Соопштение
  Објавено на
share

Денеска пред мојот дом се случи вербален напад врз мене.

Настанот се случи одколу 12 и 30 напаладне кога пред мојот дом едно момче во тренерки стоеше  и говорејќи на мобилен упорно гледаше кон мене. Не обрнав внимание, седнав во автомобилот и тргнав да се приклучам на сообраќајот. Во тој миг тој ми покажа гестикулација со раката, палец надоле. и стоеше точно на влезот на мојот двор. Првин помислив дека нешто не е во ред со мојот автомобил и застанав и прашав што е работата.

Тогаш тој тргна кон мене и ми рече . Готов си! Ти дојде крајот!

Беше облечен во тренерки, ми беше непознат но сеуште не можев да разберам за што се работи. Продолжи на висок тон да ми говори дека сум готов, дека ќе ме снема, дека уште малку ми останало, дека ми дошол крајот ... дури кога рече дека сум перел мозок на народот и сум вршел пропганда веќе почна да ми станува јасно дека ми се закнува. Му реков да одстапи, но не сакаше да се повлече, и продолжуваше да ми говори како му се гадело од мене, дека за месец дена ќе сум видел што ќе ме снајде, дека ми е дојден крајот и тоа постојано го повторуваше.

Бев видно везнемирен затоа што тоа се случи пред мојата семејна куќа, во која беа моите деца и се јавив во полиција. Иако го предупредив дека не смее така да ми прави, не особено пред мојот дом и да ми се заканува почна да говори дека имал право, дека он бил милионер, дека имал германски пасош. Разбрав дека има 20 години. Полицијата ги има сите детали. Имам и негова слика и кратка снимка која ќе ја доставам до институциите.

Полицијата дојде, го легитимираше и поднесе соодветна пријава.

Ова е досега без преседан во мојата 15 годишна кариера, имало луѓе кои не се соглсувале со мене но скоро секој ми ја полчитувал приватноста. Ова е еклатантен пример на кршење на моите лични но и новинарски права, притисок и заплашување кое иако во првиот миг за кратко ме вознемири заради семејството, не ме исплаши ниту поколеба.

Јас ова го работам 15 години и одговорам пред народот и институциите за моите постапки, но нема да дозволам и нема да премолчам вакво нешто да се случува на прагот на мојот дом.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани