KОЛУМНА KОЈ Е И ШТО Е СЕГА НИКОЛА ГРУЕВСКИ?
  Објавено на
share
 
 

И сега? Текот на настаните во Македонија едноставно ме тера да продолжам онаму каде што застанав минатиот петок. Значи, по сценариото што им го дал волшебникот од Оз на глумците од политичкиот камп (четворица партиски поглавици), плус нивната логистика, си продолжува снимањето на сапуницава ,,Македонија и с` е можно“.

Груевски изјави дека ќе одел на избори по кои ќе следеле уште едни, кредибилни. Трајко спикерот изјави дека нема уставни можности за свикување на распуштеното Собрание. Уставниот суд направи преседан за доброто на Македонија (а како поинаку) и Трајко спикерот одрече тоа што рече оти овој пат видел уставна можност за свикување на распуштените. И така, си се врати старата влада со нов технички, а фактички премиер, со стари министри, минусирано за веродостојниот премиер Никола Груевски по изборна волја на граѓаните и неговите по свој мандатарски избор назначени веродостојни министри кои паднаа како колатералка од бомбите на Заев. Во гротескава сега ги нема паралелните министри на СДСМ со депонирани оставки ставени во мирување, кои им ги прифати распуштеното Собрание, ама ги има трите моири од паралелниот орган за апсење и преко судење по моделот на Дивиот Запад за организација на линчови. За да ја има Kатица ,,бич црпков“, мора да го нема Ѓорге Иванов, односно аболицијата. 

А бе, ова западов да ти бил ептен по право, правда, демократија, права држава, почитување на граѓанството. Ако ви личи сево ова како игра на деца годиначиња во песок каде што градат и растураат замоци под будното око на странски негователки, ич не сте погрешиле. Некој прагматичар ќе рече, им се може! А јас ќе си додадам, ако им давате, нормално дека им се може. Само, сепак, ги молам овие што пишат и бришат правејќи преседани, да не пробуваат својата недостојност и политичарење зад грбот на народот да ни го продаваат како тешка одлука за наше добро. Оти токму вакви антиуставни одлуки и не воведоа во спиралата на перманентно кризирање, а заради што стана некридибилно целокупното државно уредување. Произволно толкување на Уставот, па пиши-бриши закони, па повеќе дупки отколку закони, па институционален паралелизам, дупли министерства, лудачки прерогативи за лудачки институционални творби во кои заседнуваат лудаци, криминални политички договори за легализирање закоравени криминалци, амнестирање воени злосторници, секакви шпиони и терористи со помош на евро-атлански менаџмент, легализирање на преврат... Се тоа го одживеавме во последниве две години. 

И напросто, вака веќе нема да може. Или циркусантиве или ние е работава. Оној што уште не сфаќа дека вака сериозно заболен организам во кој е вбризган лабораториски произведен вирус со намера да го рикне колективниот имунолошки систем се брани радикално со сите расположливи сили и средства преку производство на антитела. Ќе се напаѓа с` што е загадено. Да сме живи, ќе видите! Оти на македонски терен во тек е првата битка помеѓу САД и Русија за контрола врз балканската инфраструктурна и енергетска раскрсница. Kористејќи ја историската и митолошката античка симболика, покрај тројанскиот коњ во употребува влегува и термопилскиот теснец во 21 век. 

Имено, Македонија, не по свој избор стана термопилски теснец кој во геостратешката војна меѓу САД и Русија го бранат симболични 300 војници без командантот Леонидас. Македонија, не по свој избор денес ја брани беспомошната Европа од последиците на серијата хибридни војни што ги искреира САД и плус Балканот од американската намера да го претвори во своја прчија за секакви намени. 

Не е бре нормално сите да се прават мутави и да не прашаат или кажат што е со Никола Груевски? Зошто тој не е на чело на старата влада? Не е уставен. Не е подобен. Развластен ли е, во куќен притвор ли е, забранет ли е? Тој ли раководи со ДПМНЕ или и таму статира? Смее ли да комуницира со странци, може ли да патува, под евро-атлантски санкции ли е? Во кое својство му се колне на помошникот на Нуланд дека сме биле посветени на евро-атлантските интеграции. Од каде знае кога народот веќе сто отсто е против овие завојувачко–пљачкашки и профитерски групировки? Му важи ли уште поглаварскиот потпис во криминално-неуставни договори кои му ги тураат под нос за потпис евроатланските „олеснители“ или има назначено овластен паралелен потписник. Kој е тој? Тодоров? Поповски? Јолевски? 

За кредибилноста ми беше думата. Ги жалам вмровците кои по сите вакви лакрдијашки одлуки, веќе не можат да им се опулат на луѓето. Свесни се дека овој тренд ги прави и нив и нивната партија некредибилни во очите на македонското граѓанство. Што е и цел на изедувачот Бејли. Треба до ,,којзнае кога изборите“ да ги изедначи со некредибилниот и терористички СДСМ со тапија (македонска постмодерна верзија на ИСИЛ, историски, на фашистичките квислинзи) за да го препарира теренот за колективно доброволно самоубиство. 

Сепак, оваа нашава последна „шарам-барам револуција“ има и своја смешна страна. Благодарение на талентите на врховниот командант, другарот Брко (за неинформираните, зад уметничкото име се крие пензионираниот и турбо активен фантом Владимир Милчин), чија вистинска функција е организатор на македонската калифатско интервенционистичка мрежа. Владимир Милчин, по успехот на претставите „Доста е“ и „Цело е кога има с`“ од 2001-2002 година со кои го доведе на власт СДСМ и секако УЧK како „катр сезон“ аксесоар за капитулацијата на Македонија, ете, бележи неколку неуспешни обиди во низа. Зошто? Па затоа брате мој што стана општо место, блуткава додавка, целосно некредибилен. Упорно настапува со левичарски слогани, кои неовластено ги пиратира и во вампирски стил, цицајќи ги, им ја менува суштината. Згора, сите негови политикантски спектакли имаат ист кастинг. Не отекоа со едни те исти монотони антиталенти заради што едно чудо кибицери ги интересира од каде таква приврзаност на командант Брко кон своите миленици? А причината била проста ко грав. Фаците од гнералштабот во затворен агентурски круг си ги делеле соросовите пари, односно, црните пари на ЦИА, УСАИД и ЕУ. Говориме за бабачко суми пари. Овие што сакаат правда, слобода и демократија се натовариле како бродови со американски црни пари. За потеклото прашувате? Немојте, аман! 

Погледнете ја картата на светот, па ќе ви биде јасно дека се од воени пљачки. Од тие суми има хонорари и за во Бразил и Венецуела, во Источна Европа, и за Блискиот Исток, за Kавказот, ама и за далечна Азија, за Хонг Kонг, Малезија, Филипини, за Африка – просто нема да нема! На фукарата што уличари или кампува, на онаа аргатска активистичка „маса“ женерозно им се фрла ситнеж како дневница за исполнета норма, а главнината си се дели меѓу соросоидната неменлива елита. 

Што е најсмешно? Мене барем гротескни ми се претставниците на средниот револуционерен сталеж составен од „угледни“ универзитетски професори организирани во соросоидни пленуми. На Милчин му успеа да ги внесе во дувачкиот оркестар како прв дудук, прва шупелка, прв дувач во кој копучааната (божем новинари, нивни божем здруженија, божемни студенти активисти) лапа свирчиња и дува во нив под команда „ожежи“, бекбенчерска удирачка секција молерисува со куртонски бомби на команда „бацај“ и шири лелујава пропаганда на „опали“.

Соросоидната интелигенција, како средна формациска линија на „револуционерната“ војска се проституира за мали хонорари и лажна потврда за експертско–научна евалуација на фактичката интелектуална просечност. Оваа непросветена колона на истренирани полуинтелигенти кои ја истргувале образовната и научната општествена обврска за служење на корпоративниот профит на гангстери и криминалци, на ваков недоличен начин си ја маскираат сопствената безначајност. Ама, неуспешно. Зашто и тие го загубија целосно својот кредибилитет. Нивните воспитаници кои учат од скрипти на интелектуални идиоти и положуваат испити, добиваат дипломи, па се вработуваат користејќи врски, корупција и други паразитски техники, веќе сега се идниот општествен кадровски шљам. Неупотребливи за по дома, неконкурентни за по надвор. Шкарт за во депонија која го рециклира отпадот во употреблива суровина. Kако што гледаме, за ваквите агентурски режии, за вака конципирани панаѓурско-циркуски изведби со издресирани наемници – статисти, нема интерес кај публиката. За мене тоа е единствената позитивна придобивка за Македонија. 

За разлика од претставата во Црна Гора, Македонија сепак овој пат спречи создавање активистичко-медиумска влада за „демократска преобразба“. Ни преостанува уште да го неутрализираме поглавичкиот систем на политичко теледиригирано управување за да излеземе од хаосот и да ја спастриме државата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани