Тајните мочуришта зад улицата Јордан Мијалков
  Објавено на
share

Коце направи за Градов што сите градоначалници заедно не успеаја. За тоа секоја чест. Еве сега ја прошири и Јордан Мијалков, бивша Железничка и навистина изгледа ТОП иако уште не е отворена. Но зад неа, се крие мрачна, опасна тајна која може да донесе и болести, а се наоѓа во центарот на градот.

Оваа локација не е негов сектор, знам, ова е под ингеренции од Транспорт и Врски кои одамна тврдат дека оваа локација на пропаднатиот и никогаш изграден Радисон Хотел, (кој нема никогаш ни да биде изграден), е купена од некоја турска фирма која досега требала да почне да гради, но бидеејќи не почнала, плаќала, наводно, секојдневни пенали. За тоа нема никаква потврда, ни доказ, освен дека ми е пренесено како такво. Нејсе, дудуците и цреповите од опозицијата наместо да притиснат за сериозни вакви работи тропаат со тенџериња.

На местото на изградените темели е вистинско мочуриште и потенцијална опасност од ширење зарази. Оградата сепак не можат да ја сокрие оваа пост-апокалиптична глетка.  ова го пишувам да се преземат мерки оти е веќе претерано и прашање е на време кога ќе гледаме луѓе во хазмат одела  таму. Да не биде предоцна!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани