Страшна филмска екипа во многу јак филм ЕКОНОМСКИ ПРОПАСТ ПОРАДИ ЗАБАВА И ПРОФИТ БРЕД ПИТ, КРИСТИЈАН БЕЈЛ, СТИВ КАРЕЛ И РАЈАН ГОСЛИНГ ПРОТИВ БАНКИТЕ!
  Објавено на
share

Од режисерот Адам Меккеј ни пристигнува филмот „Обложување на столетието“, крајно забавен портрет на „чудаците“ кои профитираа од финансискиот колапс во 2008та година кој ќе ве просветли и разбесни. Номиниран во пет категории на претстојните Оскари! Со Бред Пит, Стив Карел, Кристијан Бејл, Рајан Гослинг во главните улоги! Кога четворицата аутсајдери ќе го согледаат тоа што големите банки, медиумите и владините регулатори одбиваат да го видат - неизвежниот колапс на глобалната економија – тие имаат идеја: Обложување на столетието. Нивната храбра инвестиција ги води директно кон слабата точка на модерната банкарска индустрија каде тие мораат да истражат сn4; и секого.

 

Базиран на вистинска приказна и бестселерот на Мајкл Левис (The Blind Side, Moneyball), а во режија на Адам Меккеј. Во 2005 година, екцентричниот финсиски менаџер од Сан Хозе и музички ентузијаст Мајкл Бури (Кристијан Бејл) проучува илјадници индивидуални заеми кои се групираат во високо ризични хипотекарни обврзници. Тоа се всушност измамнички хипотекарни заеми кои со сигурност ќе пропаднат во следните неколку години. Додека банките и регулаторните комисии ја игнорираат оваа темпирана бомба, Бури креира финансиски инструмент со кој ќе го „намали“ високо растечкиот пазар на хипотеки, со цел да ги заштити инвеститорите во неговиот фонд. Режисерот Меккеј бил фасциниран од приказната кога ја прочитал книгата. „Почнав да ја читам книгата околу 22:30ч со идеја да прочитам само 40 страници. Не можев да ја оставам. Завршив читајќи ја целата таа ноќ и ја завршив во шест часот наутро. Следниот ден и раскажав на жена ми за карактерите и како книгата умешно ги вплетува овие различни приказни, колку е смешна и трогателна во исто време. Таа ми рече: „Треба да го снимиш“, а јас реков дека сум типот кој го снимил Полубраќа. Воопшто не се надевав, бидејќи мислев дека Скот Рудин или План Б веќе ги купиле правата за книгата.“ Откако завршил со снимање на неговиот претходен филм, добил повик од неговиот агент кој го предизвикал да му каже кој следен филм би го работел. Без двоумење одговорот бил „Обложување на столетието“.

Продукциската куќа веднаш му испратила предлог сценарио. „Видов доста добри работи во сценариото, но истовремено знаев како да го подобрам“, вели Меккеј. „Се сретнав со Џереми и претседателот на План Б, Дејд Гарднер и им ги дадов моите предлози.“ Cineplexx Skopje City Mall Љубљанска 4, 1000 Скопје www.cineplexx.mk За искуството на снимањето со Бред Пит, кој се појавува како продуцент на филмот, тој вели: „Пред снимањето, Пит навистина многу се потруди да се претопи во ликот на Бен Рикерт. Бен верува дека климатските промени и корумпираните економии ги уништуваат природните ресурси. Тој навистина верува дека светот ќе исчезне во следните 50 или 100 години. Бред се соживеа со тоа. Имаше одлично импровизирани сцени каде само ќе кажеше „Немој да ги користиш тие Монсанто семиња; мораш да имаш органско семе“. Или само ќе го забележиш на аеродром со хируршка маска на лице. Сакаше колку може повеќе да се сооедини со него.

Бен е брилијантен човек кој се што прави во животот е основано на издржани истражувања и многу информации. Ова беше една од најинтересните работи за Бред, да го игра ликот на карактер кој постојано се подготвува за преживување во светот кој верува дека ќе исчезне.“ Меккеј додава дека филмот е повик за кино љубителите на кои им се преку глава од измамничките бизниси. „Филмот истражува како една цела култура може да биде затечена од манијата на коруптивниот систем. Во моите соништа, мојата надеж е дека овој филм ќе ги натера луѓето да бидат многу бесни и вознемирани и ќе излезат од кино салите и ќе ги прашаат нивните конгресмени како тие гласале за банкарските реформи. Тоа би било мојот сон. Мојот сон би бил секој да му каже на својот конгресмен „ако не си заинтересиран за борба против банките, и не ме интересира дали си позиција или опозиција – нема да го добиеш мојот глас.“, вели Меккеј.

Билетите се пуштени во продажба!

Повеќе информации за филмот: http://www.cineplexx.mk/movie/the-big-short/




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани