ЗАЕВ, ГРУЕВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ: Кои се 22-та политичари за кои Иванов ги укина помилувањата
  Објавено на
share

Доколку се изземат тие што не се политички експонирани, на списокот од 22 лица остануваат поранешни министри, како и актуелни политичари од власта и од опозицијата. Засега одлуката на Иванов не е е објавена во Службен весник и нема јавно достапен официјален список на лицата на кои таа се однесува

Доколку од списокот од 56 помилувани лица се изземат бизнисмените и луѓето кои не се инкорпорирани активно во политиката, тогаш на списокот остануваат 22-ца политичари за кои се однесува денешната одлука на Шорге Иванов, а со која ним им се одзема можноста за помилување.

Според анализа, што ја објави порталот „МКД“, на списокот од 22 лица остануваат поранешни министри, како и актуелни политичари од власта и од опозицијата. Засега одлуката на Иванов не е е објавена во Службен весник и нема јавно достапен официјален список на лицата на кои таа се однесува.

Ѓорге Иванов, обраќање

Списокот од лица за кои се однесува новата одлука на Иванов, неофицијално, би го сочинувале:

Зоран Заев, претседател на СДСМ,

Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК,

Ирена Мишева, претседателка на Советот на град Скопје,

Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски,

Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи,

Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство,

Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на бившиот премиер Никола Груевски,

Мендух Тачи, претседател на ДПА,

Бедредим Ибраими, член на ДИК од ДПА,

Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата,

Никола Груевски, бивш премиер, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,

Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба,

Трајко Вељановски, претседател на Собранието,

Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје,

Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар,

Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Р Албанија,

Владимир Талевски, градоначалник на Битола,

Бранко Палифров, вработен во општина Струмица,

Бранко Црвенковски, поранешен претседател на СДСМ, претседател и премиер на Р Македонија,

Исмет Гури, поранешен член на општинската изборна комисија на Чаир,

Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК,

Љупчо Тодоровски Радникот, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност.

 

 

 

 

Сите други, доколку сметаат дека не треба да бидат помилувани, треба самите, во рамките на законската можност, да поднесат барање за нивно изземање од списокот на аболирани.

Иванов денеска истакна дека и понатаму стои на ставот дека неговата одлука за аболицијата на 56 лица е исправна и денесена за запирање на политичката криза во Македонија.

Тој денеска во обраќање до нацијата истакна дека донел нова одлука, а со која го повлекува помилувањето за политичарите кои беа дел од неговиот список на аболирани лица.

Ѓорге Иванов, обраќање

- Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките за помилување. Донесов одлука за повлекување на одлуките за помилување на сите политички експонирани лица, односно за дваесет и двајца. Сите други лица имаат право да поднесат лични барања во однос на одлуките за помилување. Ниту еден политичар не е недопирлив. Секој ќе одговара за своите постапки. Одлуката за помилување беше најдобар потег за излез од политичката криза - рече Иванов.

Тој претходно нагласи дека многумина, за жал, не ја разбрале неговата идеја за помилување на политичарите, како и на нивните соработници.

- Не ја разбраа или можеби не сакаа да ја разберат таа одлука. Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите, дека сум креирал селективна правда. Сепак, благодарение на таа одлука денес имаме здрави институции и Македонија успешно се справува со предизвиците




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани