Со мало задоцнување... СМРТ НА ФАШИЗМОТ...
  Објавено на
share

 Со мало задоцнување...
СМРТ НА ФАШИЗМОТ...
Зошто не лажеа дека фашизмот бил победен во 1945 година.?Не лажеа и во СФРЈ, а и се уште денес децата така ги учат и образовно ги лажат, а ние граѓаните го плаќаме тоа образование, поточно како даночни обврзници ја плаќаме таа невистина. Зошто порано не учевме, а и денес тоа е табу тема која не им е пријатна на евроатланските центри на моќ, дека фашизмот продолжи и после 45 та во Грција, подржуван од Черчил и Рузвелт ( да не спомнувам напалм бомби поклонети на грчкиот фашистичкиот режим, употребени на Грамос планина кај што ги пржеа македонците). Геноцит за кој никој до ден денес не се извинил...Франко во Шпанија и подршката за него од Англија, Германија, Америка... 
У ствари, зошто бе вчера, на денот кој се слави како победа над фашизмот, немаше паради во Англија и во Америка и во мнооогу други европски земји.
Да не случајно е нешто заради НАТО, која по многу нешто потсеќа на империјалистичко ф......... организација, па да си ја ишкаат мувата?
Зборувам од позиција на македонец од Македонија која е две третини губитник во втората светска војна, со можност да ја изгуби и третата третина, благодарение на нашите стратешки пријатели, кои не можат да ни простат, дека вистински се боревме против фашизмот, воедно борејкисе и за национално ослибодување. Фашизмот, кој тие пропагандно сакаат да го сокријат како нивни грев. (Кога зборувам за загуба, не зборувам за територијална загуба, туку за не признаени македонци во денешна Грција па и Бугарија, а станува збор за држави членки на НАТО и на ЕУ, држави кои во втората светска војна беа соработници на фашизмот).
Ама ај, тие (ЕУ и НАТО) си го штитат својот колонизаторски интерес, ама нашиве кои псалаат за евроатлански интеграции, нема да речам дека се правени од мочка, би било непристојно. Ќе кажам само дека не можам да ја разберам нивната мазохистичка прагматичност, водена од лични интереси, без чувство за национално достоинство.
СЛОБОДА НА НАРОДОТ!!!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани