КАНВАС од Белград единствените неисламисти на листата 85 терористички организации Ова е бандата експерти за државни удари која стои зад СДСМ!
  Објавено на
share
КАНВАС од Белград единствените неисламисти на листата 85 терористички организации

Ова е бандата експерти за државни удари која стои зад СДСМ и Заев!

 
17 мај 2015 - 19:38

Моделот за насилни демонстрации и државни удари, организиран од платеници познати како група Отпор! – и кој се покажа како успешен во Србија за уривање на Слободан Милошевиќ, не заврши со неговиот пад. Напротив, стана подземен политички бизнис. Усовршен и досега е применет во над 30 земји, меѓу кои: Грузија, Либан, Украина, Малдиви, Египет... Идентичен модел е применет и во Украина. Западните разузнавачки служби ја координираа заедничката работа божем невладините организации, како белградската агенција за револуции и подземна политика – Канвас, и неонацистичките организации како Десен сектор и партијата Свобода, кои одиграа клучна улога во државниот удар, и подготовките за граѓанска војна во Украина. 

Српските платеници собрани под фирмата Отпор! видоа многу пари, и многу моќ во процесот на уривање на Милошевиќ. Видоа, и решија да продолжат – станаа фабрика за извоз и креација на немири, насилни демонстарции, терор, убиства и државни удари. Ставањето на агенцијата Канвас на листата на терористи и соработници на терористички организации во друштво на Муслиманските браќа, Ал Каида, Боко Харам не е никаква грешка, туку сосема логична последица на нивниот ангажман.

Има ли Канвас свои активности и соработницви во Македонија. Има.

Прв пат Канвас се промовира во Македонија во 2009 година, при обука организирана од групацијата Форум, партнер на фондациајта Сорос, а први промотори на Канвас во Македонија се Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски. Обуките се наречени "Школа за активно граѓанство", и досега има вкупно 6 генерации нивни активисти кои излегоа обучени од Канвас. Финансиери на обуката се фондацијата Сорос и УСАИД. Првиот протест кој го организираа е оној по загинувањето на Мартин Нешковски, во 2011 година..Ова се доказите дека државниот удар, насилните демонстрации, поттикнувањето етнички тензии до ниво на контролирана војна, уривањето државни институции, земање власт без избори... кое го гледаме сега во 2015 е планирано и почнато уште од 2009 и 2011 година.

 

Кабинетот на принцот Бин Зајед, односно владата на Обединетите Арапски Емирати, во согласност со законот за сузбивање тероризам во мај годинава објави листа на терористички организации за во медиумите и општеството да се подигне свеста за опасностите од нивното делување и ризиците кои тие ги носат. Листата опфаќа 85 имиња меѓу кои се Ал Каида, Боко Харам, Муслиманското братство... Попишани се сите исламистички и џихадистички групи кои се закана за секој умерен секуларен систем во муслиманските земји.

Единствена неисламска организација на листата е Канвас од Белград.
Директорот на оваа организација која делува и оперира под името Канвас е Срѓан Поповиќ, во изјавата за медиумите тврдеше дека станува збор за грешка.
Овој случај предизвикува лоши последици не само за имиџот на Србија, туку и од безбедносен аспект. И тешко дека се работи за грешка. Одиме со ред.

Канвас – организација за "ненасилни" протести со многу крв

Како резултат на затвореноста на медиумите и митот за демократска револуција во Србија, работата и активностите на Канвас се малку познати. Канвас е создаден од моделот на безбедносните структури на САД кои го развија во текот на подготовката на соборувањето на Слободан Милошевиќ.

Тоа што кај нас се нарекува демократска револуција во Русија, Кина, Иран и неколку други земји се изучува како модел на т.н. обоени револуции, кога Американците и нивните сојузници ги поткопуваат и уништуваат за нив несоодветните државни системи во светот. Ненасилен отпор, како важен сегмент во државниот пресврт, го смислиле и развиле теоретичарите Џин Шарп и легендарниот полковник Роберт Хелви, кој прв пат го имплементирал во Србија во текот на организацијата Отпор, а за нивните активисти лично ги обучувал активистите. Споре Њујорк Тајмс, САД инвестирале 25 милиони долари во активностите на Отпор, кој потоа преминува во агенцијата Канвас.

Моделот кој тогаш се покажа како успешен во Србија, оттогаш е развиен и спроведуван во повеќе од триесет земји. Активистите на Срѓа Поповиќ и неговите соработници кои ги обучувал досега делувале во Украина, Грузија, Либан, Унгарија, Египет, Малдиви... и учествувале во голем број на смени на легално избрани власти. Од 2004 година, оваа организација е формализирана под името на Канвас, како комбинација на невладини организации, разузнавачки информации и консалтинг компанија. Со Поповиќ, најважното име во Канвас, како што стои на нивот веб сајт е бизнисменот Слободан Ѓиновиќ, сопственик на "Орион Телеком".

Но, од каде тие во друштво на Ал Каеда?

Оние кои внимателно ја следеа таканаречената Арапска пролет, односно државни удари во Алжир, Либија, Египет... знаат дека на терен синхронизирано функционираше коалиција на западните фондации и невладини организации од типот на Канвас и исламистички групи како Муслиманското братство. Тоа е моделот со кој насилно е симнат режимот на Хосни Мубарак во Египет.

Каде што ненасилните методи не даваат саканите резултати, коалицијата приклучува и вооружени џихадистички групи, како што беше случајот во Либија или Сирија.

Ова не се шокантни податоци ако се следи историјата. Американците, а пред нив и Британците имаат долга историја на соработка и употреба на радикални исламистичи групи за свои политички цели.

За време на Првата Светска војна, легендарниот Лоренс од Арабија стекна светска слава поттикнувајќи исламизам меѓу различните арапски групи кои живееле во Отоманското царство со кое Британија беше во војна.

За време на 80-тите години од 20. век ЦИА и другите разузнавачки служби ги обучуваа и вооружуваа најрадикалните исламистички групи во Авганистан за да се борат против силите на тогашниот Советски сојуз.

Во 90-тите дојде до ширење на овој модел на војување на Балканот и на Кавказ: западњаците без проблем го толерираа доаѓањето на најрадикалните исламистички групи кои многу подоцна имаа директна врска со терористичките напади во Мадрид, Лондон и Њујорк.

Но, кога почна Арапската пролет- старите партнери се најдоа на иста задача.

Идентичен модел е применет и во Украина. Западните служби ја координираа заедничката работа на либералните НВО како Канвас и неонацистичките организации како Десен сектор и партијата Свобода, кои одиграа клучна улога во насилниот пуч, и подготовките за граѓанска војна во Украина против големото руско етничко малцинство во Украина. Ставањето на Канвас на листата на терористи и соработници на терористички организации не е никаква грешка, туку сосема логична последица на нивниот ангажман.

Ваков статус на Канвас и други невладини организации од Србија кои се користат за уривање на легални и легитимни системи е голем проблем за Србија. Срѓан Поповиќ, иронично, на државниот факултет во Белград предава ненасилен отпор, иако нема никакви квалификации да биде професор.

 Потсетуваме дека невладини организации од Србија и Белград помагаа за протестите против Путин и дека неколкумина од нив се протерани од Русија. Подриваат пријателски системи кои сакаат добрососедски односи и странски инвестиции за нови работни места.

Многу загрозени држави од ваквите активности на фабриките за државни уадри, како Канвас, нема мирно да гледаат, па можни се контраразузнавачи акции кои ќе се пренесат на територијата на Балканот, особено од Американците кои тврдат дека имаат право да делуваат секаде против терористите.

Она што САД го крие – Викиликс го открива: Канвас се финансира од американски пари

Веб-страницата Викиликс објави испратени внатрешни е-mail конверзации на вработените во американската организација за геополитички анализи "Стратфор", наречена во медиумите како "ЦИА во сенка".

Едно од лицата од овие пораки е Срѓан Поповиќ, во тоа време истакнат член на "Отпор" и денес извршниот директор на Центарот за применета ненасилна акција и стратегии (Канвас), за кој се тврди дека се вклучени во целиот свет во соборувањето на режими на диктатори и автократи кои не им се допаѓаат на САД.

Во пораките напишани помеѓу 2007 и 2010 година, активистите на Канвас се опишани како поранешни членови на "Отпор", "децата" кои откако беше соборен Милошевиќ, се ставија во костуми и го основаа Канвас.

"Тоа е импресивна група. Тие одат, формираат "акција" во таа земја и се обидуваат да го соборат системот. Кога се користат соодветно, тие се посилни од една борбена група на авиони", стои во една од пораките за Канвас напишана од " Стратфор" објави Викиликс на 25 ноември.

Во една од пораките, клучните луѓе на "Стратфор" дебатираат за изворите на финансирање на Канвас и тие заклучуваат дека "оваа организација добива многу американски пари".

"Јас немам детали, но разговарав со некои луѓе кои лобираат за нив да добијат дури и повеќе пари, како што се Мик Мек Фаул на Институтот Хувер (денеска американскиот амбасадор во Русија)", стои во една од пораките објавени на Викиликс.

Понатаму се наведува дека "Отпорот" е финансиран, меѓу другите, од страна на Фридом хаус, Меѓународниот републикански институт, Институтот за отворено општество СОРОС, УСАИД и од Американскиот институт за мир.

"Со оглед на тоа дека Канвас се состои во основа од истите луѓе како оние на Отпорот, јас сум сигурен дека истите патишта за долари се отворени за нив", се заклучува во е-малиот објавен на Викиликс.

Што навистина сакаат "Стратфор", односно "ЦИА во сенка", од поранешните членови на Отпор, а денешен Канвас? Сакаат две работи - информации и контакти од активисти на Канвас кои се појавуваат како промотори на ненасилен отпор на многу кризни места во светот.

Еден од аналитичарите на Стратфор, во е-маилот вели дека тој ги знае членовите на Канвас од 2007 година и дека испраќаат до него информации за Венецуела, Грузија и Србија.
Срѓан Поповиќ, поранешен истакнат член на "Отпор" и денес извршен директор на Канвас, за Блиц вели дека "некои од информациите објавени на Викиликс се вистинити, но повеќето од пишаното е претерано."

Тој вели дека Канвас се занимава со едукација на активистите во светот за ненасилна борба против диктатурата и дека одржале презентација на Стратфор во Остин, САД пред четири години, во исто време кога и предава на Факултетот за политички науки во Белград.

"Ние работиме со активисти без разлика дали се за или против САД. Станавме глобално познати по нашата работа со Египќаните. Хосни Мубарак не беше противник на САД, но можеби еден од нејзините најголеми сојузници. Ние не земаме пари од американската влада, или од српската влада, или било која друга влада бидејќи на тој начин ние би ја изгубиле нашата независност " укажува Поповиќ.

Основачот на Канвас дека е точно дека тој прави анализи за различни институции и медиуми, но "кога Викиликс тоа ќе го спакува, изгледа како наука и шпионажа."

Како Отпор стана Канвас?

Движењето Отпор е формирано во октомври 1998 година како одговор на новите закони за универзитетите и медиумите кои не им одговараа на студентите. Во почетокот, активисти на Отпор имаше само на Универзитетот во Белград. По бомбардирањето на Сојузна Република Југославија од НАТО, Отпор започна со политичка кампања против југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ. За време на претседателската кампања во септември 2000 година, Отпор ја почна својата кампања, "Готов е ", изразувајќи незадоволство од Милошевиќ. Оваа кампања е една од клучните потези кои придонесоа за падот на владата на Милошевиќ. Отпор во врвот на својата активност имаше повеќе од 70.000 активисти.

The New York Times пишува дека Отпор функционирал благодарение на големиот прилив на пари првенствено од САД. Само еднa американска организација за соборување на Милошевиќ доделила 25 милиони долари. Отпор, според Њујорк Тајмс, за една година потрошил неколку стотици илјади долари

Даниел Карингарт од Меѓународниот републикански институт тврди дека нивниот Институтот дал 1.800.000 $ во 2000 година.

По падот на Милошевиќ, движењето вети дека ќе се бори против корупцијата. Сепак, изгуби многу активисти, бидејќи имаше помали цели од висока вредност на Милошевиќ, и со падот на тензиите во општеството се намали и интересот за отпорот. Отпорот се трансформира во политичка партија и на парламентарните избори во 2003 година, освои само 62.116 (1,63%) гласови. На крајот, Отпор се претопи во Демократската партија (предводена од Борис Тадиќ) во септември 2004 година.
Следејќи го примерот на Отпор, формирани се многу про-западни организации во Грузија, Украина, Албанија, областа Оброн во Русија, Узбекистан, Либан, Хрватска, Киргистан, Египет.

Канвас во Македонија- Школа за активно граѓанство на УСАИД и СОРОС!

Прв пат Канвас се промовира во Македонија во 2009 година на обука организирана од групацијата Форум, а како промотори се Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски. Обуката е одржана во Охрид и на неа предавањата ги врши лично Срѓан Поповиќ. Потоа се прави разгранување: направени се неколку групи од школуваните активисти кои започнуваат нови обуки на нови активисти. Обуките се одржуваат во хотелот Романтик во Велес и целиот овој процес трае три години, до 2011 година, со обуки и предавања од по неколку дена два пати годишно.

Обуките се наречени "Школа за активно граѓанство" и има вкупно 6 генерации активисти кои изгледоа обучени од Канвас.

Покрај промоторите Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски, како едни од главните предавачи во Македонија се и Соња Исмаил и Зоран Бојаровски, дел од групацијата Форум. Финансиери се СОРОС и УСАИД.

Од 2011 година наваму, почнува собирање на идеите од активистите- каде може да се примени наученото и каде може да се организираат наводно ненасилни протести кои директно ќе бидат финансирани од СОРОС и УСАИД.

Првиот ваков протест е за Мартин Нешковски во 2011 година. Следуваат Паркобраните кај хотел Бристол, протестите на стечајците, на хонорарците, а особено студентскиот, средношколскиот, наставничкиот, новинарскиот и другите пленуми го имаат потписот на Канвас...

Членовите на Студентскиот пленум во декември 2014 добија обука и тренинг од Иван Маровиќ вработен во Канвас, дел од некогашен Отпор. Обуките се одржуваа во декември 2014 и јануари 2015 во Скопје, во групи од 20-тина одбрани активисти на Студентскиот пленум. Протестите кои потоа уследија исто така го имаа потписот на Канвас и некогашниот Отпор: Кругот, кој го носеа студентите над глава!

Срѓан Поповиќ три пати дојде во Скопје да надгледува, управува и советува со Бомбите и протестите на опозицијата: во март 2015, на крај на Април 2015, почеток на Мај 2015.

(Продолжува...)




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани