Слуги на вампир не градат свет за луѓе
  Објавено на
share

Во амбиент на интензивно рендген-зрачење и стравотни магнетни бури што ги предизвикува нашето Сонце, кое баш сега, кога ние сме живи, најде да влегува во климактериум, се трудам да го следам и овоземскиот светски хаос предизвикан од климактеричната политика.

Заклучокот ми е космички. Обата процеси се незапирливи. Промени ќе има. Суштински. Веќе почнаа, тука се, ги гледаме, се крчкаат наспроти сите обиди да се запре или да се врати времето, да се намалат брзината и правецот на менување. Само ако го свртите погледот кон минатото, кон историјата на планетата, на општествата креирани од човекот, јасно ќе видите дека, и покрај сите отпори и употребена сила, ниту еден земски бог (крал, фараон, елита, воспоставен ред, избрана парадигма, догма) не успеал да ги запре налетот на промените и крајот на востановената моќ.

Затоа и им се чудам на денешниве бранители на светот, кој веќе е во претсмртна агонија, како тврдоглаво не го пуштаат она што веќе е мртво. „Сепак се врти“, ќе извика Галилео Галилеј додека го гореле на клада. Тоа е одговорот и денес, па затоа изгледа трагикомичен обидот на Орбан да го запре мигрантскиот налет кон центарот на ветеното кралство на просперитет, богатство и благосостојба со некаковси заштитен ѕид. Е-хеј, колку такви ѕидови паѓале во минатото пред масовните преселби на племињата во потрага по подобар живот. И никој никогаш не ги запрел тие налети на „скакулците“.

Навистина ме чуди крај толку писмен свет и при толку размножени експертутки и научници, особено на Западот, уште да се шири пропагандната фама дека „дивјаците“ сами по себе, несвесно и со гадни мотиви ги напуштаат домашната територија, своите домови, познатиот амбиент, локална култура и навики само за да се доберат до туѓото. Цивилизираните Европејци решија политички да се бранат со мантрата „Европа на Европејците“. Затоа на сите страни почна пак да цути нацифашизмот. Словачкиот е последен пример. И бидејќи елитите си мислат оти оваа појава има ефект на инсектицид, пропагандно го стимулираат и медиумски го поддржуваат. Само што гадно се зафркнале. Лекот за масовното мигрирање лежи во промената на политиката.

Причината за тековните миграции е во опстојувањето на колонијализмот и неоколонијализмот, во војните организирани за профит, во инвазиите врз други држави и нивна целосна девастација. Сакам да кажам, не се Европејците тие што треба да кажат „Европа на Европејците“, оти секоја педа земја на планетава, на сите континенти вришти од знаци на освојување, поробување, колонизирање, експлоатација, масовни погроми, кои траат до ден-денес, а се во евроатлантска изведба. Сакате глобална власт и доминација, заговарате светско робовладетелство, а барате ѕидини да ви ја чуваат вашата привилегија!? Молам! Баш да видиме колку ќе ви успее! Не тргнаа Африканците, Индиосите, Азијатите кон белата Европа со своите шамани, врачови, богови да ви наметнат сопствена религија, политички и економски систем. Обратно ќе да беше и затоа оној луд Полјак од врвот на полската „цивилизирана“ политика изгледа како чистокрвен Хитлеров следбеник кога деновиве порача дека во цивилизираната Полска ќе можат да мигрираат исклучиво христијани. Будала! Будали се и сите оние што намислиле Балканот да го претворат во ѕидина, во собирен конц-логор за бегалци од подрачјата што се жртви на НАТО „хуманитарни војни“.

Можеби високото зрачење и константните магнетни осцилации го стимулираа лудилото на пензионираниот американски генерал Весли Кларк, кој предлага Америка да се брани од мигрантскиот налет со масовна сегрегација на луѓето по принципот, ако си по потекло од земја што не o7; се покорува на Америка беспоговорно, завршуваш во логор. Како во Втората светска војна. Лудаков уште очекува оваа политика да ја следат европските партнери преку адаптација на својата законска регулатива, па ги наведува Велика Британија, Германија и Франција како пример. Кандидатов за висока државна функција во идната администрација на демократите, доколку победи кланот на Клинтонови, заговара Кастерово решение по кое беа истребени домицилните племиња.

Сепак, најсмешна е британската колонија Австралија, која деновиве се обиде да се брани од напливот на радикалниот исламски налет (во колонијата има само 2 отсто муслимани) со паролата „Австралија на Австралијците“. Чист пропаганден копи-пејст. Еј, бре! Кај има нешто полудо, а произведено од нефункционален човечки мозок изложен на долго рендген-зрачење! Да се сетиш на вакво „идејно решение“, а да заборавиш дека оригинерните Австралијци се Абориџините што беа буквално истребени од европските (англиските) колонизатори и колонисти, е идентично на она што осамна пред револуционерниот камп на Владе Милчин, кога во идеолошки партнерај осамнаа Че Гевара и американското државно знаме.

И оп, тука сме кај што сакав да ве доведам, а пред да се навратам на македонскиот политички микрокосмос. Значи, деновиве натрчав на едно парче историја од далечна Азија. Поточно од корејската национална историја. Земјата била долго време жртва на секакви соседски агресии и посегања, а најчесто од Кина. Но поголем проблем за нејзиното опстојување биле некомпетентните и алчни домашни владетели и нивните клански поддржувачи. Корејците, преку своите сказни, легенди и митови, го пренесуваат помнењето на времето кога еден од кралевите, за да остане на власт, направил пакт со моќен вампир, кој му ги убивал непријателите, а за возврат му било ветено дека секој нареден крал ќе му служи беспоговорно и за сите времиња. Нешто слично како денешните договори на една политичка елита, кои ги остава во наследство како обврска на сите идни генерации. Само што во одреден миг на сцената се појавува историскиот лик на принцот Садо, кој одбил да се покори на ваквиот свет и сакал да го преуреди во општество за луѓе со дигнитет и просперитет. Бил убиен, нормално. Ама меѓу народот до ден-денес и во оваа „слободна“ и поделена Кореја се шири пораката дека оној што ветил дека ќе му служи на вампир (крвопиец) не може да изгради свет за луѓе, зашто тие се храна за вампирот. И дека не може, се најдовме во овој хаос.

Иако не сум оптимист, се надевам дека Влатко Ѓорчев макар малкуцка ќе може да си го намали степенот на идеолошко-верска индоктринација барем кога се појавува со свои размислувања во јавност. Оти тие остануваат неповратно забележани, па ќе му се смеат потомците, а ќе го побие историјата. Иста надеж не негувам за Заев, Шеќеринска и цело тоа друштво на дунстери и опасни салонски ГМО-фашисти и расисти. Каде сакате подобар доказ за тоа дека се неповратно озрачени кога решиле политичката програма за дејствување во Македонија овој пат да им ја пишува странска компанија што нема ни ал ни абер каде е Македонија, која е Македонија, какво е населението во неа, какви историски, културни, традициски, животни одлики има. Каков е ендемскиот амбиент, спецификите, потребите, надежите на населението. Тоа ви кажува црно на бело дека црпнативе не ни сметаат на народ. Очигледно немаат абер кого друг би претставувале освен вампирите под чиј чадор измеќарат. Оваа одлука ви кажува и дека вампирот (главниот) веќе ги пуштил низ вода експертите како Фрчко, Давитковски, Спасов и слични интелектуално-експертски креации. По многу абење ги смета за непродуктивен трошок, а изгледа дека, според вампирски стандарди за квалитетна храна, не се ни за цицање.

Па овие, бре, ептен зацапале во гомна! Не е човек ни да им каже веќе „не таласај!“. И ај баш живо ме интересира некој нивни „експерат“ да ми објасни што се добива како ќар со оваа лиферувана информација од црпнатиот им лидер? Јас ова го толкувам како признание дека во сегашниов СДСМ веќе нема ниту еден минимум паметен, образован и мотивиран што е способен да напише политичка програма. Дека црпнатите од СДСМ постреволуционерно отишле на шопинг по идеологија и ќе си купат овој пат фармерки во Трст.

Па, оваа Рада Ламбада Шеќеринска навистина била заразна болест. На неа ќе распознаете секакви брендови, ама сиромашката секогаш кога ќе зине изгледа како пластична закачалка, која на пазарот во Шутка шверцерите ви ја даваат без пари како „бонус“ за купената стока. Со таа ли програма ќе излезат на избори „левичарите“? Или веќе знаат дека изборите се само декор, фингерајка за устоличување на брендираниот ГМО-СДСМ, кој треба да му служи на вампирот кај кого дал збор.

Морам овде да интервенирам со „фуснота“, која се однесува на сите црпнати и црпки (лејки) во македонската политика. Вампирот има гадна навика повремено да си ги менува кооперантите. Нашиов, што моментално владее со Македонија, преку последната анкета на „угледниот“ ИРИ и „благото“ фалсификување на резултатите од анкетирањето за кое сите веќе знаат, фактички порача дека е во потрага по нови деца во мејнстрим-партиите (оние од Пржино). Затоа на Груевски првпат му го спушти рејтингот, кој сега е понизок од партискиот. За сметка на тоа, благо му го покачи на црпнатиот од Муртино, колку да се апатизира гласачкиот потенцијал. Оваа операција првпат беше изведена на европско тло кога вампирот реши да го собори непослушниот и горд германски канцелар Шредер и да го замени со верната Меркел. А оттогаш се применува речиси секаде во Европа. Најчесто во Италија, особено по појавата на Берлускони. Генералната порака е дека вампирската тенденција во Македонија е да се нападне тврдоглавата народна волја, која на секои избори од 2006 година наваму се движи меѓу два или три спрема еден во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Е, бидејќи тоа не се менува по демократски пат и на слободни избори, вампирот и неговите помошници решија со комбинирани терористички дејства (измислени кризи и излез од нив преку рамковни договори) реалноста да ја сведат на пата-пата позиција, која е полесно да се менаџира вампирски.

Дали ќе успее, ќе каже и ќе покаже народот со изборно право, доколку нема намера да заврши како храна за вампирот.

А, како размислува тој, еве ви еден ексклузивен пример од реал-политиката. На неодамнешната седница на Советот за безбедност на ОН, кога Велика Британија поднесе предлог-резолуција за Сребреница, со чисто манипулативна содржина и за потребите на геополитичката војна, американскиот претставник му понудил на рускиот амбасадор во ОН „да му ја подари“ државата Грузија, а за сметка на тоа Русија да не става вето на резолуцијата. Русија, која учествува како страна во светската геополитичка војна, не го прифатила данајскиот подарок.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани