Путин застана на Византискиот Трон при посетата на Света Гора
  Објавено на
share

Путин застана на Византискиот Трон!

 

Рускиот претседател Владимир Путин допатува на Света Гора по повод 1000-годишното руско присуство на Атос. На прославата од одбележувањето на овој јубилеј, освен Путин, присуствувал и рускиот патријарх Кирил.
 

Путин утрово со авион од Атина допатувал во Солун, а потоа со автомобил бил одведен до брегот во близина на Света Гора и со брод пренесен до Атос, еден од центрите на православниот свет.

Таму најпрво го посетил Кареј - престолнина и административен центар на Света Гора, каде се наоѓа Храмот Протата, а го дочекале 20 игумани и 20 монаси.

https://www.youtube.com/watch?v=S8BxQAuThIA


"Тука на Атос се одвива величествена и важна работа на моралните вредности", рекол Путин, заблагодарувајќи се на монашката заедница на гостопримството при неговата втора посета на Света Гора.

За време на средбата со членовите на Поротата во манастирот Успение на Пресвета Богодорица, Путин бил сместен во некој вид стол или престол, кој досега бил резервиран само за византиските цареви, објавиja руските медиуми.

По литургијата, Путин го поздравил грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа разговарале во главната административна зграда на монашката заедница.

Патријархот Кирил изјавил дека тој настан треба да мине така што, не само Русија и Грција, туку и целиот свет да го почувствува значењето на духовната традиција на православието.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани