КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Мобилизација за да не завршиме како Украина!
  Објавено на
share

Претседателот Ѓорге Иванов донесе политичка одлука државата Македонија да ги ослободи и помилува осудените и обвинетите за сторени кривични дела против истата таа држава. Одлуката е политичка. Според објаснувањето на шефот на државата, за вакво нешто се решил откако увидел дека насоката на движење на државата по двегодишна криза моделирана и управувана од надвор е крајно опасна и ја води земјава и нацијава не кон високо, туку во бездна, бескрајно страдање и уништување. Јас мислам дека ја донесе предоцна, кога македонското државно и национално тело се опасно зафатени од гангренозен процес. Македонија е во криза која не што не се решава, туку се обновува, продлабочува по секоја етапа на американско-европско примешување и припомагање во македонските работи. За тоа се виновни македонските детинести и наивни политичари. Западните странски служби имаат овде инсталирани свои подизведувачи кои дејствуваат циклично или наизменично за да вршат постојан притисок врз Македонците да се согласат на обезименување, односно за бришење од списокот на живите народи на светот. Тие (Верушевски, на пример) за пари и власт, односно, за сопствени добивки ги извршуваат валканите работи за таинствениот работодавач кого како акредитиран амбасадор го претставува Џес Бејли. Иванов во моментов е единствениот функционален политичар во нападнатата Македонија кој во име на нацијата реши да го пресече легендарниот Гордиев јазол за да не се давиме повеќе во бескрајно и бесполезно отплеткување на преѓата која сенекој ја замрсува. Радикална и непопуларна одлука во радикално и крајно опасно време. Таквите одлуки предизвикуваат адреналински реакции. Тоа значи ослободување на огромна чувствена енергија која дејствува експлозивно зашто долго била потиснувана.

Се разбира дека никому, па ни мене, не ми се сака да ги видам квислинзите, барабите, гангстерите, шпионите и слугите на македонските непријатели помилувани. Не ми беше мило ни кога ВМРО-ДПМНЕ ги амнестира учките од извршени дела против хуманоста, а кои дури и не застаруваат. Ниту кога истите тие учки, извршија терористички напад врз државата, а потоа станаа дел од естаблишментот со потписот на четири партиски поглавици под Рамковниот договор. Не ми се сакаше да ја видам државата Македонија како уценета од САД да се согласи на тоа дека нема да ги суди за злостори американските војници. Или да го истражува гангстерското киднапирање на странски државјанин по нарачка на американски амбасадор, па да прифати да не истражува, обвинува, суди и пресудува на криминалци, убијци, терористи кои изведуваат акции на наше тло за целите на чадорот. Но затоа многу сакам оваа агонија низ која минуваме да запре. Сакам да ги видам Вашингтон и Брисел, Лондон, Берлин и Париз како се дават во сопствените дегенерички срања. Сакам да го гледам она мумифицирно трупло Сорос, тој дртав психопат и крвопиец, како испушта смрдливи крици на неуспех над животот. За да го видам тоа, треба да е жива Македонија и нејзиниот народ.

Ѓорге Иванов донесе непопуларна одлука која сите ја дочекавме на нож. Ама кога ќе се помисли здраворазумски и кога ќе се оценува тродимензионално, имајќи го на ум просторот и времето, се добива поинаков заклучок. Неговата одлука не му се допадна на Стејт департментот! Ниту на ЕУ во Брисел! Не му се допадна на Џес Бејли. Не и се допадна на онаа бриселска бирократска багра која во Македонија ја претставува Аиво Орав. А баш тоа ми е доказ дека Хорхе овој пат ја згазнал змијата отровница за опашката откако ја извадил од под камен кај се криела од светло во форма на анонимен чадор. Таман не внесоа со пржинскиот гангстерај во украинска револуционерна фаза и си помислија дека притиснати и разнебитени од внатре, а со мал притисок однадвор, со помош на јужен грчки мигрантски цунами и косовски експанзионистички удар од север, конечно ќе н` столчат, еве кај пак некој ги изненади.

Во процена на квалитетот на оваа одлука секој пред да фати страна, да се определи, би требало да се потсети на резултатите на вакви слични сценарија и режии од Вашингтон и Брисел во Египет, Либија, Ирак, Авганистан, Сирија, Јемен, Грузија, Украина. Kамен на камен не остана од тие некогаш држави. За страдањата на тие народи не може ни да се најдат соодветни зборови. Ова нормално не се однесува на оние безумници што ги контролираат Сорос, Бејли и Заев. Таа квислиншка хорда на психопати и вампири ќе си умре непроменета.

Сега веќе нема назад. Со оваа одлука дејството на драмата се одвива. На една страна е мнозинскиот народ. На другата е македонскиот споулавен украински десен центар, односно домашните фашисти. Заев го објави македонскиот Мајдан. Исходот ни е добро познат. Ќе гори Македонија за конечно да ја снема. Таков му е планот. Оти таква е целта на чадорот. Ете, шерифот Бејли бара средба со Иванов за да го убеди да ја повлече одлуката. Демек, да го врзе пак јазолот кој го пресекол. Будала! Ќе си игра курташак со нас. Не знам кои средства за убедување ќе ги примени, ама сигурна сум дека ќе бидат ненормални закани. Оти шерифчево ,,Рој Бин“ не сака по третпат неговите шефови во Вашингтон да го викнат и да му вртат уши, да му лепат шамари за неуспешно вршење на работите, ем тоа во изборна година и кога американската надворешна политика книжи пораз до пораз на секое парче земја. Влеговме во опасна фаза на играта. Пучот е извршен и легализиран преку пржинските закони. Изборите и натаму се неизвесни. Извршната власт ни е техничка, со исклучок на претседателот. Законодавната е распуштена. Безбедносно зависиме од алтернативен партиски министер и уште еден кој се колне во Џон Мекејн. Во судството е сместено СЈО како змија звечарка, како македонска верзија на Гвантанмо, партиски суд, СС трибунал за политички монтировки. Да не се повторувам веќе, оваа ситуација, сакал – не сакал, ќе ја разреши македонскиот Шумар – народот кој е нападнат и сака и ќе мора да си ја одбрани татковината. Оти тука се раѓа, живее и умира неговиот пород. Оти алтернативата му е да се шутка по кампови на граници, во вагони како анонимен бегалец, емигрант или мигрант.

Се ми се чини дека на Иванов ќе му падне во надлежност да прогласи и вонредна состојба, оти издрогираните хорди на Заев почнаа со палежи, па е реално да се очекува и директен судир со нормалниот народ. Треба да се очекува и повик за општа мобилизација и самоодбрана.

А правната држава ја снема во2001 година. Дај да не се правиме мутави! Да не глумиме сега изненаденост ко божем не сме од тука. Да им го оставиме глупирањето на Заев како ексклузива и на Стејт департментот како негов закрилник кој стори се во Пржино да го ничкоса уставниот и законскиот поредок на оваа земја. Да им оставиме ним и натаму да се глупираат, а ние да се подготвуваме за квалитетна самоодбрана на теренот кој е под наша контрола.

Пишува: Мирка Веиновска за Дневник

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани