FIBA ја исфрли Русија од Евробаскетот! вест која одекна како бомба во светската јавност
  Објавено на
share

Веста дека ФИБА ја суспендираше Русија од сите меѓународни натпреварувања, што пак значи дека нема да игра ниту на Европското првенство, одекна како бомба.

Информацијата ја потврди и Сергеј Чернов, претседателот на тамошниот сојуз, кој воедно е член на извршниот борд на ФИБА.
 

-ФИБА испрати известување до нашиот сојуз, во кое стои дека Русија не се наоѓа на листата на членови на ФИБА. Мораме да размислиме како ќе ја решиме оваа ситуација, дури и под знак прашалник е ставен нашиот настап на Олимписките игри – рече Чернов.

Како причина за ваквиот потег се наведува мешањето на судот во Москва во работата на рускиот кошаркарски сојуз кога беа одржани вонредните претседателски избори.

Русија требаше да се натпреварува во групата А на Евробаскетот кој ќе се одржи од 5 до 20 септември, заедно со селекциите на Франција, БиХ, Финска, Полска и Израел.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани