ВНИМАНИЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ - Терористички напад во Ница, сведоците виделе десетици мртви
  Објавено на
share

  

 

 

 

Камион од 4 тони се забил во толпа луѓе во четвpтокот вечер околу 22.3о часот на славната улица на Ница, Променада на Англичаните, кои го гледале огнометот по повод францускиот државен празник, јавија Нис Матен и други француски медиуми.

Првите информации од сведоците на лице место велат дека има повеќе жртви. Според И-Теле еден локален функционер изјавил дека има “триесетина мртви стотина ранети” додека според други медиуми можеби се и шеесетина. Но рано е да се тврди колкав е точниот број на жртвите.

Шоферот на камионот бил убиен од страна на полицијата.

На местото на настанот бил и новинар на агенцијата АФП кој видел бел камион кој со цела брзина удрил во толпата и создал панично бегање во центарот на Ница.

Новинарот ја опишува сцената како “тотален хаос”.

Променадата на Англичаните е едно на најтуристичките места на француската ривиера. “Шоферот на еден камион сведочи дека видел десетици мртви. Останете во своите домови”, им порача преку Твитер градоначалникот на Ница Кристијан Естрози. Префектурата на департманот Алп-Маритим рече дека можеби се работи за терористички напад и им советува на жителите да не излегуваат од домовите.

Се уште не е утврдено дали се работи за терористички напад или криминално дело. Властите се внимателни во тој поглед со оглед на терористичките напади во Франција во 2015 година.

Француските власти бараат од граѓаните да не шират непроверени вести на социјалните мрежи бидејќи тоа создава паника. Препораката е да се шират вести кои би можеле да бидат корисни за спасувачите или ранетите.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани