Волерс: Впечаток е дека двете најголеми етнички групи во Македонија се раздалечуваат
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

По повод изјават на неговата ексцеленција Пол Волерс, американски амбасадор во Македонија, дадена во интервју за кабелска тв 

 

Волерс: Впечаток е дека двете најголеми етнички групи во Македонија се раздалечуваат

 

Волерс дава интервјуа само кај полтрони и послушници, лакеи и платеници?!?!  Секако исто како и СДСМ, Волерс одбива да гостува во мојата емисија  бидеејќи знаеше дека нема да може да одговара на наместено интервју со договорени прашања, со однапред познати, за жал, антимакедонски ставови, а камо ли народот да му постави некое прашање, дури и на писмено. Зошто?

Можеше ли оваа изјава Велерс да ја замени со - ДВЕТЕ ЗАЕДНИЦИ МОЖАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА РАБОТАТ НА ДОБЛИЖУВАЊЕ и со тоа да се даде поттик кај сите страни да се окуражат кон подоби односи за да се осуеатат радикалите и оние кои сакаат да сеат верска и меѓунационална омраза. Секако дека можеше, секако дека може да ги поздрави сите напори за сплотување на општеството за подобар амбиент за хармонија ... но не .... тоа не го направи и нема да го направи ...

Срамно за една личност на ваква положба да оди во партиски гласила, а не на националната телевизија (каде се ионака се сместени најголемиот дел од новинари од бившата А1 ама кои колку-толку коректно си ја работеа својата работа и да се обрати до целиот македонски народ и сите националности, а со тоа да даде тежина и покаже дека америка е пријател на сите кои живеат во Македонија. Но, не, он одбра да се појави на кабелска , на канал кој е исклучиво партиски обоен, каде се промовираат антимакедонски ставови, ставови за промена на име, идентитет. ОК, и нека се умислува дека не му е ниво да дојде во Јади Бурек, но ова многу бедно ....  чекај, чекај .... Саше, пуленот на Геро, Сдсм, Сорос, Либералите, и главниот соборец на Бранко Црвенковски - Љубчо Георгиевски, пак ќе прави емисија .. па да, најверојатно таму ќе биде следното гостување на Волерс. Така и треба!

А секако, ова, за платениците на Сорос, за нив ова е доказ дека без оглед на тоа колку неговата ексцеленција ни се испоганува во уста, нам, кои си ја сакаме земјава и нашиот идентитет и не сакме промена на името и посакуваме само мир во земјата, долева бензин да разгори меѓунационална омраза. За сороспискиите експертутки оваа изјава е добредојдена како орудие за рушење на власта и по цена на нова меѓуетничка војна. Без оглед што и да кажат и сигурно декалративно дека сите оние се против омраза, војна и насилство, сесрдно се работи на тоа и се поттикнува само во една едниствена надеж - да се вратат на власт без избори, без воља на народот туку со интервенција однадвор или со етнички конфликт и секако, со помош на амбасадорот кој најави 5 милиона догодина за мадеумите на опозицијата, пљус 5 од Аорос пљус од холандската мабасада (не знам колку) пљус и од ваму-таму. Ситна боранија е владата во споредба со овие. Ако владата е ајкула, овие се ктиови убијци. И  после се чудите оти риупаат и хистерично вриштат: "ВЕШТЕР! ВЕШЕТЕР!" кога некој дамата ќе ја оцени како јебозовна :)

Не дај Боже да им успее, овојпат народот не е толку наивен, ќе се соочат со уште пожестока реакција заради нивните обиди да се направи украинското сценарио во Македонија. Не, така нема да се вратат на власт, не СДСМ, никој. Некој сепак ќе мора да поработи да допре до народот, а не да се кочопери со ароганција со пари добиени од надвор, а против својата земја и својот народ ...

Јас останувам со мојот народ и сите добронамрни граѓани во мојата земја -  НЕМА ДА ТЕ ПРЕДАДАМ НА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ТВОИ НИТУ, ЦЕЛИВ ЌЕ ТИ ДАДАМ КАКО ЈУДА!


 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани