ФБ статус на Чилиманов
Автор: Цветин Чилиманов   Објавено на
share

Левицата нема што да каже во своја одбрана гледајќи како се отвараат нови фабрики. Поточно, гледајќи колку лесно било да се донесат странски фабрики направени од нула, наспроти колапсот на посоечки фабрики во нивно време. И затоа викаат дека е проблем тоа што Германците не нуделе германски плати за македонски работници, Британците не нуделе британски плати, а инвеститорите од Белгија не нуделе белгиски плати. Како прво, ми иде да ги прашам економските експерти кои тоа го велат, дали тие на пазар доброволно плаќаат дупло за килограм патлиџани, само затоа што во Германија би платиле дупло. Дури ни гастарбајтерите, кои можат, не го прават тоа. Цената на производот ја диктира пазарот. Но, уште подобра споредба е ако претпоставиме дека во Македонија дошла германска компанија која одеднаш откупила половина од производството на патлиџани во еден град. По пазарна цена. И најави дека ќе продолжи тоа да го прави секоја идна година. Драстично зголемената побарувачка на некој артикл, дали се тоа патлиџани или работна рака, природно ја зголемува цената. Како што новите фабрики ја впиваат целата расположива работна рака во Штип или Кавадарци, природно е дека утре, и тие, и другите домашни компании, ќе плаќаат се повеќе и повеќе за своите работници, се додека, здравје Боже, за три, пет, седум децении, не ги стигнеме нпр Германците.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани