Cineplexx Macedonia + Fx3x
  Објавено на
share

До пред некој година киното и кино културата во Македонија беше во коматозна состојба. Кино публиката едноставно ниту имаше (многу) каде, ниту беше заинтересирана за одење и гледање кино претстави. Со отварањето на Синеплекс кината во Македонија, која стартуваше со 9 сали во рамките на Сити Мол, полека, но сигурно предизвика неверојатна преобразба на една заборавена култура кај нас - Одење во кино, следење филмски остварувања.

Но и тоа не беше сосема едноставна задача, но денес можеме да констатираме дека имаме сериозна публика која ги следи скоро сите жанрови но и враќање на онаа публика која досега воопшто не беше заинтересирана, а е една од најбројните во светот - младата, тинејџерската публика.

Мене лично, кој го следев потполното умирање и замирање на коното кај нас убеден дека прво тоа беше заради видеотеките а потоа и интернетот, ова е просто нејевројатна појава.Затоа за вечерва, петок, 24 април 2015 ја поканив Кочкова Кети, генерален менаџер на Синеплекс Македонија да гостува во емисијата. Секако, покана упатив и до Рената Наумовска, портпарол на  најуспешната приватна компанија Fx3x кај нас, прогласена за најдобра претприемачка компанија во Европа, која постигна огромни успеси со својот ангажман на работа за специјални ефекти на најголемите светски филмови, а како предговор на прикажувањето на Avengers - Age of Ultron , светскиот мега-блокбастер на кој работеа и нашите "специјалци", а кој ќе се прикаже ден порано од светската премиера.

Двете дами ќе говорат за сите овие сегмненти и за ренесансата на филмската култура на одење во кино кај нас




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани