Шопинг тура во Скопје во ВИП стил
  Објавено на
share

За многу земји од регионов, особено Косово, Скопје е повеќе од привлечна дестинација за шопинг и забава, особено во Сити Мол. Вработените кажуваат дека уште на самото отворање, наутро, се веќе пред врата туристи кои целиот ден, до навечер го минуваат во Сити Мол во шопинг, забава, кино, куглање, ресторани и потоа се враќаат со полни торби назад дома.

Она што е фасцинантно што за некои од нив ова е небаре одење во Лас Вегас и чин на престиж па доаѓаат со стил. Но каков стил. На фотографија ви е Хамер долг скоро колку наш даблдекер кој превезуваше цела свита на дотерани, модерни шопинг туристи од Косово. во ВИП стил, ама ептен ВИП!

За просечниот (влав напр) македонец и натаму му е послатко парите да ги троши во Космос Медитеран во Солун.

Како и на секое тревопасно, травата во туѓиот двор е позелена, посочна :)

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани