Дали Никола Груевски ќе си замине од лидерската позиција во ВМРО и од Премиерската позиција во Владата на Република Македонија по изборите во април 2016-та?
  Објавено на
share

Ова е прашање што повеќе месеци молчешкум си го поставуваат најразлични интересни групи и групации во Македонија. Нормално, прашањето секој одвоено си го поставува зависно од неговата интересовна зона.

Ова се прашуваат странските дипломатски претставници/амбасадори од Запад. Ама и од Исток. И од подалечниот исток, исто така. Ова се прашуваат нашите соседи. Сите четири-и-пол соседа (Косово е половинката). Прашањето си го поставуваат бизнисмените. Си се прашуваат себе си Минчо, Штерјо, Чифлиганец, Андреја Јосифовски и слични дали е подобро за нив Груевски да си замине или не? Се прашуваат и оние во Ван Хол, Дрекслерамер и слични странски инвестиции. Нормално, ова прашање е 24/7 присатно во сите ешалони на СДСМ. И секако, ова е и внатрепартиско ВМРО-вско прашање. Структурите во паријата на власт, во сите нивоа, ја разглобуваат дилемата околу иднината на партијата, владата и лидерот. Директори на јавни претпријатија и агенции, парламентарци, професори, новинари, дипломати… Сите.

Значи, дали Никола Груевски ќе си замине од Премиерската и Претседатеската функција?

Читателу на овој текст, пред да продолжиш да читаш, што мислиш ти по однос на овој вапрос?

Ова прашање на Груевски не смее никој да му го постави. Ниту најблиските до него. Иако би сакале да го приупитаат. Еве, јас јавно го поставувам, и давам свој одговор на истото.

Пред да продолжам, да напишам дека за одговор на ова прашање е потребно предзнаење. Имено, треба да се познава карактерот, посветеноста, идеата и желбата на Никола Груевски.

Јас лично кај Груевски не сум бил на мекици, како Велија Рамковски. Ниту ми бил на гости, како кај Латас. Немам пријателска дружба. Сум имал средби, сите од ред професионални.

Никола Груевски не е човек кој се запива како Бранко Црвенковски. А и во своето опкружување нема ноторни алкохоличари како Илинка, Бузле, Циц или слични. Груевски не е човек кој банчи по кафеани, не е човек што својот кабинет го претвара во куплерај. Не е човек што апансас ствара пријателства, а пото и ги растура. Не е човек што од нешта прави човеци, како што Бранко го има направено Ѓорги Спасов човек.

Значи, ниту сум се запил (а и многу тешко поднесувам алкохол) со Груевски, ниту сум затварал кафеани, ниту ме направил човек праќајки ме за амбасадор во Велика Британија.

Па така, мојата анализа е базирана само на професионален ТВ новинар со премиер на матичната држава однос.

Што можам да видам, сите да видиме, од овие изминати 10 години, од кога Груевски е Премиер? Тоа е човек што 10 години останува во својот стан, а не се сели во премиерската резиденција. Сака да е обичен граѓанин, а не да е опкружен со слуги, келнери, шефови на се-и-сешто… Оди редовно во црква. Посветува време на керките и сопругата. Спортува.

Како контрапункт го имаме Бранко со Наташа Савова, Бучковски со тенковски делови, Хари Костов со неговиот најнов кабинет кој наликува како приемната соба на Кралот Момбаса од Африка.

Никола Груевски е човек кој си поставил задачи во животот. Задачи кои не се лукративни, ами се историски.

Македонија, по Ченто, повеќе од 70 години нема лик што може да се смета за историски. Пред Ченто имало партизани како Мирка Гинова, Илинденци, револуционери… Поназад од тоа краеви и цареви… Но, модерната СФРЈ историја на Македонија нема лик достоен народот да го опее, да го велича, да го памети. Има србокомунисти како Лазо, Перо Гошев, Лазар Мојсов, Никола Минчев, Киро Глигоров… Има апши како Бранко Црвенковски и Владо Бучковски. Има кодоши како Владе Милчин и Перо Арсовски. Има странски платеници како Сашо Орданоски и Љубомир Данилов Фрчкоски. Има се,МАКЕДОНЕЦ лидер нема.

Затоа, одговорот на прашањето од почетокот на текстот треба да се гледа во светлото на предходниот пасус.

Никола Груевски сака Македонија да остане запаметена во времето на неговото менаџирање на државата како земја во која се градело автопати, земја во која главниот град престана да личи на Тирана од времето на Енвер Хоџа, општество чии жители ќе сакаат да се финансиски стабилизирани земјоделци и фармери, земја на работници на кои ќе им се отвараат работни места а не каде ќе се затвараат и уништуваат фирмите како во времето на приватизацијата.

Кој не го знае Никола Груевски не може да знае дека е тоа човек што сака да остави белег на едно време, градби кои ќе надживеат генерации, реформи што ќе донесат прогрес во декади после нас.

Нормално, желбата на Никола Груевски да си ја изгради, среди и спастри својата држава, не им одговара на оние што сакаат преку перманентен хаос да ја владеат власта и државата. Самостојна, безбедна и просперитетна држава не им одговара на нашите соседи, на нашите прекуатлантски “партнери“, на нашите европски “пријатели“. Ним, сосема спротивно, им одговара држава со корумпирана власт, без слобода на говор и мисла, без образование, без инвестиции. Им одговара Македонија да е колонија.

Токму затоа проекти како Македонската енциклопедија, законите за високо и средно образование, реформите во администрацијата, враќањето на парите кон Светска банка и ММФ и десетици други се постојано и постојано саботирани и рушени. Од надвор и од внатре. Под “од внатре“ не мислам само на опозицијата, туку и на импланти во власта и во партијата ВМРО, што правејки штета и опструкција завршуваат повеќе работа (во корист на непријателите на државава) отколку целиот соросоиден систем.

Реално, на фронтот, Никола Груевски е сам.

Политички тој е интровертен, недоверлив, претпазлив. Ова однесување има многу предности, ама и маани. Основна маана е што е сам. Денот му трае само 24 часа,  а годината 365 дена. Тој е вркохолик, ама сепак има космички ограничувања какви што се времето и просторот.

Предностите се огромни. Не може никој да го пробие. И најблиските соработници се изненадуваат од неговите потези. Нема како да биде исшпиуниран.

Обидите да му се наруши интегритетот преку “бомбите“, не вродија со плод. Нема швајцарски сметки како Бранко, нема сослушување во САД заради Маџар телеком како Бранко, нема тенковски делови како Бучко, нема провизија од Маџар Телеком како Бучко, нема “бомбона бизнис“ како ЕВН на Рада. Има само телефонски муабети каде Гордана циганите не ги нарекла роми, а Ставре мисли дека колегата вицепремиер е Хипо. И, толку.

Груевски, политички е “тефлон“. Никој ништо не му залепи. Зошто? Затоа што нема што да му залепи. Евентуално може да биде “обвинет“ што сменил ново казанче во ве-цето дома, или апнал 12 наместо 10 ќебапи кај Дестан во Чаршија.

Ако го осатвиме лукративниот момент, на меѓународната политичка сцена Груевски доби огромна битка на Меѓународниот суд против Грција. Обезбеди безвизен режим со Шенген земјите. Започна пристапни преговори со ЕУ преку формата ХЛАД.

На домашната сцена остана огромната доверба кон Никола Груевски. Лани, со колешката Мирка Велиновска бевме поканети во Непроштено на откривање споменик на киднапираните и никогаш пронајдени Македонци. Имаш таму високи воени и политички претставници. Од власта и од опозицијата. Јас и Мирка застанавме под едно столетно дрво, во сенка. Горештина беше, среде лето. Кога не видоа жителите на селото, наместо кон местото на настанот, дојдоа кон нас. Донесоа бокали со студена шарпланинска вода (онака заматени бокалите оти водата студена) и почнаа да не “напаѓаат: Кажете у на Премиерот ова, кажете му на Грујо она. Само он може тоа-и-тоа да го среди. Овие негови локални шерифи за ништо не ги бива. Кажете му дека само него му веруваме… И се така, два-три часа. Еееее, Непроштено… Ама и во сите други села, маала, градови и градчиња жителите порачуваат исто. Нему му веруваме. Во секој град ќе кажат дека градоначалникот го избрале заради тоа што Грујо застанал зад него. Без Груевски еди-кој-си градоначелник не би бил градоначалник.

Јас повеќе пати имам напишано и во емисија кажано. Народот во Македонија единствено има доверба уште само во Никола Груевски. Ни министер, ни градначалник, ни новинар, ни пратеник, ни опозиционер. Само Груевски.

Па така, прашањето од почетоков на текстот носи со себе една многу силна порака. Односно, не е прашање дали во април догодина ќе победи ВМРО. Ќе победи и тоа дебело. Прашање е дали Никола Груевски ќе биде Премиер и лидер на политичката партија. Демек, го стискале странците, ќе попуштел, ќе си заминел!!!

Нема битка меѓу ВМРО и СДСМ. Нема, оти ВМРО тепа како и да се свртиш. Прашањето е дали народот ќе продолжи со својот лидер или не? Оти денешен ВМРО без Никола Груевски многу брзо ќе стане СДСМ на десницата.

Народот, народите, сакаат лидер. Мартин Лутер Кинг, Кенеди, Путин, Тачер, Чи, Вили Брант, Де Гол, Улоф Палме… Лидер.

Одговорот на поставеното прашање од почетокот на текстот е: Кога си градел, кога народ ти верува, кога си посветен, кога си патриот, кога си некорумпиран, кога не се плашиш ДАЛИ БИ СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ДРЖАВАТА И ПАРТИЈАТА.

Онолку колку што јас го познавам Никола Груевски, како карактер, како даден збор, како посветеност, како идеа за иднина – не постои ниту најмала шанса после изборната победа на ВМРО во април догодина Никола Груевски да абдицира.

Тоа не е во неговиот ДНК, не е во неговиот карактер, нема тој таков чип во мозокот.

Значи,  Дали Никола Груевски ќе си замине од лидерската позиција во ВМРО и од Премиерската позиција во Владата на Република Македонија по изборите во април 2016-та?

НЕ.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани