ЖАРКО ЈОРДАНОВСКИ РЕДОВНО СЕ “ОДМОРАЛ“ ВО БОЛНИЦАТА БАРДОВЦИ
  Објавено на
share

 

Не и давале пазарџиите на Оливера Трајковска да купува од тезгите на Буњаковец! Бранко Героски бил избркан од келнерите во ресторанот “Кај Перо“ оти им се гадело од него на другите гости! На Борјан Јовановски не му дозволуваа да слета во Скопје, а потоа го бркаа од кафепиење во Бастион!

Па ке ги бркаат бе брат. Ќе ги шиканираат, нема да им дозволат да им пријдат... Народ е тоа, осеќа смрдеа, гнилеж, бактерии... Со ишкањето им става бетонска плоча. Ги погребува.

Може Никола Груевски да трпи огромен притисок од Вашингтон и Брисел, може Џес Бејли да е арогантен и насилен кон Никола Тодоров, Илија Димовски и Никола Поповски – ама народот е тука да корегира, држи, да се спротиставува, да решава...

Народот безгрешно оценува дека си имаме работа со растурикуки, налудничави, шизофрени, предавнички настроени индивидуи. Спремни за малку соросова паричка да го продадат и својот татко (како во случајот на Бранко Героски), својата држава (Сашо Орданоски и брат му Ванчо), својот народ (Мирјана Најчевска, Бранко Тричковски...).

Сите наши “борци“ за човекови права, медиумски слободи и демократизација во суштина се пациенти од ЈЗУ Бардовци, мали хитлерчиња, диктаторчиња, заљубениции во едноумие, идиоти...

Налудничавоста на Никола Гелевски, алијас Коља Мрак, најексплицитно се виде во настапот при дуелот со Александар Пандов на 24Вести. Тотално абнормален тип.

Жарко Јордановски, по сопствено признание, редовно ја посетувал ЈЗУ Бардовци, ама само за “да се одморел“. Баш убав “одмор“ во друштво со доктори, бели мантили, шприцови, дијазепами, антидепресиви...

Покојниот Роберто Беличанец, “родоначалникот“ на борбата за медиумски слободи, во дуел со мене на Алфа, посака мојата емисија да биде укината. Онака демократски, слободарски, европски, сдсмовско-соросоидно!!!

Најголемата плачипи... во редовите на изродите Бранко Героски, бара федерализација на сопствената држава. А што се чудиме??? Неговиот шеф Зоран Заев бараше двојазичност секаде, дури и во Струмица!!! Неговиот идеолошки гуру Љубомир Данаилов Фрчковски инсистира на премиер албанец!? Неговите соборци Најчевска, Ризаов (кај е тој у задње време?), Тричковски, Грчев, Орданоски, фамилијата Јовановски, Кабранов - бараат странска интервенција!?

Народот оценува. Гледа и препознава глупаци и идиоти. Идиоти што за сообраќајките во градот предизвикани од пијани и дрогирани луѓе го криват Коце Трајановски!!! А за обидот за убиство од страна на криминалци од Дижонска го криват Министерот Тодоров!!!

Колку треба да си очаен, луд, безидеен за да го нападнеш Коцета за сообраќајка во град со еден милион луѓе преку денот присутни? Колку треба да си “фак-ап“ за од Нино да бараш оставка оти тројца кримоси нашмркани и нашприцани со опијати влегле во “Државна“.

Интересно, сите овие соросови и УСАид клиенти не бараат одговорност од Државниот секретар Џон Кери, на пример, кога налудничави екс-милитари или искомплексирани пубертетлии влегуваат по школи, колеџи и трговски центри, па прават масакар со машин ган?! Не, на нив Коце и Нино им пречат!

А за “случајот Камиловски“, што да ви кажам? Демек, Адеми бил натеран да се допингува заради натпреварот со Луксембург!!! Ејјјј, со Луксембур, бе! Не со Бразил или Холандија?! Со келнерите од Луксембург!!!. Па људи дали је могуче (Младен Делиќ) да имаме такви идиоти??? Значи не го допингувал Динамо заради важни натпревари во Лигата на шампионите каде секој освоен бод е вреден по неколку милиони евра, не го натерале криминалните браќа Мамиќ – ами Камиловски (камо тогаш барање одговорност од Илчо Ѓоргиоски и Љубинко Друловиќ) за да одигра небитен натпревар, за бодови што не значат ништо за пласман за некој бараж или слично, со маргинална репрезентација на крајот од одамна загубениот квалификационен циклус!!!

Па не ме јеби, човече – би се развикал Кили.

Оди лечете се таму каде што Жарко Јордановски се „одмара“.

Миленко Неделковски

На 10 ноември, Светски ден на науката за мир и развој.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани