Кодоши добиле награда 23 октомври?
  Објавено на
share

Го пренесуваме статусот од ФБ на новинарот Крум Велков во врска со наградите по повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба

 

 

 

 

Во кусото времепостоење, „вмровската“ награда 23 Октомври, меѓу другите, успеаја да ја добијат и два-тројца нелустрирани, а докажани кодоши, плус еден лустриран кој, патем, беше претседател на жирито на истата (машала!), а годинава, да не биде покусо, овенчан е и еден докажан интелектуален бугарофилски фетфебел. Следствено, предлагаме догодина наградата постхумно, со историска дистанца, да му се додели и на славниот Петруш Кодошот.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА КАНДИДАТУРАТА:
Петре Котов, од милоште наречен Лигушот, а по заслуги Кодошот, бил познат и како Петре Американчето (види историски синхроницитет, богати!). Лигушот, покрај кодошлакот, пројавил и други патриотски активности - бил секретар на Битолскиот окружен комитет на ВМРО, позиција што ја искористил за да украде големи суми народни пари (види уште еден историски синхроницитет, џанам!). Резултат на предавството на Лигушот е погибијата на славниот војвода Ѓорѓи Сугаре и целата негова чета.

Со оглед на погоре напишаното, сметаме дека постхумното доделување на наградата 23 Октомври на Петруш Кодошот Американчето само дополнително ќе го зацврсти нејзиниот авторитет и ќе исправи една голема историска неправда, со оглед на фактот дека нашиот народ неговиот светол лик го има опеано во славната песна „Развивај горо зелена“:

„Напред ми трга Петруш Лигушот,
Петруш Кодошот од Гени-маале.

Ајде што ми пошол Петруш Кодошот,
ајде што ми пошол на Вали-паша:
- Јаска ќе те молам, башка да бидам,
пуштај ме мене за град Битола,
јаска ќе ти кажам сите работи,
сите работи во Комитетот.“

http://pesna.org/song.php?id=782

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани