суд.
Член 58
Прекршочната постапка по прекршоците предвидени во овој закон не може да се поведе ниту да се води ако поминат 18 месеци од денот кога е сторен прекршокот.
XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 59
Регионалните занаетчиски комори отпочнуваат со упис на вршителите на занаетчиска дејност три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Во планските региони каде што сeуште не се основани занаетчиски комори, уписот на вршителите на занаетчиската дејност во Регистарот на вршители на занаетчиска дејност ќе го врши Занаетчиската комора на Република Македонија, се до основањето на комората.
Член 60
Вршителите на занаетчиска дејност се должни да го усогласат вршењето на дејноста со одредбите од овој закон најдоцна до 31 декември 2013 година.
Член 61
Прописите според овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
До донесување на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат постојните прописи.
Член 62
Постојните регионални занаетчиски комори, се должни да го усогласат своето работење најдоцна во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Доколку субјектите од ставот 1 на овој член не го усогласат своето работење во пропишаниот рок, се бришат од регистарот и престануваат со работа по сила на овој закон.
Член 63
Занаетчиската комора на Република Макеоднија е должна да ги формира своите органи и тела во рок од три месеци од денот на донесување на овој закон.
Член 64
Правилникот и програмите за полагање на мајсторски испит, ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 65
На постапките кои се отпочнати пред денот на влегувањето на сила на овој закон, ќе се применуваат одредбите што важеле до влегувањето во сила на овој закон.
Член 66
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за вршење на занаетчиска дејност (“Службен весник на Република Македонија” број 62/2004, 55/2007,115/2010, 36/2011 и 53/2011).
Член 67
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.