Албанија сруши православна црква!
  Објавено на
share

Албанските власти вчераутро во 4 часот ја урнаа спорната православна црква во јужното село Дерми, која изминативе денови крена голема тензија и заострување на реториката меѓу Грција и Албанија.

E15862CE5840F9488BAE0B8F78846ED4

Албанските власти велеа дека црквата е изградена без дозвола и најавија дека ќе ја урнат, па за да нема судири со жителите од областа, кои претходно организирано излегоа за да ја заштитат црквата, уривањето беше извршено во раните утрински часови. Актот предизвика лавина од реакции.

– Рушењето на црквата денес в зори е тежок преседан на грбот на православната заедница во Албанија и не само тоа, зазема страшни димензии на враќање на тоталитарен режим, кој не ги почитува слободите и основните права за верата, кој ја повредува независноста на верските институции и го прекршува договорот што албанската влада го има потпишано со нив. Несомнено, сите сме лути и го осудуваме овој варварски акт – истакнува Лигораќ Kарамело, припадник на грчкото малцинство во Албанија, кој живее во Тирана, а е и потпретседател на партијата на грчкото малцинство во Албанија – Унија за човекови права.

Kарамело прашува како владата на една земја што има евроинтеграциски аспирации може да направи вакво нешто.

– Несомнено дека ситуацијата е тешка и импрегнирана со ризик и незамисливи последици. Тоа е така поради фактот дека сме погодени како православна заедница во најделикатната точка, во нашата света вера. Овие арбитрарни дејствувања на владата носат несигурност, вознемиреност, но и револт. Kако може во една демократска држава што се стреми кон европската фамилија, премиерот и владата да преземаат вакви дејства? Брутално да интервенираат во внатрешниот живот на верските институции, да поттикнуваат незадоволство и дискриминација, да ги навредуваат православните споредувајќи ја и нарекувајќи ја црквичката изградена со труд и мака од жителите на Дерми „гаража“ за возила – вели Kарамело.

Во грчката јавност имаше силна реакција против албанскиот премиер Еди Рама кој објави фотографии од старата црква и новото црквиче и напиша „црквата во Дерми, која ќе се прероди во име на националното наследство, и ’гаражата’ што ја нарекуваат црква“.

Го запрашавме Kарамело да ни објасни и зошто се случи тоа што се случи. Вели дека не е тешко да се заклучи оти зад овој акт се кријат тенденции за отуѓување на историјата на православното христијанство во таа зона. Тој објаснува дека црквата „Свети Атанасиос“ во Дерми е изградена во 1671 година и ~ служела на православната заедница до 1972 година, кога била срушена од комунистичкиот режим на Енвер Хоџа. Во 1991 година, по менувањето на системот, жителите сами ја изѕидале малата црквичка, која служеше до вчера.

– Неочекувано, таму се појави интерес кај власта, конкретно кај парламентарецот од таа зона Kочо Kокдима и премиерот, кои „открија“ дека таму во 1693 година служел католичкиот монах Нило Kаталано, кој покрај напорите за ширење на католицизмот, работел и за албанскиот јазик. Тоа, според нив, е причината таму да се изгради верски споменик во спомен на овој монах – објаснува Kарамело, кој додава дека неговата партија уште на почетокот ги осудила тенденциите на владата и оти сега бараат и интервенција на меѓународната заедница.

Портпаролот на црквата, Тома Дима, истакна дека ова е вандалски чин на државата против православната заедница. Осуда имаше и од лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша.

Грција ја спореди Албанија со џихадистите

Осуда стаса и од грчкото министерство за надворешни работи.

-Уништување свети места и објекти за обожавање, барем до неодамна, имаше во поширокиот регион на Блискиот Исток и во северна Африка, во рацете на џихадистите. Денес видовме таков акт изведен и во нашата соседна земја Албанија. Никој не е понеблагороден од наследник – истакна портпаролот на Министерството, Kонстантинос Kутрас, пренесе „Kатимерини“.

Грчкото МНР во понеделникот ја повика Тирана да ги почитува религиозните слободи откако локалните власти делумно ја уништија внатрешноста на црквата. Албанските власти истакнаа дека имаат намера да извршат ископувања на местото во обид да го откријат гробот на Kаталано.

Дневник.мк




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани