Политичка и идеолошка борба во Македонија
Автор: Цветин Чилиманов   Објавено на
share

 

 
 
 
Ако мислите дека политичката борба во Македонија е нерамноправна, тоа не е ништо во споредба со исходот во идеолошката борба. На идеолошки план, десницата во пракса ја докажа Лаферовата крива - дека пониски и рамни даноци се добри како за економскиот развој, така и за полнење на буџетот, Со рамниот данок илјадници бизниси кои функционираа на црно решија да се легализираат, а илјадници нови се отворија или унапредија, со една од најдобрите стапки на раст во Европа (буџетот, и покрај намалувањето на данокот, не се намали или отиде во прекумерен дефицит, напротив, расте во апсолутни бројки, а е релативно зауздан како процент од БДП).
 
Десницата потоа продолжи да ја шамара левичарската идолатрија покажувајќи дека со полабав закон за работни односи и со намалување на давачките за ФЗО, ПИОМ и данокот на доход, невработеноста се намали за 10 процени. Законот направи да биде полесно да се отпуштаат работници, а компаниите не отпуштаа, напротив, вработуваа. Понатаму, десницата покажа дека со дерегулација и отвореност за конкуренција, во банкарскиот сектор ќе се издаваат многу повеќе кредити за далеку пониски камати (станбените камати од двоцифрени станаа едноцифрени), а во телекомункацискиот бизнис повеќе провајдери значи поефтини тарифи (сметките од четирицифрени станаа троцифрени). Со денационализација и легализација и префрлање на градежното земјиште на општините, градежниот сектор расте во двоцофрени проценти годишно. Со бришење на даноците и регулативите, се покажа дека странска фирма може да се реши да постави погон што извезува милијарда евра буквално на ливада која беше на граница на воено поле десет години порано. Да се имаше храброст да се спроведат подлабоки десничарски реформи и во здравството и образованието, со повеќе конкуренција, приватни инвестиции, ваучери, да се немаше сомнеж и со повеќе решителност, денес ќе имавме спасени илјадници души, што физички, така и од интелектуално осакатување,
Од другата страна, што? Левицата свесна дека системот што го градеше со децении и се распадна, беше принудена со пола срце и без никакви познавања или почит за слободниот пазар да спроведува пазарни реформи во 90ите, кога беше на власт, во опозиција дел потона во тотален радикализам, дел се самозатвора пуштајќи партизански филмови и песни на рипит, дел чека странска интервенција, дел комплетно тргна по тоа малку памет што им останало на реликтите на УДБА. Добија трошка надеж со победата на СИРИЗА - Меркел ги здроби за три дена. Бедна, мртва, истрошена идеологија, принудена да ги префарбува своите злосторства од минатото за да проба да се вади на стара слава. Партиски пораз? Наместени избори? Медиумска блокада? Не, другари, ова ви е тотален пораз на полето на идеи.
 

 

 

 

 

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани