Драги браќа и сестри Еве, ви пишувам, барем како пристоен одговор дека немам текст за овој број. Удирав со глава в ѕид и не излезе ништо.
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

Драги браќа и сестри

 

Еве, ви пишувам, барем како пристоен одговор дека немам текст за овој број. Удирав со глава в ѕид и не излезе ништо. Обично имам прилично јасна идеја или нешто како ненакво светло во мракот на дијалогот во мојата глава и тука ќе се закатанчам па ќе произлезе нешто. За жал овој пат, ништо. Црна Дупка, каде на работ на збиднувањата се замрзнуваат сите идеи, слики и делувања. Патот до центарот, бесконечен и се растегнува. Ако ми дадевете доволно време, немаше да го дочекате овој одговор, како таков, барем не во овој облик на егзистенција и не на овој свет затоа што “маестстро одолговлекувај”, то ест – моа, го имам докторирано до Нобел одбегнувањето на одговорноста ...

Некогаш, кога ќе ми се погоди на тв каналот на соблазната "ЛУКС ТВ" кој на пребогатите, не богатите, туку пребогатите луѓе им дава насоки кои 12 до 15 местарски јахти се сега популарни и каков махагони се користи во внатртешноста на приватните џетови, си замислувам како би изгледал животот на такво ултра високо ниво? И што е поентата не целата таква, до болка завист и копнеж кон преголемо богатство? Да се купи време? Да се купи привид на слобода? Ништо друго. Да се скинат сите обврски и да се препуштитш на сопствените страсти.

А јас да ги имам тие пари!?!?! Ма, дај, ма кај јас би направил нешто надвор од од правилата и прописите на нашето христијанско битисување?!?! Море и ќе се препостам дури додека се нишам на брановите на зајдисонцето некаде на карибите додека посниот оброк - лаврак со лист зелена салата кој го подотвува некое божје чедо од Викторија Сикрет.
 

Ма какви сериозни теми и болести и грижа за светот, ние имаме еден сон – како да не работиме ништо, а да имаме се.А, не ли го откривте тоа досега за мене, од моите текстови? Што постојано барам јас овде, во црква, од Бога? Протекција! Заштити ме Боже и дај ми се!

Oh Lord, won't you buy me a Mercedes Benz - Janis Joplin

Не дека ми е некаква утеха, но чисто онака, цели генерации со идолите кои прокопсаа во клубот “УМРЕ НА 27 ГОДИНИ” ја пееја одата на безгрижноста, алчноста и задоволување на потребите на луксузот кои овој свет така перфидно ги довел до совршенство.

Често со восхит ги гледам православните мои браќа, а уште почесто ги слушам, како они одма ќе направат црква – само да добијат на лото, низ шега изговораат помеѓу две цигари по причест зад црква. Не, не сум јас чистунецот, одма по литургија за чалам муабет пред сите го вадам новиот каталог на Мајбах и како со рака однесено, од виор оддувано, исчезнува сјајот од нашите очи кој се вжештува до црвено топење. Мислите дека сте отпорни на сето тоа православни браќа мои?  ... ммм-да... очигледно не сте седнале во новото ферари или сте појадувале на врв на некоја кула некоја делиција од 2000 евра во облик на зелено топче и големина колку пигн – понг. Отпорниост кон овој свет и неговите искушенија? Немаме таков одбранбен механизам, никој од нас. Само можеби, некаде во некој од скриените сопчиња во манастирите, кои одамна престанав да ги посетувам, меѓу вас битисува некоја среќна душа на која преубавините на луксузаот на овој свет не допираат и немаат никакво значење. Јас би сакал да добијам трансфузија од таква особа, затоа што не знам ни самиот повеќе како да излезам од оваа трка, каде се грабам за вредности кои конечно, апсолутно, нема ништо да значат за онаму за каде сум се запатил. Ах, оправданија за да останам на истата насока, има повеќе одошто да ги ставиш сите цркви на Света Гора една над друга. Деца, фамилија, за доброто на земјата ... и секогаш потајна надеж дека ќе одскокнеш од просечноста на бедата и ќе влезеш во клубот на ултра-богатите или барем да одглумиш малку таков живот. Зошто толку порив? За да се купи слободата?!?!

И така е и така ќе биде со нас се до првата здраствена криза, лична или на некој близок. Кога парите, богатството матерјалното ќе ја изгуби секоја смисла, кога ќе почне панично вртење до духовникот, парохискиот, за инстант утра - инстант - есенцијални молитви за здравје , за оздравување, за спас .... 

И се ќе сторам и се ќе барам и се ќе молам само нема да се помирам. Нема да прифатам со смиреност и спокој дека се од Него доаѓа. Зошто му се противам? Зошто сум непослушен?

Често ми велат биди фин и културен со луѓето, популарен си, имаш одговорност за она што го представуваш да покажеш малку повеќе позитивна енергија, добра воља и толеранција .... мај ес.

Не можам, не знам, не се ни трудам, за жал да бидам подобар човек. Читав една хаику православна мудрост каде некој си јенгличанец, види чуда великога – одлучил да стане православен. Па го прашува игумената во писамце, дали е спремен да се соочи со скоро сите и исти слабости на овој свет и во православието и покрај тоа да го прифати искрено и со срце.

Многумина голтаа кнедли од тој текст, а јас и денес се прашувам, а има ли некоја слабост од овој свет која не е протната и во животот на православието наше? Има само една разлика барем така мислам, дека ќе се бориме против злото, било во облик на страсти или омраза. Дури и декларативната ми е доволна затоа што никаде како таква и нема да најдеш.

А за толеранција ... Немам трпение за толеранција. Тоа е една излуија на глуматање. Како може 30 конфесии да се толерираме? Не може да има 30 вистини? Една е вистината! Што значи, повеќето лажат – сушат и алишта диплат. И сега јас треба скрушено и смирено да климам со глава додека он ми беседи за нивниот креатор кој седи на дрво и љупи банани кои они го слават како светољупение, а ние на секој квартал во третата недела од второто парење на мачките во јуни им испраќаме братољубни нелупени но пасирани честитки за мир и разбирање.

Ма дајте...

Се е ова само затишје и секој од нив го чека мигот кога со кори од банани ќе ни го постелат патот да искршиме глави како тест дали сме достојни бананољупци. Немам омраза во себе, но имам адреналиснки рекации према секој кој треска глупости во името на Севишниот. Поготово кога православните моралисти ќе ми се јават во емисија и во очај и мука кукаат како тоа црквата ставила ценовник и ги качила цените, а он кутар, скрушен, замесил лепче да му се испее и за таа услуга му побарале пари, а он ги немал. Море се топи слушалката на новиот ајфон додека се ламентира над маката на верните поради неправдата која неговата црква му ги нанесува.

Инаку кога ќе им кажеш дека најбитната работа, литургија и причест, е потполно бесплатна, не им се слуша, одма нешто крчат линиите, мрежното покривање е лошо. а операторот сигурно ги краде и исклучува базни станици.

И мода е сега, кој повеќе ќе хејта, ќе мрази ... се посеа семе на омраза, а ми велат толерирај и тој што ти се заканува и тој бил во црквата, божји човек, мора со смирение ... да смирение, драги браќа и сестри, пегла на фаца со пареа за исправање брчки и морков во телесни празнини кои не можеш да си ги видиш за да те подсетуваат дека надреалнава состојба кај нас станува перверзно бизарна. Но, мојот пепер спреј е на готовс, се мислам само дали да му го дадам на клисарот да го пикне во олтарот 40 дена за да биде неговто дејство благоухано кога ќе го употребам врз моите браќа и сестри кои демократски мразат затоа што оправдано било и заради мое добро тоа го правеле. Ма каква желба за да се дојде или остане навласт, све е тоа само за мое и ваше добро и ништо друго.

Само во едно паднав во духот и верата, дека кога ова ќе помине, и срамот ќе се замени со нови крилатици во име на светската хомосексуална правда и демократија, дека немате доволно светена вода за да исплакнат улиците од посеаната омраза. На олку клетви, омраза, хјетање, тролање, поскување зло едни на други, арно не одиме по улица како губави со извитоперени тела и чиреви од кои тече гној. Се плашам како ли изгледа нашата душа, каков е чемерот и црнилата на црното семе кое го псоеваме и го одгледавме ... јас ставам градинарски ракавици и корнам, едноставно овој плевел ќе ме задуши ако барем не се обидам. Омразата стана лична, омразата стана дел од личноста.

Го чекам денот на чудото Божје на избавувањње од оваа сотојба.

Поздрав од мене простете што не ви пратив текст.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани