Независно судсво и 4 стотините меилови
  Објавено на
share

Збор два за тоа како соросоидите и комуњарските политичари околу кои они се лепат сфаќаат независно судство низ светот. Моменталнл скандал број еден во САД се мејловите кои Хилари Клинтон се обидела да ги сокрие од Конгресот (илегално) за да не се види дека како државен секретар на САД примала донации од странски држави и фирми (безобразен судир на интерес). Под притисок на јавноста Стејт мораше да почне да ги објавува мејовите дел по дел.
Денес излезе мејл (текстот е подолу) од Дејвид Брок. Тотално луд човек кој работи во Сорос во сајт кој е основата врз која е заснован нашиот Соросовски-УСАИДовски сервис за проверка на факти. Брок е значи нешто како американскиот Филип Развигор или Владимир Петрески, само уште полуд и полигав.

Во мејлот до Хилари објаснува како и се заканувал на жена лажно да сведочи против СУДИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА САД. Судијата Кларенс Томас е црнец и принципиелен десничар, поради што е голема закана за левицата во САД која не може да добие избори 105% од црните гласови (вршат масовни кражби на гласовите), а за тоа да успее, не смеат да дозволат во јавноста да се пробие конзервативен црн политичар, активист, судија. Томас го напаѓаат со јавни линчувања дека наводно се однесувал сексистички кон жени - колешки, и дека имал вонбрачни врски (на сличен начин Дејвид Акселрод организираше линч против популарниот црн претседателски кандидат на Републиканската партија Херман Кејн - најде некоја своја комшика да тврди дека му била љубовница. Тоа е специјалност на Акселрод, да му го чисти патот на Обама монтирајќи секс афери за неговите противници - најгаден случај е кога тоа и го направи на актерката која ја глуми Seven of Nine во Star Trek. Сурфнете малку за таа приказна, мене ми се згади Обама откако разбрав за тоа).

Но, назад на Хилари. Мејлот од Брок покажува дека ова лигле од ергелата накази на Сорос градело кариера со лажни напади со цел да се натера политички неподобен судија на Врховниот Суд на САД да поднесе оставка. А во САД овие судии практично имаат последен збор за спроведувањето на законите, и одлуките честп пати ги носат со 5 наспроти 4 гласа - што значи дека менувањето на еден судија може да има огромни последици. Хилари во најмала знаела и го поддржувала сето ова. Прочитајте повеќе на линкот подолу и сетете се на случајов другпат кога некој од Сорос ќе го дрви за независно судство, слободно новинарство и поделба на власта.

апропо линк - http://www.politico.com/story/2015/08/hillary-thomas-213205

Цветин Чилиманов виа ФБ




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани