Новиот крал на Саудиска Арабија ќе подели 27 милијарди долари на сојот народ
  Објавено на
share

 

Новиот крал на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал Сауд (79) своето крунисување одлучил да го прослави така што на своите поданици ќе им подели нешто повеќе од 27 милијарди евра.

Во пораката на Твитер која досега е споделена повеќе од 350 илјади пати, кралот напишал:
- Драги луѓе, заслужувате и повеќе од тоа што јас би ви го дал.

Износот кој го дели кралот вклучува и двомесечни примања за сите државни службеници за сите службеници, војници, студенти и пензионери.

Воодушевените Саудијци веќе нарачуваат нови мобилни телефони, луксузни часовници и резервираат патувања. некои мажи оставиле пораки како ќе оставаат пари за да може да се оженат со првата, втората па можеби и третата жена.

Дарежливоста честопати е начин на кој новите монарси се обидуваат да ги освојат срцата на своите поданици.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани