СТОП НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА
  Објавено на
share

Денеска, 25-ти ноември, ширум светот започнаа 16-те дена активизам со кои треба да се сврти вниманието, да се подигне јавната свест и да се предизвика конкретна акција за елиминирање на сите форми на родово базирано насилство.

Денешниот ден е одбран за Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените за да се одбележи убиството на трите активистки од Доминиканската Република кои во 1960 година се брутално убиени поради нивниот бунт против диктаторскиот режим на тогашниот претседател на земјата Рафаел Труиљо. 

16-те дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот  ден на човековите права. Датумите не се одбрани случајно, туку со цел да се направи поврзување помеѓу насилството врз жените и девојчињата и кршењето на човековите права. Имено, токму насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, од што во светски рамки страда секоја трета жена.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани