Да извреѓаш над 10.000 жени без оглед од која партија, раса, етничка, социјална и останата припадност, не е нити етички нити интелигентно. Кога вреѓаш 10.000 жени вреѓаш приближно 9.000 деца, 8.000 сопрузи на навредените жени, 4.000 внуци, околу 4000 нивни татковци, уште толку нивни мајки и уште 10.000 по најмалку 10 пријатели, тоа е рамно на 100. 000 нивни пријатели, и приближно 200. 000 до 300.000 колеги на работа.
Да навредиш жена е мизерен и неџентлментски потег и кармички може да ти пораснат и мустаќи заради тоа. Да навредиш жена е исто како да си ја навредила сопствената мајка, мајката на другарка ти, внука ти, тетка ти, комшивката, колешките, што и не е толку ретка појава за вас да вреѓате! Да проповедаш за фризура и мода е дегутантно, затоа што и боговите и питачите знаат дека „de gustibus et coloribus non disputandum est“- и за секој случај, да не сте подзаборавиле латински еве ви и превод: – „за вкусовите и боите не се разговара“. Дај збор два раскажи ми малку за душата, ако можеш. Јас нема да навлегувам во ничиј дрес код, од причина што немам право да навлегувам во модни стилови на минус 7 степени.
Само едно ќе кажам.
Најубавите жени ги видов во неделата во салата Јане Сандански. Таму имаше доктори на наука, мајки, домаќинки, професорки, лекарки, политичарки, наставнички, пензионерки, научници, студенти. Сите беа дотерани скромно, како што прилега. Унијата на жените и симпатизерите на Унијата на Жени на ВМРО ДПМНЕ немаат палта од кашмир со брендот на Sisley или Max Mara, немаат свилени ешарпи од 400 евра, нити чизми од Jimmy Choo. Ниту костими од стотици евра во ваш стил. А, да, и чанти од П (Рада). Но имаат љубов. Во нивните срца чука љубовта за семејството и љубовта за Македонија! Нашите жени не доручкуваат во Виена, не ручаат во Рим и не вечераат тајно како што тоа го прави вашата фино облечена модна фела. Да беше до облеката драги сопартиЈзанки, сега ќе бевте цареви, ќе имавте империи, кнежества и војводства во државава, па и пошироко, право да ви кажам. Но, сега за сега немате претензии ни за обична опозиција. Отпаѓате од игра. Не е до облеката. Нити до фризурата, ако си педантно избањат однатре. Во душата, ако сте чуле за такво нешто. Ако не сте чуле страшно е, но за среќа постои википедија и гугл. Изгуглајте што е душа, а што срце македонско. Но, и тоа ќе ве мрзи, па ќе изгуглате како да го продадете и она што ви остана.
Нашите жени се мајките македонски кои ќе цитирам по трет пат „секогаш ќе родат едно чедо повеќе отколку што вие ќе потоморите“ или отруете со вашата омраза од патолошки размери. Шанса немате за ова! Ова се само зборови. Никогаш нема да го отруете со омраза Македонскиот народ. Интелигенцијата ве издава. Отпаднаа од мода кодошите. Сега самите се кодошите по социјални мрежи. Се кодошите колку мразите. Се кодошите колку сте не-интелигентни. Се кодошите колку пари имате, упс, крадете. Се кодошите со скапите мобилни телфони. Се кодошите по скапите зимувалишта и летувалишта, а ваму македонските жени ви се криви. А не знаете ниту лепче да замесите, ниту да го отпеете в црква. Туку, да се разбереме. Вашата горчина не беа жените, нити фризурите. Вашата горчина беше говорот на лидерот Никола Груевски, кој беше полн виталност, енергија, со квалитети на нескршливост и посилен од секогаш патриотизам до сега. Да, ако не сте знаеле љубовта кон патриотизмот се развива и негува како кон сопственото дете. Таа, љубовта, расте во секој миг и може да биде и поголема од најголемата до сега. Се отепа човекот од работа. Мислевте ќе го скршите вакви какви што сте? Врска немате. Говорот беше вдахновен со голема сила и непопречива цел да се запре нечесната и валкана порција која ја сервиравте на начин својствен на вас- нечесен! Додека пак, вие си останавте на бедниот вокабулар- „диктатор“, и „мрш“. Мириса корне на неуроза, каприц, незадоволена, перверзна, злокобна, мрачна и во крајна сметка фашисоидно комунистичка, просто глупава и античовечка организација со инсуфициенција на факти.
Системот на омраза ви стана порозен. Тече низ него. Протекува глупост, бездарност. Непрепознатливи сте си на самите себе, а вашата стварност се фрагментира на милион парчиња скршени огледалца, кои не можат да ја издржат вашата лошотија, и тие, скршените стакленца продолжуваат во процесот на фрагментација и деконструкција, само и само од што им се гади од вашата нечесност, од тоа сите да ви се криви од вашиот неуспех, од тоа што не сте во состојба да застанете цврсто на нозе и да преземете одговорност. Сега сте само робови на омразата и ништо друго. Најново ги навредивте и Македонските мајки, покрај Македонските херои. Ве жалам. Ќе очекувам на вашата конференција на Унија на жени на СДСМ во распад, да се појави Шерон Стоун, без долен веш. Малку незгодно на 99 години без долен веш, нели? Што се однесува до измамата, не ви успеа Македонија да ја направите идеално место за понижување. И сега што праиме? Се боревте за инает или од каприц? Изгледа не знатете зошто се боревте. Ако не знаете зошто се боревте, ние ќе ви кажеме на 24 Април, 2016 ! Ај чао !