Путин го потпиша законот на непожелните невладини организации
  Објавено на
share

 

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во саботата законот со кој на властите им се забранува работата на странска невладина организација за којашто ќе проценат дека работи против интересите и законите на Руската Федерација, кој го критикуваа активистите за човекови права.

ОБСЕ побара од рускиот претседател Владимир Путин да стави вето на овој закон, кој по мислењето на странските невладини организации претставува „облик на репресија против критичарите на власта“. Пред три години беше донесен друг закон кој Западот и тамошните невладини организации го сметаа за контроверзен, кој се однесува на ткн „странски агенти“, со кој сите активисти и невладини организации во Русија мора јавно да објават од каде се финансираат и дека работата како странски активисти.

Во текстот од законот кој во текот на изминатата седмица ја мина процедурата во двата парламентарни дома и го доби потписот на претседателот, се наведува дека „делувањето на некоја странска или меѓународна невладина организација која претставува закана за уставните темели на Руската Федерација, на одбранбената способност или сигурноста на владата, може да биде прогласена за непожелна“, се истакнува во соопштението од Кремљ.

Приврзаниците на законот го сметаат за неопходна мерка на претпазливост, откако ЕУ и САД отворено издвоија големи буџети за финансирање медиуми и активисти во Европа и во Русија со кои треба да ја „соопштуваат вистината“ за украинската криза.

Законот им овозможува на властите да го забранат дејствувањето на некоја невладина организација во Русија и кривично да ги гонат нејзините вработени, на коишто им се заканува парична казна или до шест години затвор или забрана за влегување на руската територија.

Овозможува, исто така, овозможува блокада на банкарските сметки на таквите организации и забрана за нивен пристап до медиумите, додека руските организации кои добиваат средства од организации кои се прогласени за непожелни мора да ги покажат сметките за своите активности.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани