Господин Курц на гости во Монтажна Република Македонија (МРМ)
  Објавено на
share

Дека ептен сериозната политика може да стане извор на заразна смеа, мало парче среќа за жртвите на таквите високи политики за кои се задолжени божем смртно сериозни политичари, лани покажа авторот на босанскиот „Глас на народот“

 Тој во триминутен коментар, играјќи си со падежите кај името на Себастијан Курц, министер за надворешни работи на Австрија, ги истресе од гаќи и ги изложи на жесток презир босанските, но и другите „западнобалкански државотворци“. „Ко је све примио господина Курца и где“ е тема на коментарот и порака до политичарите дека се најобични шарлатани. Затоа и јас се решив во оваа колумна да искористам нешто од луцидната итроштина што штити од жестоки инквизиторски казни и да го употребам господинот Курц, чие име и мене ќе ми послужи како симбол во сликата „Македонија на пат за угоре“, која не ја бива без употреба на српскиот јазик, односно падежите, со крајна цел да се мајтапам со македонските самоумислени политичари.

Значи, пред некој ден, Никола Поповски „је примио господина Курца у згради министарства вањских послова“ (читај бугарскиот и албанскиот колега). За што разговарале, еден господ знае, оти „нашиов“ талент никој не го разбира што сака да каже иако тој мисли дека говори македонски јазик. Но тоа никому и не му е битно оти главната информација е „да је примио Курца“, на што е сведена македонската државна, односно надворешна политика, особено по пучот од Пржино (читај Стразбур). Таа е примач на наредби, директиви „од горе“ и дисциплиниран извршител на странска волја. До толку повеќе што „младог господина Курца, министра спољних послова Аустрије, је примио и лидер ВМРО-ДПМНЕ, неофицијално премиер, полуформално премиер у оставци, а фактички пучиран Никола Груевски, као и невидљиви шеф провизорне и безимене банана-плантаже без ингеренције, Ѓорге Иванов. Претпоставља се да су обоје примили ЕУ Курца у македонском МНР“, оти по Пржино, Македонија стана монтажна држава, па според тоа и со монтажен устав, институции што секој може да ги склопува и расклопува според желбите. Па така, евроатлантски изолираните државници, за разлика од заштитениот со странски чадор Зоран Заев, по пучот изведен во резиденцијата на ЕУ-амбасадорот, во странство одат и политика водат од зградата на МНР „где је оба државника у својству предавача натуршчицима у дипломатском савету угостио талентирани шеф македонске дипломатије, Никола Поповски“.

Претпоставувам дека си мислите оти овде завршува гротескава. Не, бе брате! Почнува да се разгранува и развива, едноставно да мутира во разни правци. Фала богу авторитетни и талентирани „курци“ има колку да ми сакаш во големата светска политика, при што не се малкумина ни оние што се подготвени да се раскурчуваат на разни места и по разни поводи, а сn4; во името на Македонија и нас Македонците. Тие ги примаат, а ние сn4; потрудни испаѓаме, па си велам а да стегнеме петиција со молба аман веќе да не нn4; бранат.

Оти гледате на што испадна ланската „невина“ покана на Иванов упатена до врховниот господин Курц, планетарниот Барак Обама, од говорницата на СБ на ООН да ни го пополнел безбедносниот вакуум. Тие го примија Бејли, па сега Бејли нn4; пополнува нас ем безбедносно ем политички и институционално, додека кобајаги премиерот Никола Груевски се ландра по селата и пред камери на селаните им фаќа врски со министрите за брзо да си завршат работа кога веќе нема ни систем ни закони ни институции што работат по закон и устав. Кој ли црпнат му смисли ваква предизборна кампања, живо ме интересира? За Зоран Јолевски не прашувам такво нешто зашто на ум го имам неговото јавно полевање со кофа студена вода на фејсбук-холивудски повик. Демек, знам кој е неговиот господин Курц, кого го прима 24/7 и затоа ич не ме зачуди кога го видов меѓу мигрантите на фотосесија во поза „Зоки хумано им дели вода на муслимански терористи“. 

Мислам дека е време во духот на новиот светски поредок, кој се обидува крваво да ги инсталира САД со своите европски сателити, да го институционализираме нашиот газда Бејли како самодржец така што ќе го прогласиме за политичка икона и ќе го закачуваме како фотка со ексепшенел големина, значи натприродна, во Собрание, во Влада, овенчана со знамињата на САД, ЕУ и на НАТО. Не е лошо вестите на МРТВ, на Сител и на Канал 5 да почнуваат со молитвата „благодарение на партнерската дружба и вечна љубов со братските САД, ЕУ и НАТО, сега во Македонија е 19 часот и ова се вестите на денот“. Како што тоа веќе го прават оние медиуми што преку УСАИД и Сорос го имаат примано „господина Курца“, кој ги уредува педантно и посветено.

Медиумите како „Вест“ и медиумските „дејци“ како Насер Селмани, чија основна задача е да бидат тацноносци и Гурки (слуги) на новиот светски поредок, ете на практичен начин ни покажаа колку е добро да сте во интимни односи „са господином Курцом“. Новинарите што не трпат неправди, а особено држат до достоинството на својата професија, биле незадоволни од начинот на кој ги третирале партиските преговарачки тимови во институцијата Клуб на пратеници. Не ги честеле и не ги седнале во ВИП-салон додека го чекале резултатот од 66-та преговарачка рунда. Молам! Тие, по едношалтерски модел и Груев метод за опхоџење и решавање проблеми го вртат својот шеф Насер Селмани за да му кажат дека одржуваат протестен пленум, а „он да обавести свога мистер Курца да им је немогуќе радити у тешким недемократским македонским уветима“. И така, самодржецот Бејли експресно спречи нова епизода од серијата македонски револуции и востанија. Ги напои и најаде своите пропагандисти за да ја активираат копи-пејст фабричката лента и да нn4; информираат од прва рака за собитијата што веќе ни се напишани како божја заповед.

Го одгледав со судни маки неговото интервју за МТВ, иако знаев како ќе изгледа од првата минута. Прашувачката, сиромашката, си ја рашрафи главата од климање додека Џес Бејли радосно одговараше на „новинарските прашања“. Од кои најзначајното е „традиционалното“, кое веројатно го учат по скриптата на „професорот“ Бранко Геровски и гласи „како се чувствувате во Македонија?“. Па, бре, како поинаку ќе се чувствува „сваки господин Курц“ што овде добива бесплатни услуги од напупени почитувачи што чекаат во ред „да их Он макар једном прими“. Нели гледате дека има и очајници како Геро што чекаат брз и позитивен одговор на молбата за интимна средба. Си се чувствува прекрасно оти работата му оди како песна. Јаде убаво, бере планински чај, сите го слушаат кога повела, сите му се плашат и подмочуваат од радост ако му сретнат поглед одблизу. Каде на друго место ќе најде новинар што сите прашања што му ги поставува на еден амбасадор во интервју се во доменот на внатрешната политика на земјата во која тој е овластен странец што ја претставува својата држава?

Затоа пропуштивме можност да слушнеме од устата на транспарентниот узурпатор на Македонија како го коментира Џо Бајден, кој повторно се залага за растурање на ослободениот и демократизиран Ирак во три моноетничко-верски држави. Сn4; поуочливо се гледа крајната намера на САД да ја преуредат и владеат планетава како сосема нов свет со новоформирани држави и од почеток. Изгледа оној забеганион Обама навистина сака со него да почне новата генеза. Она што можеби мислевме дека е фантазма, излезе план на амбициозни лудаци со неверојатна моќ. Затоа тие етапно користат два метода за растурање на постојните државни организации. Едниот е со окрупнување во интересовни заедници, државите едно по едно да се откажуваат од суверенитетните ингеренции и националните одлики, а со тоа од континуитетот во сеќавањето, историјата, културата, традициите и искуствата, а другото е со разбивање и атомизирање на државите да се создаде простор без владение и на тој простор од новокартографите да ги исцртаат границите на новонастанатите чисти парцели. Ако некој сака да ја види врската на САД со Исламската држава, тоа е токму на примерот на кој ја растурија Либија, Ирак и сега Сирија. Исламскиот калифат и левантот се американски проект на државен, односно општествен инженеринг. Нивните воспитаници и истренирани и платени милитанти, уште од времето на авганистанските талибани, плански ги ништеа археолошките останки како темелно чистење на стрниште пред да се изврши длабоко орање на нивата. Овој метод на гаѓање и бришење на меморијата на одредена заедница и нејзината континуирана историја во слоеви сега го гледаме како уништување на историското наследство на човештвото во Палмира. 

Сакам да кажам, за да може некое умоболно говедо од политичар да крене империја на вакви темели во 21 век значи да пороби 200 држави и 10 милијарди луѓе. Може? Да, бе! Америка како Супернова. Вакви сонувачи како Цезар, Наполеон, Хитлер, Буш и Обама имало повремено во време на транзитирање од еден вредносен систем во друг, од еден поредок во друг. Ама нивните сништа и амбиции редовно завршуваат на ист начин: со многу страдања и крв, многу разорувања, по што следуваат пораз на морбидноста и лекување на раните преку збогатена меморија и обнова на континуитетот. Затоа на „нашиов“ самодржец Џес Бејли му препорачувам да заборави на планот дека новата концентрациона и избалансирана по немоќ македонска влада што тој ќе ја избере на избори што тој ќе ги контролира преку провизориумот ДИК, потоа ќе организира референдум за промена на името на државата и ќе го официјализира нејзиниот крај. Постои кај сите живи суштества нешто што се вика нагон за опстанок. Кога тој ќе се активира, се случува сешто и без предупредување како природен феномен или божје чудо. 
Но да бидеме малку и сериозни. Во поранешна рамковна и сегашна монтажна Македонија уште извесно време нема да има нормално и одговорно државно водство. Она што е на лагер се курсисти и печурки одгледани наменски за потребите на Империјата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани