Пар цртки за вакцини, болести и кемо
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share



Како по обичај полууписмените ликови серизоните теми ги расправаат на Фејсбук, но мислам дека здравјето и медицината бараат далеку поголем личен ангажман, многу посеризоен пристап и огромна количина на релевантни податоци, а не само тролање на ФБ , Јутјуб слични квази медицински портали и групации за ова или она.

За вакцините, прво моите деца се вакцинирани за да не се осмели некој да го спомне моието име или ме прозива по било кој основ, но немам ништо против оние кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани.

Квази интелектуалната демек образована фела која демек-демек-демек е загрижена поради фактот дека ако некој не е вакциниран ќе се раширела болеста е само демагогија и тотален аналфабетизам до дно на крајна неписменост.

Мислам, ако вашите (и моите) деца се вакцинирани, што има да се секирате ако некој друг заболи од болеста? Моите и вашите деца како вакцинирани се заштитени, така?

Или можеби не? А?

Повторувам, јас и моите сме вакцинирани, но имам пријатели кои имаат многудетни семејства, некои и во странство, кои се комплет живи и здрави и ниеднаш невакцинирани и немаат никакви ни социјални ни здраствени проблеми. тешко ми е да признам, но здрави се ко коњи...

И ова...ако некој не се согласува со вакцина не значи дека ја исклучува севкупната медицина, напротив. Но глупо е слепо да се верува во СЕ што медицината ќе каже. За вадење заб барам уште две мислења, а камо ли за посериозно нешто, но барам од стручни лица, не од надрилекари (иако користам и здрава исхрана и хомеопатија но никогаш не сум ја исклучил медицината, напротив, би бил неодговорен и глуп.

До пред некоја година се кршеа копја за ХПВ денес таа скоро никаде не се употрбува. Прва земја која ја банираше беше Јапонија и сега е исклучиво на доброволна основа насекаде во светот. Впрочем, ако и некој не сака да се вакцинира од хпв има ризик од рак? Па нели тоа е супер за фармацевтските компании кои најголем бизнис прават со цитостатици од кои умреа скоро сите мои најблиски, не од болеста туку од хемотерапија...

Глуп е оној кој работите ги гледа црно - бело, паметен е оној кој користи најдоброто од "двете" страни, впрочем, нема лекар кој некому ќе му замери за здрав живот, сирова храна и здрави навики кои се повеќе се пропагираат, но да се отпреш само и сиклучиво на тоа, по мене е премногу ризично.

Нејсе... Искрено мислам дека само еден Господ Бог ме чува, а јас само се обидувам да најдам одговори на овој свет




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани