АД Жито Лукс Скопје ќе се одржи Акционерско собрание.
  Објавено на
share

Почитуван Г-дин Јанко, 

 

Бидејќи твојата емисија е најгледана те замолуваме да објавиш една информација.

 

На 22 .04.2015 год. во  14 часот во просториите на  АД Жито Лукс Скопје ќе се одржи Акционерско собрание.

 Со допис до компанијата баравме да бидеме повикани писмено сите Малцински акционери но тие тоа не го сторија.

 Велат дека имале објавено  во Утрински весник еднаш , на нивната веб страна и на страната на берза.

 Малцинските акционери имаат по 70 год. не користат интернет а ретко кој ќе прочита и во весник кога само еднаш е објавено

.Затоа те МОЛИМЕ прочитај го ова известување да дознаат повеќе луѓе за да бидат информирани и да присуствуваат на Акционерското собрание или ако неможат да ополномоштат некого во нивно име да присуствува.

 Секоја година заради неинформираност доаѓаат  многу малку акционери а ние сме 1500 акционери и треба да присуствуваат за да се види зошто оваа компанија 14 год. работи со континуирана загуба.

 БЛАГОДАРНОСТ и поздрав

 Од  Малцинските акционери на АД Жито Лукс Скопје




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани