Иванов ја искара ЕУ дека не знае да се справи во криза
  Објавено на
share

 

Претседателот Иванов со жестока критика до ЕУ. Не за друго, потполно е во право. Он дури и понавремено регаираше од пола унија за бегалската криза, а заострување на состојбите најави уште лани во говорот во обединаетите нации. Глуфтарите кои му се подсмеваат дека е ќутлив, се ретарди со паметење како рипката Доли од Нимо. Респект президенте!

 - Ова беше стрес тест за самата Европска Унија. Унијата навистина функционира извонредно кога има мир и период на стабилност. Но ова покажа дека Унијата нема кризен менаџмент и во услови на криза таа не функционира - рече Иванов додавајќи дека кај земјите членки се јавува еден вид себичност и секоја земја различно реагира и се справува со кризата бидејќи ЕУ не може да излезе во пресрет на нивните барања.

Според Иванов, кризата со бегалците ги оптоварува сите наши институции и претставува голем и непланиран буџетски трошок, но дека кризниот менаџмент во државата функционира добро и дека сите државни ресурси се максимално искористени.

- Наместо за оние намени за кои биле планирани, сега средства од буџетот трошиме за бегалската криза. Знаеме како функционираат фондовите во Европската унија, така што веројатно тие средства ќе дојдат, кога ќе ги исцрпиме сите наши ресурси кои и сега се доведени до максимум. Значи некој не ги чува границите на ЕУ и НАТО, а последиците ги трпиме ние - рече Иванов, додавајќи дека Македонија е првата земја што прогласи кризна состојба.

Според Иванов, Македонија е безбедна држава колку што се безбедни сите земји во регионот, но потребна е поголема соработка меѓу службите за разузнавање и безбедносните служби, со цел пристап до информации и превентивно делување.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани